Омнивори vs. Хербивори

Кој е вашиот начин на исхрана?

  • Вкупно гласале
    27
  • Poll closed .

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Па зошто продолжувате да ги заробувате вашите другари? Пушти го мачето во природа, не го земај дома. Ќе си најди и глувци и врапци и друго шо му треба. Ама појако е да се изиграва спасител, не?
Затоа што постојат болни идиоти кои што си лечат комплекси врз нив. Минатата недела во населба Аеродром беа отруени девет улични мачки, пред неколку месеци беа отруени улични мачки во ново лисиче. Мало ти пиша дека во двор ни беа отруени четири мачиња. Мачорот кој го чуваме дома ни го снема два дена и се врати со скршени нозе, откорнати нокти и со исечени мустакчиња, очигледно беше дека некој се изживљавал...
Моментално чуваме маче со едно око, другото око не испаднало само од себе, чуваме куче кое што го најдовме прегладнето и со повредена нога... сме виделе се и сешто.
Кога умоболниот човек ке си ја промени свеста и кога нема да биде закана за животните, тогаш и ние нема да ги прибираме дома.
Ние купуваме месо за животните затоа што тој умоболниот го осакатил животното и не може да лови... што не е јасно?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

Борба за опстанок. А ти кога го земаш дома, мислејќи дека му правиш арно, му го пореметуваш инстинктот за опстанок. Се поставуваш во надмоќна положба и одлучуваш - за ова не е океј да заколам пиленце, ама за ова другово е океј. Се борите демек за рамноправност а кога ви одговара се поставувате мнооогу погоре од другите животни.
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Борба за опстанок. А ти кога го земаш дома, мислејќи дека му правиш арно, му го пореметуваш инстинктот за опстанок. Се поставуваш во надмоќна положба и одлучуваш - за ова не е океј да заколам пиленце, ама за ова другово е океј. Се борите демек за рамноправност а кога ви одговара се поставувате мнооогу погоре од другите животни.
Која борба за опстанок е кога некоја пореметена будала става отров за секое ќоше од улицата?
Не ме земај само мене за пример, кажи ми колку видови на животни се изумрени или доведени до работ на опстанокот заради лакомоста на мнозинството и кажи ми колку видови секојдневно се спасуваат благодарение на мали групи на луѓе кои наоѓаат начини да се грижат за истите?
По твое, овие вториве прават поголемо зло од они првите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мачето нема избор, мора да јаде месо, не би преживеало на растително сирење. Јас имам избор, вие имате избор! Зошто би убивале животни за да ги јадете кога не морате да го правите тоа? Зошто мора би го ловел пилето во дивината, кога можеш фино лепо да си скинеш јаболка? Животните во фармите не умирраат затоа што тоа е неопходно за вашето преживување, туку умираат за вас јадењето да ви биде повкусно бидејки сте стрвни и лакоми.
Имаш и ти избор да не учествуваш во исхраната на мачката кога толку веќе се секираш за животните.. Зошто би убивале пилиња за да твојата мачка биде нахранета? Зошто само фино лепо не ја оставиш мачката сама да си се снаоѓа а ти да си живееш со мирна совест?

Ние сме лакоми и стрвни, салести сме, старолики и дебели, ждереме месишта од животни кои се убиени само за да јадењето ни биде вкусно, а од друга страна чуваме мачиња и кучиња и ги сакаме како семејство и тоа е. Исто толку лицемерно колку ова твоето со мачката и пилето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Electra

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Која борба за опстанок е кога некоја пореметена будала става отров за секое ќоше од улицата?
Не ме земај само мене за пример, кажи ми колку видови на животни се изумрени или доведени до работ на опстанокот заради лакомоста на мнозинството и кажи ми колку видови секојдневно се спасуваат благодарение на мали групи на луѓе кои наоѓаат начини да се грижат за истите?
По твое, овие вториве прават поголемо зло од они првите?
Не разбираш една многу проста работа. Светот и сиот живот на него се менува и развива од почетокот па до денес и ќе продолжи да се менува сѐ до оној ден кога самиот себе ќе се уништи. Секој од нас има свој пат кој треба да го изоди и сопствени лекции кои треба да ги научи. Да, постојат злобни луѓе кои се мешаат и ја пореметуваат рамнотежата на извитоперен начин, но од друга страна постојат и добри луѓе кои се мешаат и ја пореметуваат рамонтежата на „хуман“ начин.
Без оглед и на едните и на другите, светов каков ние го знаеме еден ден сепак ќе стаса до својот крај. А после тоа, ќе почне сѐ од почеток.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Имаш и ти избор да не учествуваш во исхраната на мачката кога толку веќе се секираш за животните.. Зошто би убивале пилиња за да твојата мачка биде нахранета? Зошто само фино лепо не ја оставиш мачката сама да си се снаоѓа а ти да си живееш со мирна совест?

Ние сме лакоми и стрвни, салести сме, старолики и дебели, ждереме месишта од животни кои се убиени само за да јадењето ни биде вкусно, а од друга страна чуваме мачиња и кучиња и ги сакаме како семејство и тоа е. Исто толку лицемерно колку ова твоето со мачката и пилето.
Затоа што надвор нема пилиња кои слободно шетаат и мачката нема што да лови за да јаде. Оставате ли вие пиле да шета, да не го изедете?

Не разбираш една многу проста работа. Светот и сиот живот на него се менува и развива од почетокот па до денес и ќе продолжи да се менува сѐ до оној ден кога самиот себе ќе се уништи. Секој од нас има свој пат кој треба да го изоди и сопствени лекции кои треба да ги научи. Да, постојат злобни луѓе кои се мешаат и ја пореметуваат рамнотежата на извитоперен начин, но од друга страна постојат и добри луѓе кои се мешаат и ја пореметуваат рамонтежата на „хуман“ начин.
Без оглед и на едните и на другите, светов каков ние го знаеме еден ден сепак ќе стаса до својот крај. А после тоа, ќе почне сѐ од почеток.
Се согласувам, но и нашиот пат си има своја цел, зошто тогаш толку предрасуди и толкава одбивност кон тоа што го правиме?
Да напоменам само - ние немаме ништо против вашиот начин на живот и не сакаме да ве убедуваме, без разлика на тоа што не се согласуваме со таквиот начин на живот и што не сакаме да бидеме дел од истиот.
 
Последна промена од модератор:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Се согласувам, но и нашиот пат си има своја цел, зошто тогаш толку предрасуди и толкава одбивност кон тоа што го правиме?
Да напоменам само - ние немаме ништо против вашиот начин на живот и не сакаме да ве убедуваме, без разлика на тоа што не се согласуваме со таквиот начин на живот и што не сакаме да бидеме дел од истиот.

Мало, никој нема предрасуди и одбивност кон тоа дали некој јаде или не јаде ваква или онаква храна.
Не, не е точно дека немате ништо против и не сакате да убедувате. Кога излегува кампања со хамбургер и пишува приказна за кутрата крава шо се викала милка и кога отворено те нарекува убиец и сѐ најлошо оти јадеш месо, тоа е ептен против и тоа е ептен дирекно и неподносливо осудување и наметнување на сопственото мислење. Кога се труби како веганството се бори за спас на светот, тоа е дрско фалење и повторно наметнување и уште поголемо осудување на сите кои не се дел од тој начин на живот.
Оној момент кога ќе покажеш со прст кон некој и на било каков начин го осудиш зашто прави нешто поинаку од тебе, го губиш правото да се наречеш поинаков и посвесен и помудар и похуман. Оти не си. Сѐ додека мислењето дека си поинаков од другите ти причинува некакво задоволство, биди сигурна дека си иста како сите. Кога навистина ќе „пораснеш“ и кога навистина ќе стигнеш до повисоко ниво на свесност за животот и светот и сите околу тебе, ќе сфатиш дека дури и најголемите криминалци се тоа што се заради некоја причина. И нема да се замараш со тоа дали продавачката те гледала чудно оти купуваш само овошје и зеленчук, ниту ќе те нервира кога некој на било каков начин ќе го коментира твојот живот. Апсолутно ќе ти е небитно. Нема да те засега. Оти ќе сфатиш дека само себе и само својот живот можеш да ги смениш донекаде и да ги контролираш донекаде. И дека освен себе, не е твоја работа да спасуваш друг, оти не можеш да спасиш друг без оглед на тоа колку ќе сакаш и колку ќе се трудиш. И дека единствен начин за да влијаеш на другите е да не се обидуваш да го правиш тоа воопшто. Другите гледаат и насетуваат и чувствуваат дури и кога молчат. Ако си ти среќна и задоволна со себе и својот пат и својот живот, тоа итекако ќе влијае на другите. Оти секој сака да е среќен и здрав и задоволен и мирен. Тоа влијание не се пренесува со зборови.
Опушти се и не се замарај со другите. Ако тебе ти е убаво, уживај и смеј се. Друго не е воопшто важно. Храната нема да ти помогне ако другите работи не се во рамнотежа. Оти многу поголемо влијание од храната, имаат емоциите. Таа хемија е многу поважна и таа хемија ги има решенијата за проблемите.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Скопље у раљама веганизма :rofl
Мусли су пошаст модерног доба!
Исповест мајке дебарске тинејџерице - моја је черка насрнула на мене белим луком !
:rofl
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
:eek А заради кого се убиваат животните, заради кого постои месната индустрија ако не за месојадите?
(facepalm)
Тоа со дрвото и шупелката ти е најглупав пример што можеше да го дадеш. Кој го убива животното бе девојче? Доколку не постоеше месната индустрија и доколку не постоеа луге кои што колат животни за ти да ги јадеш, ти веган ли ке беше или ке си убиеше животно сама? Кога ке одговориш на ова прашање ке видиш која е врската помеѓу тебе и директниот убиец на животното.

Не е џабе и не е илузија, да сум единствениот, тогаш да, би било како што кажуваш, но за среќа не сум. Ако пред десеттина години веганството беше застапено само на местата каде што одредени религии налагаа, денес е поинаку, еве и вие сештојадите се фалите дека познавате по десетмина вегани.
Не знам дали стварно не сфаќаш или така се правиш за да можеш со своето да си тераш во ќорсокак, ама мање битно.
Така. Глупо е прут = музичар, не? Ваљда сега отприлика сфаќаш колку твојата паралела конзумер = убиец, е уште поглупа.
Реалноста е дека месните индустрии постоеле и ќе постојат, како што постоеле и ќе постојат и месојади во неспоредливо поголем број од вегетаријанци и вегани, а досега немам слушнато некој магично да станал веган пошто другиов го нарекол убиец, глуп и сите почесни епитети што ги додели по темава на неистомисленици. Велите имало врска со повисоката интелигенција, али не делува баш така. Дури и секти од типот „Исус бил диносаурус створен од ѕвездена прашина и лук“ со 20ина души, знаат дека следбеници не се привлекуваат со вреѓање.
Али еве, кажи ми... водите некаква статистика дали месната индустрија произведува помалку месо поради тоа што вие не го јадете? Бар да знаеме дека има корист сето ова напрегање. Или ко децана во жмурка „ако јас не го гледам него, не ме гледа ни тој мене“ т.е. ако јас не јадам месо, сигурно спасувам еден вол и три кокошки годишно...
Тоа е многу наивен заклучок, а уште понаивна е илузијата дека дури и неколку милиони вегани ќе го намалат производството на месо, споредбено со билиони омнивори. Плус, ти свесен си дека луѓе по села се хранат и одгледуваат фамилии, школуваат деца и плаќаат сметки со продавање месо, млеко и јајца, и можеби единствено оттаму им идат парични средства? Не секој, после цел ден на нива и по фарма, има време и енергија да троши по 3 саати ситнејќи лешници и толчејќи круши за некакви минијатурни колачи.
Испаѓа дека попрво би се залагал фамилија да изумре од глад, ама животните да останат непипнати.

Затоа што надвор нема пилиња кои слободно шетаат и мачката нема што да лови за да јаде. Оставате ли вие пиле да шета, да не го изедете?
Како нема? Под зграда редовно мачкиве оставаат растргнати врапци и голуби. Во село е доволно пилињата да ги пуштиш 2 минути во близина на мачка и ќе ги испозадави. Единствено ако сметате дека е греота само домашното животно, тогаш е друго...
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Скопље у раљама веганизма :rofl
Мусли су пошаст модерног доба!
Исповест мајке дебарске тинејџерице - моја је черка насрнула на мене белим луком !
:rofl

Престани! :rofl:rofl:rofl:rofl:rofl

Ставете пескетариан во анкетата. :)
 
Последна промена: