Врска без обврска

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
^ Ако трае една вечер, тогаш не е врска без обврска, one night stand e.

Jас колку што разбирам, врска без обврска трае подолг временски период, може и до неколку години, ама "партнерите" се гледаат само за секс.

One night stand e фук фук чао, една вечер и уште еднаш никогаш повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tifani

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ништо не мислам за таквите ''врски'' зошто не сум сигурна ни дека можам да ги наречам врски.
Според мене тоа е нешто со кое луѓето се залажуваат сакајќи да заборават дека поважно е да сакаш и бидеш сакан.
Не би западнала во нешто такво од причина што не сум човек кој знае да влезе во нешто, било што, без да вложи емоции и развие чувства.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Selene нашите жени не се приспособени да ја имаат таа способност- да се плеска со некој подолг период а сентиментално да не се приврзи за истиот- уствари менталитетот не ни дозволува да сакаме да сме сингл а да имаме само еден партнер/партнерка. Напоменав тоа може да биде само дискретна врска- која ќе ја одржуваат партнери што се со ограничена слобода (дали се во брак, различни религии, националности, возраст и сл.)
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
The_Mayor ниедна жена не е приспособена за тоа. Не само Македонките.
Може евентуално да спие со некој за една ноќ. После долга врска и болно раскинување, ПМС, збеснати хормони и уште многу други работи. Но кога една жена се гледа со некого, без разлика што е само за секс, не може да е без очекување.

Саманта од Секс енд д Сити постои само таму. Само младинава е таква, од што сме преокупирани со Американски срања од романтични комедии и драми, женските ќе прифатат секаква формулација на врска, само колку да почуствуваат грам сигурност.

Ако има такво женско што имало таква врска на долг период, и излегла без емоции и чувства нека се јави, јас лично ќе се изјаснам дека сум згрешила и дека не е така.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
The_Mayor
Ако има такво женско што имало таква врска на долг период, и излегла без емоции и чувства нека се јави, јас лично ќе се изјаснам дека сум згрешила и дека не е така.
За девојките не знам...а јас сум искусил.
The_Mayor
Саманта од Секс енд д Сити постои само таму. Само младинава е таква, од што сме преокупирани со Американски срања од романтични комедии и драми, женските ќе прифатат секаква формулација на врска, само колку да почуствуваат грам сигурност.
Премногу скромно кажано....јас мислев дека сите се стремат кон најдоброто- а тоа не се мери во грамови.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Друго што и да напишам ке е без врска,туку едно нешто сакав само да кажам односно прашам де,зошто врската е издекларирана како нешто со окови?
Зарем оковите не се ставаат присилно?
Зарем во врска не влегуваме доброволно.Зошто окови тогаш?
Е да,јас сум буквалист,а околината ме доживува како што нејзе во моментот и одговара.Час буквално,час тотално далеку од буквалноста.Зависи на кој како е расположен во моментот,и сам избира колку долго ке му трае тој момент.
Не ги сакам врските без обврски,уживам во прангите,во тој поглед сум мазохист.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and slb_bobo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Друго што и да напишам ке е без врска,туку едно нешто сакав само да кажам односно прашам де,зошто врската е издекларирана како нешто со окови?
Зарем оковите не се ставаат присилно?
Зарем во врска не влегуваме доброволно.Зошто окови тогаш?
Е да,јас сум буквалист,а околината ме доживува како што нејзе во моментот и одговара.Час буквално,час тотално далеку од буквалноста.Зависи на кој како е расположен во моментот,и сам избира колку долго ке му трае тој момент.
Не ги сакам врските без обврски,уживам во прангите,во тој поглед сум мазохист.
Не постојат окови во врската. Никој никого не присилува да се остане во неа. Но мора да се има и разбирање кон другата страна. Зошто ако едната страна што останала изневерена, има комплетно право да и` стави крај на врската. А другата страна нема право да се лути зошто ете, сепак има задоволство со сосема трета личност. Така да, окови не постојат - никого не се присилува да биде сеприсутен во една врска. Но ако неговото шетање на страна не` повредува, тогаш нема тука место за компромиси.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Нешто во стилот на friends with benefits, само без одредени делови
emoticon-0100-smile.gif

што мислите вие за нив? колку е убаво на наши 18, 19, 20 години да немаме сериозна врска?
која е убавината на врските без окови, но и колку траат? и кој ти гарантира дека нема да му бидеш само една од многуте
emoticon-0100-smile.gif


Колку трае страста и дали е вредна?

Кои се тие одредени делови?
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Ве поремети тоа Западот. Јас мислам дека се претеруе со терминот open-minded и самата смисла на истиот се сведува само на сексуалност. Не за врските без обврски,тие се за машки без тестиси и за женски без свое јас.