Ја немам автомобил и не планирам ни да имам, така да не возам, со автобус се возам многу ретко, кога врне на пример, инаку или одам со велосипед или пешки.
Не се грееме на дрва, немаме климатизација во лето и не сме вработени... Поголемиот дел од храната што моментално ја јадам не само што не е прскана, не е ни допрена. Претежно јадам дива растителна храна како глуварчиња, детелина, љубичици, јаглики, коприва, штавел, лобода, невен, багрем, рогач и тн. Јадеме јатки кои и онака не се прскаат, а и да се прскаат, поради дебелата лушпа, инсектицид не може да пробие во делот на јатката што се јаде. Лимони си имаме домашни од саксии, друго овошје и зеленчук имаме од бавчата на мајка ми која е 100% органска. Многу ретко докупуваме храна, како семки од сончоглед на пример, наут или просо, но ги купуваме од органски произведувачи за кои со сигурност знаеме дека се такви. Јас верувам дека во една салата ти јадеш многу повеќе инсектициди отколку јас за цела година. Плус знам и некои трикови за темелно одстранување на тие хемикалии од овошјето, па кога ке купиме нешто, прво си го прочиствуваме. Не купуваме никакви пијалоци и не користиме пластични шишиња воопшто, ниту пластични кеси.
...
Незнам за другите вегани и не ме интересира, но јас сум многу посветена на тоа што го правам бидејки тој начин на живот ми се допаѓа, во тоа се пронаоѓам. Не сум амбициозна, не ме интересираат епитети, титули, не сакам да си го посветам животот на создавање кариера, на богатење, на искачања и сл. нешта. Сакам да живеам едноставно и мирно, без напрегања, опкружена со природа и да си се посветам на мојата уметност, да можам да работам секогаш кога ке имам инспирација, а не колку и кога ми одредува работно време. Не сакам да почитувам авторитети, ниту пак јас сакам да сум нечиј авторитет, не сакам да работам по шест дена во неделата по осум часа секој ден само за гардероба, храна, излегувања. Храната која ја јадам е речиси бесплатна, може и целосно бесплатна да биде кога би имала каде да садам, ама и тоа ке си го решам наскоро, облеката може да биде многу ефтина кога сама ке си ја изработиш, а дружењето никогаш не би требало да има цена... така да нема да си го трошам животот за да работам за нешто што природно ми припаѓа.
Веганскиот начин на исхрана е само дел од начинот на мојот живот кој е многу еколошки ориентиран.