Омнивори vs. Хербивори

Кој е вашиот начин на исхрана?


  • Вкупно гласале
    27
  • Poll closed .

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Па јас не барам животните да бидат одгледани во хотел, само што јас лично одбегавам месо во амбалажа или увезено поради тоа што е потешко за контрола и плус може да стоело во магацини. За разлика од тоа, во месара си добивам свежо парче месо кое јас ќе си го одберам и ако сакам мелено ќе го смелат пред мене. Околу сзо, а дали ги читаш бројките на дозволеното? Дали ти знаеш дека и во лебот кој го јадеш може да има присуство на бубашваби, влакна од глувци и сл. т.е. може да ги има во брашното кое го купуваш?

Да, човекот е животно и пријателите на човекот се луѓе. Исто како што волк не се дружи со верверици туку со волци, исто како што глушец не се дружи со жирафи туку со глувци. Не знам како си дошла до тоа јагне и лимони да ти бидат пријатели, ама мене пријателството не ми е само присуство и еднострана конверзација, зјапање и еднострана грижа. Ако некој нема што да муабети со мене не може да го сметам за пријател, исто како со кактус да си седнам на кафе и да викам дека ми е пријател.
Е ај објасни ми како во месара, со гледање на месото ке знаеш дали тоа животно било болно? Во фармите каде што животните не виделе ни трева ни сонце ни свеж воздух, животните цел живот го поминуваат згмечени едно до друго... колку од нив можат да бидат здрави? Целта на фармерот не е животното да е здраво, туку да е големо и дебело. Самиот факт дека во фармите животните се хранат со растителна храна која не е добро одгледувана (при одгледување на сточна храна најмногу се користат пестициди и најчесто тие посеви се генетски модифицирани) кажува дека и животното не може да биде здраво. Прашај ги тие од месарницата од која што купуваш дали месото им е од органска фарма? Колку органски фарми има во Македонија? Каде се продава тоа месо, во Македонија ли? Какво месо се произведува таму?
Месарниците кај нас никогаш не би имале профит доколку би земале животни од органски фарми, а се друго е исто, слично како тоа на сликите кои ги ставив.
Законите на сзо се прилагодени кон компаниите, а не кон потрошувачите, ова и мали деца го знаат, кажи што сакаш но тие бројки кои сзо ги презентира како безбедни, не се секогаш безбедни. Знам дека и во лебот може да има бубашваби и измет од глувци и сл. затоа и не јадам леб, ниту пак купувам брашно. Лебот кој понекогаш го јадам е од нешто сосема друго и сама си го подготвувам.

За пријателството несакам да коментирам. Мојата љубов кон животните е нешто многу повеќе од тоа што твојот мозок може да разбере. Како можам да му објаснам на глув човек каква е музиката или како можам на слеп да му зборувам за нијанси на бои? Така и тебе не можам да ти зборувам за љубов која што не е ограничена со материја.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па месото сигурно нема да биде болно од настинка или пак да биде болно од анемија и да не набројувам. Ако било лошо месото ќе има специфичен мирис и ќе го вратам затоа што ми е сомнително. Не знам како замислуваш ама ако се разболи бубрегот тоа не значи дека бутниот мускул ќе ти биде болен. Тоа со ГМО тука малку потешко, во мурика и таму тие Бразил, Аргентина и сл. од каде се увезуваат кокошки може, тука не е баш така.
Каква ти е таа органска фарма бе malo? Оди на пазар и најди „органска“ храна па после барај органски фарми. Понекогаш претерувате со овие „здравите“ поими.

Добро ете се фатив за лебот, муабетот е дека се` што купуваш постои ризик да има остатоци од друго нешто. Ако така гледаш ондак не купувај ништо.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А зошто веганите обично имаат некој нездрав изглед, некои делуваат како да се мешавина на жртва на радијација и џанак на хорс:ladno
Пошто сметам дека нема задгробен живот чунки сум неверник - една од овоземните рајски ствари е гаучо стек, аргентински едноставен специјалитет од јунешко/говедско месо...:gladen не можам да замислам дека постои раја на кои им поминува живот без да пробаат такво нешто... или нешто слично барем.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Па месото сигурно нема да биде болно од настинка или пак да биде болно од анемија и да не набројувам. Ако било лошо месото ќе има специфичен мирис и ќе го вратам затоа што ми е сомнително. Не знам како замислуваш ама ако се разболи бубрегот тоа не значи дека бутниот мускул ќе ти биде болен. Тоа со ГМО тука малку потешко, во мурика и таму тие Бразил, Аргентина и сл. од каде се увезуваат кокошки може, тука не е баш така.
Каква ти е таа органска фарма бе malo? Оди на пазар и најди „органска“ храна па после барај органски фарми. Понекогаш претерувате со овие „здравите“ поими.

