Омнивори vs. Хербивори

Кој е вашиот начин на исхрана?


  • Вкупно гласале
    27
  • Poll closed .

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За да се избегне конфликтот во темата за веганството, а воедно да се надополни потребата за дискусија помеѓу двете страни ја отворам темата. Овде спротиставете си ги ставовите слободно, поставувајте си прашања и слично но навреди од едни кон други нема да толерирам. Убијци, глупави, неразумни, умоболни и сл. ве молам избегавајте да користите. Повелете, дискутирајте.

П.С. нема да ги преместам мислењата од претходната тема затоа што ќе се направи каша попара.
 

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Пукај ... инаку пак нема опција Месојад .. нели оние ... што .. знаеш де месо ждерат само како што споменувавте во вегани темата
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Такво нешто не верувам ни да постои. Ако целта ти е да провоцираш и суптилно да навредуваш па да цмиздриш најкултурно те замолувам да ја напуштиш темата. Ако сакаш да дискутираш без да навредуваш, повели.
 

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Ок, значи офтопик ќе е ова: Кога ќе се отвори тема на форумов кај што нема да се вадат фрустрациите на луѓето и ќе можи да се дебатира околу нешто битно? Не постојано околу определби како политика, исхрана и сте тие работи. Форумот е место за дискутирање и учење нови работи, а баткава шо ја отвори темава како да сака да испровоцира и да направи кавга за да му е интересно. Епа ако ова е форум, тогаш кај и да е јас ќе си заминам од тука заради то шо нема ништо да се научи ново. Кавги цело време и мислења од типот '' хаха, и јасум веган.. најјаки смеееееееее'' или '' вие веганите сте нездрави.. секта сте, лооооооооооооооооооол''. Ова не се работи што еден форум го прат форум. Ова повеќе личи на Фејс и на заебанција..

Он топик: јадам то шо ми се јади, кога шо ми се јади.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Добра прилика не се чека, се ствара. Исто и со теми.
Ако мислите дека тема не чини, не учествувајте во истата, туку отворете некоја што ќе е поучна и од која сите ќе имаме корист и дискусија. Во спротивно, не сте ништо поразлични од страните за кои викате дека пишуваат само за да се направат паметни.
Еве имаш убава, нова тема за плодови со аномалии, купишта стари и квалитетни теми... пребарај и вклучи се во нив. Не одма „мене не ми чини, ќе си одам“ карта. Па... никој не може да ве задржи со сила, искрено... ниту па со одење по ќеф.

Кој знае да издржи дискусија и да расправа ставови без притоа да оди во лични навреди при недостиг на аргументи - повелете.
Нема што да се расправа дали и колку е (не)потребна една тема. Самата дискусија тоа ќе покаже.
Почнете со темата, оф топици ќе бидат бришани. Имате чет-муабети за нив.
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас до некаде можам да ги разберам веганите кои што си станале вегани затоа што така им е убаво. Не им се јаде месо, млеко, јајца и остало па си јадат тоа што си јадат. Но не можам да ги разберам оние вегани кои што стануваат вегани поради жал за животните. Не знам зошто некој би си ја порекнувал сопствената природа мислејќи дека ќе спаси животни кои што се одгледани за да бидат храна. Тука и почнуваат со муабетите: оној кој конзумира месо е убиец. Само по која логика е убиец уште не можам да разберам, изгледа треба да се состави нов поим „веге логика“ :kafe

Сум кажал и претходно, веган кој не ми зборува за храна и што треба Јас да јадам го перцепирам како нормална особа и можам да го дружам. Веган кој после втората минута почнува да ми кажува што е убаво за мене, ако јадам месо сум убиец и слични муабети за мене постанува проповедник и не ми е пријатен за дружба. Не знам зошто е потребата насекаде да се проповеда такво нешто, ама одвратно е.

Вегетаријанците се сосема друг тип :) Ако седнеш на маса и им понудиш месо дури тогаш ќе ти кажат дека се вегетаријанци и тука завршува муабетот околу исхрана. Можеби затоа што не е баш тренди да си вегетаријанец како што е тренди да си веган па не се чувствуваат толку различни од остатокот затоа што не конзумираат месо.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Јас до некаде можам да ги разберам веганите кои што си станале вегани затоа што така им е убаво. Не им се јаде месо, млеко, јајца и остало па си јадат тоа што си јадат. Но не можам да ги разберам оние вегани кои што стануваат вегани поради жал за животните. Не знам зошто некој би си ја порекнувал сопствената природа мислејќи дека ќе спаси животни кои што се одгледани за да бидат храна. Тука и почнуваат со муабетите: оној кој конзумира месо е убиец. Само по која логика е убиец уште не можам да разберам, изгледа треба да се состави нов поим „веге логика“ :kafe

Сум кажал и претходно, веган кој не ми зборува за храна и што треба Јас да јадам го перцепирам како нормална особа и можам да го дружам. Веган кој после втората минута почнува да ми кажува што е убаво за мене, ако јадам месо сум убиец и слични муабети за мене постанува проповедник и не ми е пријатен за дружба. Не знам зошто е потребата насекаде да се проповеда такво нешто, ама одвратно е.

