Врска без обврска

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Јас исто како и @--Анхис-- не разбирам зошто ова се нарекува врска.

Ова „врска без обврска“ мене ми е ептен глупава работа. Сексуални активности без емоции... што знам мене ми е ко лупање во дрво. Друга работа е што не верувам да постои такво нешто со целосно исклучени емоции од двете страни. Едно е правење екскурзии (one night stand) каде не требаат емоции туку чисто само нагон, друго нешто е континуирано општење и пружање задоволства подолг период. И после тоа демек секој по свој пат и никој ништо нема да чувствува, ко да си програмирал два роботи. Безвезе.
Само ќе ти поставам прашање...Дали можеш да имаш секс ако немаш немаш било какви нагони за да го кренат "адреналинот"!?
Сигурно дека нема да можеш, едино ако испиеш вијагра па да ти се крене машкоста мими твоја воља.Сакам да кажам дека во секоја врска,секој секс,има причинители за обавување на таа активност.
Можеби оваа тема повеќе спаѓа во неверства но да не се расприкажувам...врска без обврска е најконзумираната врска на овој свет.
Кога би можеле да зборат фирмите,здравств.установи,хотелчињата...што се не се работи за време на работно време и после тоа....
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Ам сеа едно е швалерисување, друго нешто е ова „врска без обврска“. Барем колку што јас разбрав ова „врска без обврска“ ти е уствари исто како да си во врска само без чувства и обврски еден кон друг. Фино кажано би било „врска за одржување“. Нешто како пример ти имаш пријател, двајцата сте сингл и си се договарате онака да си се одржавате дур ви е убаво па после ако еден почне „врска со обврска“ овој другиот нема да се налути затоа што нели било меѓусебен договор да нема чувства туку чисто само акција.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Е арно де, сега се вика врска без обврска за да не звучи ко курвање, порано друг назив имало ваљда...не дека е нешто сменето освен тоа.
Фактички, работава е „ми се свиѓаш, ама не комплетно и чекам поарна прилика“...штом дојде приликата - чао. Сега, не дека не се затрескале некои...ехааа, ќе се заодат и засакаат и повеќе од пар што од прв ден официјализирал.
Што сакаат нека прават. Ако мислат/знаат дека можат без да почнат да се однесуваат ко во посветена врска, нека тераат.
Само што ретко кога тоа останува без последици бар за едната страна. Ако ништо друго, бар повредено его кај самиов кога другиот ќе си најде некого што ќе го сака „за со обврска“. Што знам, тогаш ваљда би проработел кликерот да се осетиш деградирано, иако претходно си бил наводно свесен и спремен на последиците.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Вакви врски без обврски ги има претежно кај брачни парови каде што поради икс причини сексуалниот живот е намален или воопшто не се применува,нарочито ккога некој од партнерите има некоја болест,операција или инвалидитет а другата страна иако го сака и почитува и несака да се разведе а жив и здрав човек има потребе да задоволи сексуални нагони си наоѓа иста таква особа која несака да си го наруши бракот а само сака да си ги задоволи апетитите што и фалат дома......Затоа и реков дека оваа тема е повеке за неверсто,но во некои ситуации верувајте дека има оправдано неверство.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@diva orhideja не станува збор во темава за никакво неверство. Остај ти што се случува во болници/школи/канцеларии/штотизнамкаде, темава е за сосема друго нешто. Си биле Петко и Петкана, двајцата биле сингл и седнале и рекле „Абе дај да си се онадиме онака дур да си најдеме по некој за врска. Кога ќе ни се присака ќе се видиме, опа-цупа и после чао пријатно.“ И така биднало Петко и Петкана да имаат врска без обврски. Утре Петко ја наоѓа Митра и ја седнува Петкана и и` вика „Мури доста беше, јас сега сум со Митра.“ и он си заминува, а Петкана не осеќа љубомора или лутина или да биде скршена оти немала љубов кон Петко туку сакала да има кој да ја пегла привремено. Никој не изневерува никого.
 
ЕМИ ТОА ДЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ТИ ГО КАЖУВАМ ПЕТКО.....работава е да се искле***т и никој да не биде тажен кога таа врска ке заврши а незначи и дека неможе да се повтори некад.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
ЕМИ ТОА ДЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ТИ ГО КАЖУВАМ ПЕТКО.....работава е да се искле***т и никој да не биде тажен кога таа врска ке заврши а незначи и дека неможе да се повтори некад.
Па не станува збор за швалерисување и изневерување. И јас тоа веќе трет пат ти кажувам, ти запна со тоа изневерување ко слеп за стап :D
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Па не станува збор за швалерисување и изневерување. И јас тоа веќе трет пат ти кажувам, ти запна со тоа изневерување ко слеп за стап :D
Незнам кој е слеп а кој е за стап ама за оваа тема пред се треба да коментираат повозрасни луѓе,поискусни,позрели, со повеќе километража помината во животот.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Незнам кој е слеп а кој е за стап ама за оваа тема пред се треба да коментираат повозрасни луѓе,поискусни,позрели, со повеќе километража помината во животот.
Затоа што инаку младите не знаат да оценат дали би влегле во врска без емоции чисто за секс па им треба 30 години активен сексуален живот минимум за да може да коментираат. Темава е отворена за сите членови.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Затоа што инаку младите не знаат да оценат дали би влегле во врска без емоции чисто за секс па им треба 30 години активен сексуален живот минимум за да може да коментираат. Темава е отворена за сите членови.
Младите влагаат во секс без врска,во секс за една ноќ.....јас поинаку и подлабоко ја гледам врската без обврска, се обидувам да најдам позитивно,не барам негативности и не ја напаѓам ниту ја критикувам...од сосема друг агол ја гледам...