Добро ете се фатив за лебот, муабетот е дека се` што купуваш постои ризик да има остатоци од друго нешто. Ако така гледаш ондак не купувај ништо.
Органска фарма е фарма во која што животните живеат како во шталите во кои порано лугето чувале животни. Пасат на ливада, дохранувани се со храна која не е прскана со пестициди. Трчаат, не се гмечени една до друга во мал простор, дишат чист воздух, цел ден го поминуваат на сонце и во нивната исхрана не се додаваат концентрати и сл.

А што е со туморите, јас ти кажувам дека многу голем број од животните кои живеат во фарма се болни од тумори а не од настинки. Што ако има тумот-клетки во лимфа, крв, коски...

П.С. Органска хана не значи сосема сдрава храна, туку храна која што не е третирана со хемиски препарати и е одгледувана на начин кој што е најблизок до природниот, односно, растенијата не се прскаат, не се ѓубрат со вештачко ѓубриво и тн. За животните ти објаснив.

Инаку и во нашата земја се увезува сточна храна, за потребите на нашите фарми. Првите примероци на гмо пронајдени во Македонија беа токму во сточната храна. Сега незнам каков е законот, но и на телевизија на една јавна дебата, некој од преставниците на министерството кое што е задолжено за ова, рече дека никогаш со сигурност не може да се знае дали тоа што го увезуваме е гмо или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пази сеа ти ситуација. Пред 15 години на 20 км од Скопје се бомбардираше со осиромашен ураниум. На 20 км од Скопје се водеше војна со радиоактивни материјали, америте закопуваат радиоактивен отпад и ти бараш „здрава“ храна која не е генетски модифицирана. Треба зрно по зрно да проверуваш дали настанале модификации од радијацијата. За гмо храна од лаборатории не може да не се знае, или е или не е и толку. Секој посев мора да се регистрира и да се одреди дали е или не е гмо.

Ова нешто статистики да не имаш правено па да знаеш колку животни се болни од тумори по фармите? Секоја фарма мора (значи мора) да ги носи редовно животните на ветеринар. Ако ветеринарот утврди дека има тумор сигурно нема туку така да го пушти животното.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
А зошто веганите обично имаат некој нездрав изглед, некои делуваат како да се мешавина на жртва на радијација и џанак на хорс:ladno
Пошто сметам дека нема задгробен живот чунки сум неверник - една од овоземните рајски ствари е гаучко стек, аргентински едноставен специјалитет од јунешко/говедско месо...:gladen не можам да замислам дека постои раја на кои им поминува живот без да пробаат такво нешто... или нешто слично барем.
Зошто мислиш дека не сме пробале такво нешто? Пред да бидам веган што сум јадела? Дали разбираш дека секој веган свесно си го прави својот избор?

Околу изгледот дури смешно ми е да коментирам, сте виделе еден веган во животот, некој кој не се хранел здраво и готово, сте донеле заклучок.
јас на неколку вакви теми на форумот имам постирано слики и видеа од спортисти кои се вегани, ниту биле слаби, ниту делувале како да се без енергија. Во светот постојат вегани кои што на свои 90 години изгледаат подобро од 40-годишници.
И не ми е јасно зошто пак лугето со сало ви се привлечни? Како што поминува времето, приметувам дека се повеке се навикнувате на идеата дека нормалниот човек мора да има сало, целулит, голем стомак. Тешете се колку сакате, но не е така.

Пази сеа ти ситуација. Пред 15 години на 20 км од Скопје се бомбардираше со осиромашен ураниум. На 20 км од Скопје се водеше војна со радиоактивни материјали, америте закопуваат радиоактивен отпад и ти бараш „здрава“ храна која не е генетски модифицирана. Треба зрно по зрно да проверуваш дали настанале модификации од радијацијата. За гмо храна од лаборатории не може да не се знае, или е или не е и толку. Секој посев мора да се регистрира и да се одреди дали е или не е гмо.