Вегетаријанците се сосема друг тип :) Ако седнеш на маса и им понудиш месо дури тогаш ќе ти кажат дека се вегетаријанци и тука завршува муабетот околу исхрана. Можеби затоа што не е баш тренди да си вегетаријанец како што е тренди да си веган па не се чувствуваат толку различни од остатокот затоа што не конзумираат месо.
Околу веганството и љубовта кон животните...
Не знам за другите и нема да го кажам ова во името на сите вегани, но ке кажам за себе.
Живеев во село и дедо ми чуваше кози. Бидејки уште од мала многу сакам животни, јас не се делев од нив, посебно кога имаа мали јаренца. Се играв со нив по цел ден, им давав имиња, ги хранев ги чешлав и тн. Кога ке дојдеше време за колење, тоа беа најболните моменти што ги паметам од моето детство. Тогаш не беа колени јариња, беа колени моите пријатели со кои го минував секојдневието и силно се приврзував.
Подоцна, мајка ми намерно во тој период ме испраќаше кај баба ми на гости неколку дена, но сеедно, кога ке се вратев и кога ке видев дека ги нема, болката беше иста без разлика дали јас сум присуствувала таму кога ги убивале или не.
Дома ме присилуваа да го јадам тоа месо, бидејки тврдеа дека ке се разболам и умрам ако не јадам.
И на дедо ми му беше жал, сум го видела и како плаче додека врескаа јарињата пред колење, а кога ке го прашав зошто мора тоа да го прави, ми велеше дека така треба, дека тоа е дел од природата и дека не може поинаку.
Мене тој одговор не ме задоволување, мораше да може поинаку, знаев дека мора да може.
Не бев единствена што се чувствува така, брат ми и братучетка ми исто. Уште од тогаш се бунтувавме против тоа и денес ете јас сум веган, а тие двајца вегетаријанци.
Имаше и друга случка
Со брат ми како мали купивме пиленца, обични жолти од пазар, сакавме да ги спасиме бидејки беа нагмечени во кутија и болна беше глетката кога продавачот ги фрлаше во кеса и уште толку ги нагмечување, како да се предмети, како да се ѓубре, а не живи суштества. Имавме само 50 денари и купивме 5. Ги чувавме во соба, ги галевме, ги храневме им дадовме име... Кога пораснаа им направивме куќа во двор и беа необично питоми. Секое коковче си го знаеше своето име. Кога ке им го изговоревме името, доаѓаа, се мазеа како мачиња, прекрасни беа, многу интелегентни...
Никому не му пречеа, во село бевме, ај да живеевме во стан, да ги разберев моите, но баба ми изгледа не можеше да издржи да гледа кокошки, а да не се полакоми и да посака да ги изеде. Еден ден се враќам од школо и што да видам... дворот во крв, главите на коковчињата на една, а телата на друга страна...
Тогаш доживеав шок и не само поради тоа што ми беше жал за коковчињата, туку затоа што навистина почнав да го мразам човечкиот род. Зарем за еден дивјачки нагон, за стрв, за лакомост се убиваат пријатели, заради тоа ли се убива оној кој те прави сречен секој ден, оној кој ти верува, оној кој безусловно ти го дава се она што може да ти го даде?
Ја гледав баба ми и гледав ѕвер, гледав животно коие не може да си ги контролира ниските страсти, гледав алчност, лакомост... гледав суштество кое живее само за да се задоволи, да си го наполни стомакот...
И што ако ги изеде, ја направи тоа посреќна, побогата...?
Од тој момент почнав сериозно да барам начин, но бидејки и покрај тоа што јадев месо, јас бев многу болникаво дете со многу слаб имунитет, а моите родители мислеа дека без месо би била уште по болна...

Потоа како што се повеке се информирав, така се повеке и запознавав луге кои живеат без месо и тоа беше цел нов свет за мене, свет во кој се чувствувам дека припаѓам.
... Свет каде што луѓето не се диви ѕверови и не дозволуваат ниските страсти да управуваат со нив. Ми се гади од помислата да ме контролира нагон како што е стрвоста и не би можела да се замислам како се лигавам со ококорени очи врз храна поради нејзиниот вкус и мирис и воопшто да не се запрашам од каде ова дојде тука, што е ова што јас го нарекувам храна.
Посебно ми е несфатливо тоа дека денес, во време кога луѓето тотално се одделени од природата и се трудат да бидат што е можно поразлични од животните, поставуваат секакви норми и правила за да се одделат од останатиот животински свет, со еден збор, се трудат да бидат цивилизирани, сеуште им робуваат на првобитните животински нагони, буквално робуваат.
Сигурна сум дека ниту еден од вас не би сакал да има прекумерна тежина, но сепак го жртвувате своето здравје и изглед во чест на тој животински нагон, на таа толку ниска страстна потреба да се задоволите со храна.

