Пред некој ден наидов на една животна приказна во која еден маж ја раскажува своето непријатно искуство...
Неговиот син кој не му е биолошки, но сепак го смета за свој, извршил самоубиство, а потоа тој продолжува со опишување на своите чувства:
„Јас мислам дека самоубиството е себично! Како може некоја личност да си го одзеде својот живот без да размислува на оние кои ги остава зад себе?“.
Оваа реченица ме замисли и ме натера да се обарам на вас форумџиите.
Историски знам дека, на пример, во Христијанството ако некој се самоубиел не можел да има „нормален“ погреб, а душата на тој кој се одлучил за ваков чин останува во чистилиштето.
Од психолошка гледна точка, добро знаеме дека оние кои се борат со тешка депресија и кои имаат самоубиствени мисли, не можат да го контролираат своите желби и нагони, па разбирливо е дека за истите самоубиството е наједноставниот начин на завршување на маките.
Од друга страна, дали и овој човек е во право? Дали самоубиството е себично?
Токму поради оние кои остануваат.
Што мислите?