Според мене потребата да се верува е потреба да се најде утеха, да се избега од можноста дека нема да постоиме засекогаш, дека еден ден ќе не нема. Што значи мотивот во овој случај е стравот.
Од друга страна како спротивност на верувањето го имаме Знаењето или гнозата, таа не се темели на просто прифаќање одредена идеја или сведоштво, туку се темели на лично - непосредно искуство на осознавање. За разлика од првиот случај, тука мотив не е стравот, туку потребата да се Разбере...да се осознае. За гностикот е битна Вистината а не што ќе биде таа. Тој ги прифаќа сите можности и ја користи својата интуиција за да ја контемплира сопствената суштина.
Моја претпоставка е дека мудрите и просветлени луѓе одсекогаш знаеле дека првата група луѓе секогаш ќе биде побројна, па своите сознанија ги составиле на начин кој може да биде протолкуван од оние што ќе "имаат очи да видат", а за останатите да ги задоволат нивните стравови и надежи дека ќе живеат засекогаш со тоа што буквално ќе веруваат во симболиката.
Во ред, горе -доле разумно размислување,но сепак коренот го бараме.Сите нешта во однос на верувањата мора од некаде да почнат.Некој кој го изнесол на површина,прво како усмени раскази,а подоцна како пишани текстови кој би преставувале одреден начин на живот со одредени патокази на добро и лошо.
Ќе земам за пример сл.
Човек може да верува дека во иднина во рака ќе држи внуче.
Верувањето преминува во доживување ,кој се временски распределени.
Најнапред треба да доживее љубов, да вкуси секс, да доживее промена во татко,да го одгледа и зачува живото на детето и мајката,да причека додека тоа стане маж и отпочне со истите доживувања како неговиот татко и создаде дете,односно верувањето да постане доживување.
Долг временски период на промени содржани во еден човеки живот,а сепак отпочнува со верување.
Сега од друга страна имаме поединци (ако примети во затворен круг е примерот дете,маж,старец- соединување на последното со првото) кој тие промени ги доживуваат внатрешно,познато како просветлување во кој е запазен истиот кружен тек, соединувајќи го својот почеток со својот крај во кој сите промени и доживувања се моментални.
Единсвен двигател на тој круг е постојанот прашање кој сум јас, кое еквивалентно на поимот бог (неосознаен)
Да се задржиме на овојо просветлениот,ја бараме причината зошто исфрлил на површина изобилни мудрости за животот,за смртта и воопшто за сите случувања кој се јавуваат при таква состојба?
Потребата да се спознае,ќе да е!
Сега за верникот, што е тоа што го привлекло да верува!
Празнината која се појавува оној момент кога ќе биде човек свесен за своето постоење - да речеме периодот на пубертет,полова зрелост е период кога човек ја осознава својата емотивната страна со сремеж кон спротивниот пол,од тука почнуваат и другите поделби на живот и смрт,радосот и тага,гнев и љубов кој се силни емоции кој тешко се контролираат,со што оние приказни кој потекнуваат од просветлените или пишани текстови за некаков бог имаат задача да го научат човек да владее со себе,што во повеќето случаи некој само наоѓаат утеха,смиреност и некава искра на надеж.
И тука застануваат."Веруваат дека еден ден во рака ќе држат внуче", но не го отпочнуваат патот до негово доживување.
Дуалниот свет е одлично место во кое може лесно да се потпадне под влијание на одредено верување кое треба да ја пополни празнината која во 99% преставува љубов.Не случајно сите религии проповедаат љубовта,се борат за љубов,да завладее љубов ,бог е љубов и др.
Значи првите (просветлените) го потпомагаат разделувањето или одржување на дуален свет од кој настануваат сите други поделби,бидејќи со себе разделување на најситни делови се осознаваат себеси,додека верниците (додека веруваат) имаат потреба да ја исполнат својата празнина која настанува како резултат на телесните промени со задача да го надминат дуалниот свет.
Секој човек е ѕвезда (сонце)