Дали самоубиството е себично?

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
31
Argentina, Buenos Aires
Aко родител доживее чедото да му се самоубие веројатно треба да почувствува срам што феилнал така јако.

Самоубиство не се случува онака седнал и му текнало да се самоубие. Ако некој родител се самоубие и ги остави децата сами на себе исто феилнал јако.
Родителот може да те поучи и да ти каже дека не е добро тоа за тебе ,ама мене џабе ми кажуваа сите да не играм дота у основно туку да учам и ја не сум го направил тоа не сум го научил .Секој ден се трубело пример за некој проблем ,но сепак ја не сум го земал советот .Никој со инка неможе да ти стави знаење во главата што ја носиш .Некои ја носат за да ја пирсаат ,некои за да се тетовираат некои за да размислуваат.Како може да се осеќа родетелот виновен ако се направил за да те поучи и те воспитувал со морални и духовни вредност ? Тоа напишав погоре дека секој си има своја природа на душата со некои работи се раѓаш .Пожртвуваност и самоубиство неможе секој да го направи само заради тоа што ги имал сите 5-ки во средно затоа што неговите родители го учеле само на еден поглед од животот тоа да се разбереме .Ако родителот ти дал се и се потрудил да те воспита како што напишав погоре нема потреба да чуствува вина.И дали дискутираме за секаков вид на самоубиство за верски или националистички самоубиства со динамити на себе или станува збор за самоубиство на поединец како разочарување од животот?Некој погоре спомна камикази итн .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Себично е од наша страна да го дискутираме обидот или извршеното самоубиство на некоја особа,затоа пак ќе се повторам,тоа е болест и треба здравствени установи да се занимаават со таа дијагноза.
имам другарка која три пати се обиде да си го одземе животот,10 год.лежи и ги отвара и затвара вратите по психијатриските одринации и болници....и нејзинито семејство е отидено у неповрат од обиди да ја вратат во нормала и да ја излечат но ете ...се било узалудно..тешк болест во која западна,тешка шизофренија во која нема сила да ги гледа децата и фамилијата,пред нејзе е некоја нејзина тешка главоболка за која вели дека Водни и лежи на глава и не се издржува.Повторно е во болница, но повеќе е издрогирана од лековите отколку што е будна а свесна небила одамна.
Во животинскиот свет само човекот прави самоубиства и сега.....кој бил попаметен......напреден и ..јас незнам веќе што...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Себично е од наша страна да го дискутираме обидот или извршеното самоубиство на некоја особа,затоа пак ќе се повторам,тоа е болест и треба здравствени установи да се занимаават со таа дијагноза.
имам другарка која три пати се обиде да си го одземе животот,10 год.лежи и ги отвара и затвара вратите по психијатриските одринации и болници....и нејзинито семејство е отидено у неповрат од обиди да ја вратат во нормала и да ја излечат но ете ...се било узалудно..тешк болест во која западна,тешка шизофренија во која нема сила да ги гледа децата и фамилијата,пред нејзе е некоја нејзина тешка главоболка за која вели дека Водни и лежи на глава и не се издржува.Повторно е во болница, но повеќе е издрогирана од лековите отколку што е будна а свесна небила одамна.
Во животинскиот свет само човекот прави самоубиства и сега.....кој бил попаметен......напреден и ..јас незнам веќе што...
И животните се самоубиваат. Имаше случај во некоја фарма на мечки, кога мечките се самоубивале. Посебно беше трогателно тоа што една мечка само што се породила си го убила своето младенче и се самоубила трескајки си ја главата од решетките. Условите на фармата биле ужасни, најверојатно тоа била причината.
Исто така сум читала и за тој мостот од кој се фрлале кучиња... незнам дали е вистина или мит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4 and Аркантос

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Познавам многу фамилии низ град што имале самоубиство, еден се откажал од животот поради долгови, друг за жена, трет поради болест, за четвртиот не е познато... Кога се работи за болест и кога знаеш дека и онака ќе умреш, ама времето што ти е останато е изброено и треба да го поминеш недостоинствено, на терет на други, наклукан со апчиња, во постела, изнемоштен и со сменет човечки лик, тогаш можеби не гледам себичност тука.
Не сакам да размислувам како е да си на нивно место, ама не ги осудувам. Ај да речам и за оние љубовни болки, сите сме ги имале, вистина знаат да болат, а има некој кој не може да ги издржи и во моменти на такво поматување на паметот, кога мислиш дека светот ти се урнал на глава и веќе животот нема смисла, до некаде го разбирам и тоа.. Не знам како да се изразам а да не испадне како да сакам да кажам дека самоубиството е спас кога ќе бидеш оставен или изневерен, нема оправдувања во никој случај за таков чин, ама зборам за најчесто тинејџери кои не размислуваат разумно и знаат да бидат понесени од чувствата, па не размислуваат за последици и за оној доживотен хаос и чувство на вина што ќе им го остават на своите блиски.

Додека, пример себичноста во самоубиството ја гледам кога возрасен, прав, здрав маж, сопруг, татко, син, живеел и трошел повеќе од што може да си дозволи, навлегол во триста проблеми, позајмил онолку за да му требаат три животи да исплати, не мислел на никој освен на себеси, и кога дошло јајцето на газот, јамата на врат и решен проблем. И тука освен долгот кој е најмалце битен, на блиските им остава и жиг за цел живот, ги остава сами да се справат со она за кое тој на некој начин си го тргнал газот. Никакво самоубиство не оправдувам, ама ова е себично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@khz777 родителот не треба да е до тебе само да те поучи туку и да согледа кога ти не си баш во најдобра состојба и да ти помогне. Ако родител не знае да ја процени добро емоционалната состојба на своето дете не е добар родител затоа што: не посветил доволно внимание; не се замарал воопшто со неговото дете. Не е муабетот да му збори на детето дека не е добро тоа за него (дури и малку смешно ми е некој да изговори „Самоубиството не е добро за тебе.“) туку да увиди кога состојбата на детето (психичка, емоционална) не е баш најдобра и да седне за да го решат проблемот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Самоубиството е за лузери.Жртви.
Луѓе кои не се способни да го променат текот на својот живот,на своите мисли,кои се плашат да се соочат со сопствените чувства,со сопствените проблеми и воопшто со реалноста.
Дали е себично беше прашањето.
Да!
Себично е затоа што ќе им нанесеме болка на најмилите.Себично е затоа што она што можеби за некого е најголем подарок,се фрла во вода.Тој некој се откажува.Само така.Мислам дека секој од нас постои со некоја цел.Животов има цел и смисла.И жалосно би било некој да си го одземе животот без да знае зошто е тука.Сето ова се слуша како клише приказна ама така е,цврсто сум убедена дека е така.
"Ако умот ти даде една причина да се самоубиеш,седни и најди 100 други причини зошто да живееш."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lina.l

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Самоубиството е за лузери.Жртви.
Луѓе кои не се способни да го променат текот на својот живот,на своите мисли,кои се плашат да се соочат со сопствените чувства,со сопствените проблеми и воопшто со реалноста.
Дали е себично беше прашањето.
Да!
Себично е затоа што ќе им нанесеме болка на најмилите.Себично е затоа што она што можеби за некого е најголем подарок,се фрла во вода.Тој некој се откажува.Само така.Мислам дека секој од нас постои со некоја цел.Животов има цел и смисла.И жалосно би било некој да си го одземе животот без да знае зошто е тука.Сето ова се слуша како клише приказна ама така е,цврсто сум убедена дека е така.
"Ако умот ти даде една причина да се самоубиеш,седни и најди 100 други причини зошто да живееш."

Имам една книга со писма од камикази кои ги пишувале пред да заминат на мисија, не ми делуваа нешто особено лузерски...

Суицидот може да е и крајно алтруистичен чин. Не за жртвата него за сите други :kafe
Адолф да речеме.
Или овдешните политичари, зарем не би бил чин на краен алтруизам кога масовно, цело село (влада и парламент) како Леминзи или секташи од пиплс темпл би си ги одзеле своите штетни, паразитски животи?
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Зависи од мотивите. Верувам во еутаназија. Човек треба да има право на избор кога е соочен со неизбежна смрт. Долго и болно умирање е деградирачки за личноста а покрај тоа создава маки и страдања и на најблиските. Соочен со таква ситуација радо би се поздравил со сите и би примил инекција.

Понатаму, имате луѓе кои сериозно страдаат од депресија. Некои бараат помош ама не ја наоѓаат. Не можеш да судиш човек што пати од оваа состојба дека бил себичен, тој чувстува душевна болка која влијае на неговата способност за расудување. На најблиските тоа самоубиство ќе им изгледа како себичен чин, но нивната состојба на умот е различна од онаа на самоубиецот.

Постојат секакви самоубиства. Од самоубиство за да се спаси нечиј живот до самоубиство за 72 девици. Комитите (не само тие) се самоубивале за да не му паднат во раце на непријателот. Жени во војна се самоубиваат за да не бидат силувани и убиени. Да му дадеш пиштол на човек соочен со обезглавување сигурно нема да размисли два пати.

Примери од големото платно: Френки Пентанџели во Кум 2 се самоуби за да си ја обезбеди фамилијата. Пијаницата во Independence day за да ја спаси планетата од вонземјаните. Управникот во Шошенк затоа што немаше излез. Терминаторот во T2 за да уништи потенцијално опасна информација. Вил Смит во Seven Pounds од некоја комбинација на депресија и алтруизам...
 

lina.l

Истакнат Член
24 февруари 2015
16
18
303
Настрана сите овие случаи што ги наведе Io Sono, самоубиство на здрава личност која во момент на слабост, психичка лабилност која решение на својот проблем нашла во посегнување по својот живот, го сметам за себичен чин. Верниците велат бог ти дал живот, само тој има право да ти го земе. Јас велам на овој свет сме дошле ради нечија љубов, нечија желба да постоиме. Сите функционираме како единки, но смислата на животот ја дава љубовта, љубовта кон и од родителите, партнерот, децата. Лишувањето од вашето постоење, вашата љубов во момент на слабост е себично. Ако дечкото пред некоја година се фрли од зграда заради невозвратена љубов, колку луѓе тој остави без својата љубов. На колку луѓе љубовта кон него им ја претвори во гнев, омраза кон животот, тага, постојана дилема дали погрешиле некаде, дали не биле заинтересирани да препознаат што го мачи, грижа на совест. Кога би функционирале без чувства секој би можел да прави со својот живот што сака па и да си го одземе кога сака. Ама не е така. Дали семејството можело да препознае, дали можело да помогне? Не секогаш. Некогаш самоубиецот не покажува никакви знаци за психичка нестабилност. Посебно кај тинеџери кои често знаат да посегнат по својот живот. Пубертетот е фаза каде нормално е променливо однесување и не секогаш можат да се препознаат суициди мисли.
Ако некој не донел на овој свет од љубов, ако ние некого сме донеле на свет и сме подариле љубов , вреди заради нив да се избориме со своите демони. Ете тоа е несебично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Порано строго го сметав за себичен чин поради тоа што „ги остава другите да патат по него“, но потоа сфатив дека тоа е себично размислување.

Познавав девојка што во момент на лутина скокна од тераса поради што не ѝ дале од дома да оди на одмор со другарки, но знам и за луѓе што страдале и пропаѓале ментално (а со тоа иде и физичка исцрпеност) со години, се бореле со сите средства, но едноставно не успеале - нивното постоење било сведено на константна мизерија и влечење на другите надолу со себе. Велам влечење и на другите пошто факт е дека и самиот страдаш кога ги гледаш најблиските во најлошо светло, а не можеш никако да помогнеш. Ова е честа причина зошто овие личности размислуваат така. А, кога те нема, не гледаш дали некој страда. Останува да се тешиш дека ќе жалат некое време, па ќе почнат да живеат подобро без тебе, сега кога не си пречка и секирација.

Многу ми е меч со две острици да го судам ова. Кога си психички силен, ја немаш таа емпатија и разбирање кон оние што не се. Кога моите анксиозни и панични напади беа пропратени со депресија и кога не можев да мрднам од дома, ги сфатив сите и ми остана да се молам и надевам да не се повтори тој период. А, не бев ни суицидална, туку доволно е да го осетиш студенилото на дното за да добиеш слика колку ли е ужасно да си постојано таму.

Врвот е кога на сето ова некој ќе каже: Вежбај, седи на сонце или иди во војска/на нива, па нема да имаш време да имаш психички проблеми. :zelen