Зависи што и каде.
По фејсбуци и твитери нешто што не поднесувам е тоталната игнорантност и константното постирање на семиња од синап, твитерДЖиски лош хумор, особено константно постирање на икони од свет(и)ци за среќа. Фејсбукот никад не сум го сметал за религиска институција, сепак ако си верник, ќе си направиш мал чекор за тебе (а голем за човештвото, нали) и ќе си појдеш в`црква да си запалиш свеќа...
Наспроти фејсбукот (и твитер, Инстаграм, рандом индивидуален интернет простор) кај форумите нешто што ме вади од патики е глумењето лудило, а со тоа и собирање на популарност. Од една страна ги имаш форумските шутови кои во принцип се проѕирни уште по првите 10 пишани постови, траекторијата им е скромна, немаат некој капацитет ако ништо друго барем да не какаат по темите. Од другата страна ја имаш публиката која за жал се` повеќе ги прифаќа овие ликови и задоволно им ракоплеска, бидејќи самата „имет снемено“ секаков смисол за хумор и се пали на секој(а) attention whore која си го фура филмчето.
Да се разбереме, либерален сум понекогаш и премногу, и најчесто ваквиве феномени ги прескокнувам, но штом забележам на нив, личностите ја губат онаа основна вредност достојна за почит, макар колку и да бидат начитани и елоквентни во живо. Глумењето лудило со сите на интернет просторот покажува само колку скриеното его ти диригира со тебе и колку ја ставаш маската на фин и достоинствен лик во реалниот живот.
Мислам дека обратна е работата - луѓето се повоздржани во реалноста додека на интернетот, со дадената слобода тие ги покажуваат своите „скриени“ фантазии.