Само што си дојдов од кафе со една моја бивша школска, студира во странство, не можеше да се доначуди како некоја неписмена таму, што не знаела 2 + 2 да пресмета станала успешна кафанска пеачка. Како да и објаснам дека овде таквите стануваат доктори, правници, архитекти, електро инженери итн... Положиле интерна медицина на бубица, па вчера слушнав како еден од овие дал инфузија на пациент кај кој требало да се даде апче за мокрење, за да исфрли вишок на течност. На друга другарка станот од гипс картон почна по неколку месеци од вселувањето да и се распаѓа. Сум имала работа и со правник кој не знаеше да ми каже како легално може да поднесам барање за една приватна работа што си ја имав. Не знам само со кој памет се запишуваат на такви факултети, ако сакаш да студираш медицина не можеш да се провелкуваш низ факултетот. Или не се запишувај на медицина, човечки живот е во прашање. Хејтајте ме ако сакате, ама за ваквите и екстерно е малку.