1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што најмногу ве нервира на социјалните мрежи?

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од Armagoddamn, 29 октомври 2015.

  1. Armagoddamn

    Armagoddamn Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 октомври 2015
    Мислења:
    162
    Допаѓања:
    33
    Мене лично ме нервира кога постираат селфи 5-6 пати на ден, кога чекираат на кое место се наоѓаат, кога објавуват како се чувствуват, кога прават сликовница на ФБ, албуми 20+
    фотографии без смисла, се едно исто, копирање нечии цитати
    Статуси поврзани со љубовта, демек заљубени биле они,
    или со дечкото/девојката интимни фотографии
     
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    А кажи според тебе тогаш за што е измислен фејсбукот? Ама реално.
     
  3. Armagoddamn

    Armagoddamn Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 октомври 2015
    Мислења:
    162
    Допаѓања:
    33
    значи интимно во никој случај
    она останато ок, али во умерени количини
    ова стана рекламација на диви ѕверки
    срциња летаат, прости коментари, безвеза, се едно те исто, значи би било ОК али во умерено, не претерано, мене личмо фб не ми служи за прикачување фотографии, затоа имам инстаграм, фб ми служи за групите во кои сум член, за страниците на кои сум администратор, за да останам во контакт со пријателите или да запознаам нови луѓе па да четуваме
     
  4. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    И инстаграм е социјална мрежа. Сакам да кажам, тоа е поентата со сите тие социјални мрежи. Споделување на мисли, фотографии, моменти, идеи, дружења,... Само што за жал постојат луѓе, да не кажам мнозинството, кои се опседнати од истите и си го сервираат животот на тацна. Се прашувам што ќе биде за едно 10-ина години.
     
    На malo и Struggler им се допаѓа ова.
  5. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Мене на пример ме нервира што се научиле храна да постираат , за на FB зборам , кај јаделе што јаделе ,а нај сењандурско од се е кога штракаат на телефони излезени во друштво дремат на телефоони сите боже мој !!!
     
  6. Ranta

    Ranta Истакнат Член

    Зачленет на:
    22 октомври 2015
    Мислења:
    73
    Допаѓања:
    27
    Ме нервира нивното постоење. Ама истовремено, имам едно прашање: Дали форумите се сметаат за социјални мрежи?
     
    На $3Я3|\||)&p&†Y му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Armagoddamn

    Armagoddamn Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 октомври 2015
    Мислења:
    162
    Допаѓања:
    33
    и мене ме нервира кога сликаат храна и се ѕверат у телефон нон стоп
     
    На Ranta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    И се и не се. Тешко е да се определи дали форумите спаѓаат во социјални мрежи. Од една страна се бидејќи се комуна која споделува мисли и ставови, од друга страна не се бидејќи не функционираат како класични социјални мрежи и намената воопшто не им е иста.
     
    На Electra, ●Untouchable°, Svetiot Duh и уште 1 член му се допаѓа ова.
  9. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,657
    Порано ме нервираше кога една иста фаца/слика ти излегува 8 пати во денот од што ја менуваат на 15 минути, па некои патетики или бедес цитати, Семе Синапово, Мајка Богородица...
    Сега рајата ја делам на досадна и смешна, со по некој интересен лик што има што да каже. Фино па и немам ни 40 души на новиов профил, па не читам секакви идиоштини. Досадните ги скролам, овие патетичниве и дигнативе ми се смешни, така да немам никаква загуба.
    Твитер и Инстаграм само акаунти имам...уште не ми е јасна целта на споделување храна/фитнес и секоја глупа мисла што ќе ми пројде низ глава.
    Толку е моето искуство. Што има мене да ме нервира...нека си се нервираат они што се глупаво опседнати со онлајн репутација.

    Е, да...малце може ме нервираат оние што мрчат на овие лепотициве и господава, а мрчат само пошто не им успева да бидат на нивно место, инаку исти или бетер би биле. (think)
     
    На Altaïr и Ranta им се допаѓа ова.
  10. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Зависи што и каде.
    По фејсбуци и твитери нешто што не поднесувам е тоталната игнорантност и константното постирање на семиња од синап, твитерДЖиски лош хумор, особено константно постирање на икони од свет(и)ци за среќа. Фејсбукот никад не сум го сметал за религиска институција, сепак ако си верник, ќе си направиш мал чекор за тебе (а голем за човештвото, нали) и ќе си појдеш в`црква да си запалиш свеќа...
    Наспроти фејсбукот (и твитер, Инстаграм, рандом индивидуален интернет простор) кај форумите нешто што ме вади од патики е глумењето лудило, а со тоа и собирање на популарност. Од една страна ги имаш форумските шутови кои во принцип се проѕирни уште по првите 10 пишани постови, траекторијата им е скромна, немаат некој капацитет ако ништо друго барем да не какаат по темите. Од другата страна ја имаш публиката која за жал се` повеќе ги прифаќа овие ликови и задоволно им ракоплеска, бидејќи самата „имет снемено“ секаков смисол за хумор и се пали на секој(а) attention whore која си го фура филмчето.
    Да се разбереме, либерален сум понекогаш и премногу, и најчесто ваквиве феномени ги прескокнувам, но штом забележам на нив, личностите ја губат онаа основна вредност достојна за почит, макар колку и да бидат начитани и елоквентни во живо. Глумењето лудило со сите на интернет просторот покажува само колку скриеното его ти диригира со тебе и колку ја ставаш маската на фин и достоинствен лик во реалниот живот.
    Мислам дека обратна е работата - луѓето се повоздржани во реалноста додека на интернетот, со дадената слобода тие ги покажуваат своите „скриени“ фантазии.
     
    На MoonFairy, Altaïr и khz777 им се допаѓа ова.

Сподели: