Врска без обврска

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
И јас еден период (па дури и уште ме држи) си сакав ваква врска без обврска само малку поразлично ја замислував т.е акцентот не го ставав на сексот, а го ставав на сосема различно нешто т.е сум со некој со кој воопшто не се гледам или ете два до три пати месечно, не ми досаѓа по телефони ја никако не би му вртела не сакам да сум натрапник, не ме распрашува што како зашто ниту ја него не би го прашувала, кога ќе се видиме даваме репорт во два три збора за периодот кога не сме биле заедно, малку интимност (што не мора да значи секс) и толку до следно видување :) Е и по можност тој некој да е од друг град, или држава сеедно оти од ист/а тешко се одржува ова.

Штета што не постојат вакви луѓе, ама ја ќе продолжам да си ги барам :)
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Другар ми имаше :( Ептен ми беше жал да го глеам, се затреска во една девојка која беше две години постара и имаше еден богат дечко. Отворено му кажала дека не планира да раскине со дечкото зошто сакала да биде богата и децата да и имале убав живот (ова се нејзини зборови верувајте, мада и другар ми не е сиромашен ама не знам што и се вртело во глава) иако тој инсистираше да бидат заедно, таа да раскине со дечко и, не успеа. Многу ја сакаше и прифати да се гледа со неа само кога нејзе ќе и текне. Го бараше додека е со нас другарите, го бараше додека е во школо (матурант беше другарот) и тој одма без да размислува заминува. Еднаш додека бевме на кафе му рече дека таа не била за него, заслужувал нешто подобро од неа, некоја што ќе знае да сака и што ќе биде само негова. Сето тоа ми беше тоооолку неверојатно, прво мислев дека девојчето гледа многу филмови и толку многу беа блиски, толку добро изгледаа заедно, мислев дека ќе завршат заедно на крај. Се гледаа скоро година време, потоа другар ми не можеше да издржи веќе и раскина. Уште многу ја сака, дури и чува еден куп слики од нив заедно во мобилен. Постојано го зезаме дека имаат трагична судбина како Ромео и Јулија :(