Дали самоубиството е себично?

*Маја

Истакнат Член
28 октомври 2013
23
7
103
Пред некој ден наидов на една животна приказна во која еден маж ја раскажува своето непријатно искуство...

Неговиот син кој не му е биолошки, но сепак го смета за свој, извршил самоубиство, а потоа тој продолжува со опишување на своите чувства:
„Јас мислам дека самоубиството е себично! Како може некоја личност да си го одзеде својот живот без да размислува на оние кои ги остава зад себе?“.

Оваа реченица ме замисли и ме натера да се обарам на вас форумџиите.

Историски знам дека, на пример, во Христијанството ако некој се самоубиел не можел да има „нормален“ погреб, а душата на тој кој се одлучил за ваков чин останува во чистилиштето.

Од психолошка гледна точка, добро знаеме дека оние кои се борат со тешка депресија и кои имаат самоубиствени мисли, не можат да го контролираат своите желби и нагони, па разбирливо е дека за истите самоубиството е наједноставниот начин на завршување на маките.

Од друга страна, дали и овој човек е во право? Дали самоубиството е себично?
Токму поради оние кои остануваат.

Што мислите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Kamikaze-about-to-hit-USS-M.jpg

Какви мисли се мотале низ главата на фотографот кога го кликнал ова?
th_template-philosoraptor.jpg
 

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
30
Argentina, Buenos Aires
Пред некој ден наидов на една животна приказна во која еден маж ја раскажува своето непријатно искуство...

Неговиот син кој не му е биолошки, но сепак го смета за свој, извршил самоубиство, а потоа тој продолжува со опишување на своите чувства:
„Јас мислам дека самоубиството е себично! Како може некоја личност да си го одзеде својот живот без да размислува на оние кои ги остава зад себе?“.

Оваа реченица ме замисли и ме натера да се обарам на вас форумџиите.

Историски знам дека, на пример, во Христијанството ако некој се самоубиел не можел да има „нормален“ погреб, а душата на тој кој се одлучил за ваков чин останува во чистилиштето.

Од психолошка гледна точка, добро знаеме дека оние кои се борат со тешка депресија и кои имаат самоубиствени мисли, не можат да го контролираат своите желби и нагони, па разбирливо е дека за истите самоубиството е наједноставниот начин на завршување на маките.

Од друга страна, дали и овој човек е во право? Дали самоубиството е себично?
Токму поради оние кои остануваат.

Што мислите?
Секој живее за себе .Мојот живот ми припаѓа само на мене не припаѓа на други .Треба да се помириме со смртта како еднаква за сите и неизбежна .Тука станува збор за тоа како човекот ги гледа работите ,како е воспитан од најраното детство ,што доживеал понатака и како научил да ги сфаќа работите кои му поминале во животот.Се е тоа гледна точка .За некој добро е денес да убие 20 невини луѓе затоа што растел во средина слична на такви размислувања (има и исклучоци кои живееле во такво општество па не се такви ) .Секоја личност е посебна на некој начин на која сама ја стекнала таа глетка за животот некој го гледа горчлив животот иако има ,некој се радува и кога нема ништо .Тука исто така игра и улогата на душата .Со некои работи се раѓаме ,некои работи ни се вродени ,а некои пак се учат.Тука спаѓаат моралот, несебичната љубов ,пожртвуваност итн .Сето ова ја креира личноста за која самата таа понатака одлучува дали ќе се самоубие или не .Станува збор за личен избор на индивидуата.Јас од моја гледна точка го оправдувам самоубиството како и секоја одлука на човекот(индивидуата) .Тие што зборат така за оние кои се самоубиваат тие се себични од моја гледна точка што не успеале да ги дознаат причините на таа личност која сакала да си го одземе да ја разубедат и да дознаат за нејзините намери да и помогнат .Тој е себичен што неможел да го разбере човекот зашто го направил тоа .Пред некое време гледав едно видео во кое еден јапонски човек се обидува да ги разубеди луѓето на еден брег на кој често се самоубиваат скокајки од него .Тој е несебичен човек ,човек без предрасуди .А овој кој не му е биолошки родител е човек со предрасуди и таквите ги избегнувам за кои неможат да ги сфатат своите блиски и носат стереотипи во себе.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Самоубиството е себично ако поред својот живот повлечеш со себе и други невини животи кои сакаат да живеат,како на пр.овие камиказиве,бомбашиве самоубици....а личностиве што посегаат по својот живот кој им претставува преголем терет и не се способни да се справат со него се само за жал едни психоболни особи кои немале среќа да се излечат или пак имале себична околина која наместо да им помогне, тие ги осудуваат и ги нарекуваат кукавици.
Во двата случаи се работи за ненормални личности или психо лабилни.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Артур Шопенхауер зборел дека според него животот треба да заврши со самоубиство.
Секој човек треба да си го живее животот како што сака и да престане да го живее кога ќе посака. Религиите разбирливо дека ќе го сметаат тоа за грев, ама не навлегувам зошто е тоа така. Имам зборено некаде на форумов одамна на тема слична на оваа и мислењето ми беше нешто како кованица од malo и khz777. Да бараш од некој да живее само за тебе да ти биде убаво е себично и егоцентрично, ко да бараш светот да се менува само за тебе. Тешко е да гледаш како некој близок се одлучува на такво нешто ама негов живот, негови одлуки. Ако некој повеќе не гледа зошто би живеел не знам зошто некој би го сметал тоа за себичност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4 and malo

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Држи муабетот мој живот, мои одлуки...
Ама од друга страна, нели како што почнал спонтано животот, така треба и да се остави самиот тек да си го најде својот крај...
Ама сепак, родител да доживее чедото да му се самоубие и да се помири само со: негов живот, негова одлука....или пак деца да доживеат да им се самоубие родителот и не размислувал што ќе биде понатаму со нив е навистина крајно себично...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Aко родител доживее чедото да му се самоубие веројатно треба да почувствува срам што феилнал така јако.

Самоубиство не се случува онака седнал и му текнало да се самоубие. Ако некој родител се самоубие и ги остави децата сами на себе исто феилнал јако.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не гледам зошто на самоубиството му се дава толкави негативно значење. Умирањето е неизбежно, вака или онака, ке се случи. Точно е дека ниту еден родител не посакува детето да му се самоубие, но исто така ниту еден родител не сака детето да му почине од болест, во сообраќајка, да биде каснато од змија и тн. Разликата помеѓу останатите начини и самоубиството е тоа што кај самоубиството главниот виновник за смртта на жртвата е самата жртва. На сите нам ни е полесно да пребродиме загуба на некој близок, ако обвиниме некој друг за тоа.
Мојот татко се самоуби на некој начин. Самиот по своја волја се разболе и не дозволи никаква помош, намерно си ја влошуваше состојбата, тоа траеше со години... Мене ми е сеедно како починал, болката е таа... Можеби повеке се обвинувам себе си што не се потрудив да направам нешто повеќе за него во тие моменти... Како што вели existence, сме феилнале
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Искрено, ако се разболам од тешка болест и јас не би се влечкала по болници, а исходот би бил ист, само што последните месеци наместо да си ги поминам дома со најблиските ќе треба да ги поминам по испитувања, хемотерапии итн.
Ама тоа не го сметам за самоубиство...едноставно ако сум полна со метастази ќе живеам дури живеам без хемотерапии, зашто тие лекувања би ми дале еден или два месеци плус, поминати в кревет, едвај подвижна, зависна од друг за сите можни физиолошки потреби...
Ама не е исто ако некој си ја фрли јамката околу врат или се отруе со апчиња онака здрав прав из чиста мира...
Мислам дека баш не е сеедно како умрел...болката е таа да, ама ако некој твој најблизок се самоубил ќе те прати вина и грижа на совест до недоглед...ќе те мачи помислата дека си можел нешто повеќе да сториш (а дали си можел навистина да направиш нешто е дискутабилно)...
Не е исто да умреш од болест и не исто да умреш самоубивајќи се на класичен начин...
Тогаш и јас сум самоубиец?(think)
Пушам цигари, не се хранам нешто посебно здраво, знам со што може сето тоа да резултира и тоа ме прави самодеструктивна и суицидална?
Сите имаме проблеми, сите имаме свои демони, сите ние на свој начин поминуваме низ пекол во животот, ама тоа е решението?