Јас друго нешто не можам да сфатам, како можете да јадете нешто а да не се запрашате што јадете, оставете ја грижата и љубовта спрема животните, но зарем немате ни малку љубов спрема самите себе?
Денес ,,цивилизираниот" човек многу повеќе внимава какви чевли облекува на себе, одколу што директно внесува во себе преку уста.
Ајде и да јадете месо, тоа е во ред ако така свесно сте одлучиле, но дали сте се запрашале од каде тоа месо дошло до вас, дали можеби животното било болно, дали можеби имало некој тумор, можеби млекото, месото и јајцата што сте ги изеле биле од вакви живони
500x1000px-LL-df953c7c_chicken1.jpeg ef929a74aa05ff08adfc4c8fa47262a2.jpg fig1-udder-cancer.jpg images.jpg mast.jpg miscfood20.jpg pig2.jpg sweet_pea_disease1.jpg

Но не, ниските страсти пред се, стомакот да е полн и ништо друго не е важно! Ех, што се пропуштаат веганите...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and BioTrpe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@malo како побогу може животно да ти биде пријател? Што гледаш ти во поимот пријател? Живо суштество што те гледа и блее? Зошто компир да не може да ти биде пријател? Оти не те гледа? Што знам, конверзација со компир и со петел мене исто ми се фаќа, ни едното ни другото не разбира што му зборам само што едното цело време мрда, а другото стои кај што ќе го ставиш.
Убаво ти кажал дедо ти, ти имаш проблем со тоа да прифатиш дека природата не е розови ружи кои си цветаат и животни кои се галат. Јас имам да те прашам тебе нешто: Дали човекот е животно?

Храната која се продава се контролира. Тамам работа ако туку така се продава храна, кој што му текнало ќе продава. Проблемот е што не можеш секое парче да го испитуваш па да го продаваш, ама можеш да одбегнеш увезено месо и месо во амбалажа и да си појдеш до месара каде ќе ти дадат свежо месо кое можеш да го видиш и самиот во каква состојба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
@malo како побогу може животно да ти биде пријател? Што гледаш ти во поимот пријател? Живо суштество што те гледа и блее? Зошто компир да не може да ти биде пријател? Оти не те гледа? Што знам, конверзација со компир и со петел мене исто ми се фаќа, ни едното ни другото не разбира што му зборам само што едното цело време мрда, а другото стои кај што ќе го ставиш.
Убаво ти кажал дедо ти, ти имаш проблем со тоа да прифатиш дека природата не е розови ружи кои си цветаат и животни кои се галат. Јас имам да те прашам тебе нешто: Дали човекот е животно?

Храната која се продава се контролира. Тамам работа ако туку така се продава храна, кој што му текнало ќе продава. Проблемот е што не можеш секое парче да го испитуваш па да го продаваш, ама можеш да одбегнеш увезено месо и месо во амбалажа и да си појдеш до месара каде ќе ти дадат свежо месо кое можеш да го видиш и самиот во каква состојба.
Како побогу може животно да ми биде пријател????
Неможам да ти одговорам на ова прашање затоа што очигледно различно ги доживуваме нештата. Мене моите животинки дома не само што ми се пријатели, туку ми се и семејство и не е битно дали ме разбира или не, дали само ме гледа или не, се работи за нешто многу по возвишено кое што очигледно не можеш да го разбереш.
И да, и компир може да ми биде пријател. Неколку млади стебла на лимони ми се семејство како и лугето и животните кои живеат со мене.

А за тоа дали човекот е животно или не, ти одговори ми, бидејки тврдиш дека животно не може да ти биде пријател, дека животните се храна, дека животните немаат емоции туку само имитираат, дека животните немаат свест туку инстинкти... животно ли е човекот @existence ?

Инаку дали знаеш дека сзо има закон со кој дозволува да има присуство на крв и гној во млекото, бидејки кога кравите се олзат со машини, нема начин да се спречи појавата на крв и гној во млекото. СЗО го дозволува ова бидејки во спротивно млечната индустрија не би можела да опстои доколку се воведе закон за рачно молзење на кравите.
И месото во месарница е донесено од фарма, не ги чуваат тие животни во хотел па да се надеваш дека доживеале поинаков третман.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па јас не барам животните да бидат одгледани во хотел, само што јас лично одбегавам месо во амбалажа или увезено поради тоа што е потешко за контрола и плус може да стоело во магацини. За разлика од тоа, во месара си добивам свежо парче месо кое јас ќе си го одберам и ако сакам мелено ќе го смелат пред мене. Околу сзо, а дали ги читаш бројките на дозволеното? Дали ти знаеш дека и во лебот кој го јадеш може да има присуство на бубашваби, влакна од глувци и сл. т.е. може да ги има во брашното кое го купуваш?

Да, човекот е животно и пријателите на човекот се луѓе. Исто како што волк не се дружи со верверици туку со волци, исто како што глушец не се дружи со жирафи туку со глувци. Не знам како си дошла до тоа јагне и лимони да ти бидат пријатели, ама мене пријателството не ми е само присуство и еднострана конверзација, зјапање и еднострана грижа. Ако некој нема што да муабети со мене не може да го сметам за пријател, исто како со кактус да си седнам на кафе и да викам дека ми е пријател.