Ова нешто статистики да не имаш правено па да знаеш колку животни се болни од тумори по фармите? Секоја фарма мора (значи мора) да ги носи редовно животните на ветеринар. Ако ветеринарот утврди дека има тумор сигурно нема туку така да го пушти животното.
Каков ветеринар??? Изгледа ти живееш во розовиот свет (facepalm)
Ти навистина веруваш во тоа дека ги носат на ветеринар, СЕРИОЗНО????
И веруваш дека животните со тумор не завршуваат во твојот оброк???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не знам од каде идејата дека сало, целулит и голем стомак е нормално. Нити тоа е нормално нити пак претерано слабо е нормално. Дали е привлечно варира од личност до личност границата на толеранција.

Ветеринар бе мало, ветеринар. Сигурно нема цело стадо да однесе на ветеринар туку ветеринари доаѓаат сакал ти или не. Ако ти си регистрирал фарма со животни со намера да го продаваш месото ондак постојат стандарди.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зошто мислиш дека не сме пробале такво нешто? Пред да бидам веган што сум јадела? Дали разбираш дека секој веган свесно си го прави својот избор?

Околу изгледот дури смешно ми е да коментирам, сте виделе еден веган во животот, некој кој не се хранел здраво и готово, сте донеле заклучок.
јас на неколку вакви теми на форумот имам постирано слики и видеа од спортисти кои се вегани, ниту биле слаби, ниту делувале како да се без енергија. Во светот постојат вегани кои што на свои 90 години изгледаат подобро од 40-годишници.
И не ми е јасно зошто пак лугето со сало ви се привлечни? Како што поминува времето, приметувам дека се повеке се навикнувате на идеата дека нормалниот човек мора да има сало, целулит, голем стомак. Тешете се колку сакате, но не е така.

enhanced-buzz-16056-1358353618-2.jpg

Тоа не е до храната, јас ти верувам дека е свесен избор и дека е сето тоа фри асосиејшн и тоа е во ред, лоши се оние здружувања меѓу раја кои се наметнати како нации и религии, оние кои се доброволни, колку и да се несфатливи - се ок во основа.
Велиш на 90 делуваат како да се 40? Јас знам за обратни случаи...

522e54a3e691b220f27d6b82_736.jpg

Мх, мх, види ја таа десно :gladen

Туку друго е проблемот со веганизмот, некои внатрешни нерешени трауми и судири се во прашање...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не знам од каде идејата дека сало, целулит и голем стомак е нормално. Нити тоа е нормално нити пак претерано слабо е нормално. Дали е привлечно варира од личност до личност границата на толеранција.

Ветеринар бе мало, ветеринар. Сигурно нема цело стадо да однесе на ветеринар туку ветеринари доаѓаат сакал ти или не. Ако ти си регистрирал фарма со животни со намера да го продаваш месото ондак постојат стандарди.
Постојат стандарди, точно, ај кажи ми каков преглед им прави ветеринарот на животните?
Колку што знам задолжително мора да се вакцинираат за повеке, не сум сигурна. Лани мислам, неколку фарми беа заболени од некоја болест, не се сеќавам што точно но го запаметив тоа дека болеста била позната по ,,синиот јазик'' . Знаеш ли колку време им требаше да се справат со болеста, да се открие изворот на болеста, како се пренела кон другите фарми, да ги заштитат неинфицираните животни, да ги ликвидираат болните, да направат дезинфекција и сл. ?
Во Македонија деца умираат по болниците за глупости, ти ми кажуваш дека животните во фармите на време биле третирани, бог да чува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
enhanced-buzz-16056-1358353618-2.jpg

Тоа не е до храната, јас ти верувам дека е свесен избор и дека е сето тоа фри асосиејшн и тоа е во ред, лоши се оние здружувања меѓу раја кои се наметнати како нации и религии, оние кои се доброволни, колку и да се несфатливи - се ок во основа.
Велиш на 90 делуваат како да се 40? Јас знам за обратни случаи...

522e54a3e691b220f27d6b82_736.jpg

Мх, мх, види ја таа десно :gladen

Туку друго е проблемот со веганизмот, некои внатрешни нерешени трауми и судири се во прашање...
И сега поради таа од лево, ке заклучиме дека сите вегани изгледаат така?
Со дете од прво одделение ли дебатирам? Па син ми на свои осум години знае подобри аргументи од тебе да даде.
Дај ми подобар аргумент ти се молам, вака досадно станува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe