Е ај објасни ми како во месара, со гледање на месото ке знаеш дали тоа животно било болно? Во фармите каде што животните не виделе ни трева ни сонце ни свеж воздух, животните цел живот го поминуваат згмечени едно до друго... колку од нив можат да бидат здрави? Целта на фармерот не е животното да е здраво, туку да е големо и дебело. Самиот факт дека во фармите животните се хранат со растителна храна која не е добро одгледувана (при одгледување на сточна храна најмногу се користат пестициди и најчесто тие посеви се генетски модифицирани) кажува дека и животното не може да биде здраво. Прашај ги тие од месарницата од која што купуваш дали месото им е од органска фарма? Колку органски фарми има во Македонија? Каде се продава тоа месо, во Македонија ли? Какво месо се произведува таму?Па јас не барам животните да бидат одгледани во хотел, само што јас лично одбегавам месо во амбалажа или увезено поради тоа што е потешко за контрола и плус може да стоело во магацини. За разлика од тоа, во месара си добивам свежо парче месо кое јас ќе си го одберам и ако сакам мелено ќе го смелат пред мене. Околу сзо, а дали ги читаш бројките на дозволеното? Дали ти знаеш дека и во лебот кој го јадеш може да има присуство на бубашваби, влакна од глувци и сл. т.е. може да ги има во брашното кое го купуваш?
Да, човекот е животно и пријателите на човекот се луѓе. Исто како што волк не се дружи со верверици туку со волци, исто како што глушец не се дружи со жирафи туку со глувци. Не знам како си дошла до тоа јагне и лимони да ти бидат пријатели, ама мене пријателството не ми е само присуство и еднострана конверзација, зјапање и еднострана грижа. Ако некој нема што да муабети со мене не може да го сметам за пријател, исто како со кактус да си седнам на кафе и да викам дека ми е пријател.
Месарниците кај нас никогаш не би имале профит доколку би земале животни од органски фарми, а се друго е исто, слично како тоа на сликите кои ги ставив.
Законите на сзо се прилагодени кон компаниите, а не кон потрошувачите, ова и мали деца го знаат, кажи што сакаш но тие бројки кои сзо ги презентира како безбедни, не се секогаш безбедни. Знам дека и во лебот може да има бубашваби и измет од глувци и сл. затоа и не јадам леб, ниту пак купувам брашно. Лебот кој понекогаш го јадам е од нешто сосема друго и сама си го подготвувам.
За пријателството несакам да коментирам. Мојата љубов кон животните е нешто многу повеќе од тоа што твојот мозок може да разбере. Како можам да му објаснам на глув човек каква е музиката или како можам на слеп да му зборувам за нијанси на бои? Така и тебе не можам да ти зборувам за љубов која што не е ограничена со материја.
Последна промена: