Ау ама ги потценуваш ти, не чини.Групата од Арсенал
Ок Бајерн е бренд и вечен-непроменлив шампион на немачка ама овие олимпијадакос и центрифуга-загреб...тотално беспотребни утакмици, дури би рекол и понижувачки е за Арсенал да игра со такви.
Селтик поарно шо не се пласира пошто ќе беше во група со Реал и ПСЖ, ок финансиски и сето тоа ама нема да беше на арно во резултатски поглед
Тоа е таа магија на ЛШ
- Valencia
- Lyon
- Zenit
- Gent
Јас не памтам кога Јунајтед имал тежок противник во група. Добро сега на пример за овој Јунајтед сите од групава се јаки.
Иначе мислам дека во групата на Јувентус нема да е лесно баш, некако најизедначена ми изгледа. Се си мислам дека Севиља ќе зафркне некого, а и Менхенгладбах не се баш слаби на домашен терен.
А за ЛЕ, да си победеше Работнички сега ќе си ги гледав Ливерпул во Скопје.
Дортмунд, Наполи, Ливерпул вака најзвучни имиња се ама што ги знаеш другиве, се е мрднато тука. Кога можеше еден Днипро да стигне до финале...
Ау ама ги потценуваш ти, не чини.
Не викам дека нешто јаки се Олимпијакос и Динамо ама ти па ептен, замисли да киксне на една од нив Арсенал. Тогаш?
Сити е дефинитивно најсмешната екипа која играла во ЛШ. Колку само не ги интересира и си играат онака колку да помине времето.
Иначе верувале или не ама скоро и да бев сигурен дека Псв и Јувентус ќе победат.
Епа кој му е крив на Ван Гал што го играл прв состав. Овие од Псв им било битно и почнале нозе да кршат за да победат, никој не го терал и Галот да игра со најјак состав.И се помалку ќе ги интересираат ЛШ и ЛЕ, што е сосема правилно, треба да играат во тие такмичења со втор состав, колку да се рече со некои лимонтус и макаронезе...повеќе жар има во утакмица со норич него со некои талијани. Порано кога било нокаут систем имале смисла, вака со групи е срање.
Ете сега видов некој манијак од псв старт со две нозе му напраил на Шо од М.Ј. двојна скршеница и веројатно толку од фудбалот за Шо...во утакмица со потполно беначаен амебичен клуб од низоземска.
Заборавив да кажам за тоа каков пенал им подари лудиот судија на Реал. Коментаторот вика како не му е срам на Роналдо да бара пенал за ова.
Еве за што се работи.
Епа кој му е крив на Ван Гал што го играл прв состав. Овие од Псв им било битно и почнале нозе да кршат за да победат, никој не го терал и Галот да игра со најјак состав.
Ни жолт не доби тој што му влегол со две нозе?Без разлика мора да има казна за кршење нозе.
Тоа е дека хајпот уште е присутен за ЛШ, каде што се судат пенали пошто на стативата се посрало врапче а не добиваат ниту жолт психопати кои буквално кршат нозе
Се надевам дека со тек на време ќе ја прошират ПЛ на 24 а во еуро-купови ќе играат реда ради, со трет состав, дебитанти или некој под казна ради недисциплина...