ЕвроБаскет 2015 (Хрватска, Франција, Летонија, Германија)

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ау Босанциве како победија против Израел. Прво погодија ептен среќна тројка за продолженија и после тоа истиот играч во последна секунда погодува за победа. Израелциве ептен ги потценија, Каспи ги растури ама не беше доволно. Според мене и покрај победава, Босна е втора најслаба репрезентација на првенствово, после нас нормално. :)
Сега почнаа Французиве, ќе биде јако.

Хезоња не заеба ништо, тој е ептен добар играч, можеби и најдобриот млад играч моментално во Европа. Само тој имаше храброст да шутира, што не земаа топка другите? Шарич им ја пренесува топката, тоа е доказ дека немале никаква идеја што да прават.

И гледам пак не веруваш што можат Грците. Демек толку им се слаби играчите па не можат ни за медал да се борат. Ако не си слушнал за нив не значи дека се слаби.
Кажав и пред утакмицата дека тие играчи немаат никаков страв кога е тесна утакмицата, не им се тресат рацете како на други. Нашиве играчи на пример одма ги фаќа паника и се губат, пример Дамјан во 2011 против Русија го фрли во вода бронзениот медал, кога промаши сам под кош. Е такви ситуации и уште милион други ги поминале Грчките играчи посебно Спанулис и Принтезис и никогаш немале ни страв ни ништо. Тоа го можат само големи играччи, исто како Шпанија што ги има Гасол и Родригез, Франција Паркер и Батум, така и Грците кога ќе е тесно ги имаат Спанулис и Принтезис.
Можеби нема да освојат злато, ама шансите за медал им се 90%.
Не мешај сега баби и жаби. Спанулис и осталиве што ми ги броиш имаат огромно искуство зад себе. За Дамјан ако не се лажам тоа беше прво првенство и преголем залак за него. Додека Спанулис и баграта освојуваа првенства до 20 години, нашите се вртеа у Б- дивизија. На Спанулис, Борусис и Зизис се сеќавам уште пред 10 години кога играа, не мора да ми ги појаснуваш. Ти бодри си ги нив, ќе видиме дали ќе догураат за медал.

Ко секое првенство и ова се десија неколку изненадувања. Белгија ја кутна Литванија и победата на Босна против Израел за мене беше изненадувачка.
Летонија победи против Чешка, изненадувачки мала разлика за Финска против Русија - очекував поголема разлика, и моментално би рекол изненадувачко водство за Естонија против Украина. Ќе видиме дали Естонците ќе издржат до крајот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Mајке им нивно водостопанско, за малку ќе играа продолженија. Паркер којзнае што му стана, ко да го фати трема последниве 2 минути.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Море имаа среќа што не играше Богданович, матер ќе им ..... Хезоња ја заеба на крај со 2 промашени 3ки и спасија гз. Ако овие играат за медал јас не гледам повеќе кошарка. :banghead

Спанулис е супер-трол во кошарката, може да го нема никаде 3/4 и во последната да намлати 15 коша од кои 3 тројки во серија за пресврт од минус осум :zelen
Нема трема ликот, делува како да не го тангира ни публика ни резултат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не мешај сега баби и жаби. Спанулис и осталиве што ми ги броиш имаат огромно искуство зад себе. За Дамјан ако не се лажам тоа беше прво првенство и преголем залак за него. Додека Спанулис и баграта освојуваа првенства до 20 години, нашите се вртеа у Б- дивизија. На Спанулис, Борусис и Зизис се сеќавам уште пред 10 години кога играа, не мора да ми ги појаснуваш. Ти бодри си ги нив, ќе видиме дали ќе догураат за медал.

Ко секое првенство и ова се десија неколку изненадувања. Белгија ја кутна Литванија и победата на Босна против Израел за мене беше изненадувачка.
Летонија победи против Чешка, изненадувачки мала разлика за Финска против Русија - очекував поголема разлика, и моментално би рекол изненадувачко водство за Естонија против Украина. Ќе видиме дали Естонците ќе издржат до крајот.
Па ако толку ги знаеш како што викаш тогаш што ми кажуваш дека против нас Спанулис бил како пиче и само слободни погодувал, а после викаш дека ако стигнеле до медал немало да гледаш кошарка. Изгледа само првенства гледаш. :)
И не ги бодрам јас туку си кажувам какви играчи се тоа, пола живот ги гледам како играат и никогаш досега немаат покажано страв во битни моменти. Не им е гајле на нив ни за публика ни ништо, како сами да се во сала играат.
Спанулис е супер-трол во кошарката, може да го нема никаде 3/4 и во последната да намлати 15 коша од кои 3 тројки во серија за пресврт од минус осум :zelen
Нема трема ликот, делува како да не го тангира ни публика ни резултат...
Памтам таква ситуација во Евролига имаше. Цел меч го нема никаде човекот за на крај со 2 тројки и 1 асистенција да го сврти мечот. Тоа е луд играч, кога најмногу треба тука е. А не како нашиве, никој нема храброст да нападне кош, ја фрлаат топката како жешка да е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Браво за борбеноста на Полјаците покажаа дека се пријатно изненадување оваа година, но најголемо се дефинитивно Белгијците. Тие во наша група беа во кфалификациите еднаш загубија во Скопје а кај нив победија, а сега на Евробаскетот го победија и вицешампионот.
Досега најинтересен дуел ми беше Хрватска - јужен сосед.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Германија - Турција и Шпанија - Италија ќе бидат многу добри утакмици.

Турците среќно ја победија Италија а од Шпанија си го добија. Германија според мене има повеќе шанси за победа, бидејќи кај Турција нема некој играч што може да го чува Дирк. Затоа имаат добри шутери, високи плус што значи би требало да играат широко и да се обидат со брзи шутеви да победат. Ако ги натераат на игра во рекет јас мислам дека Германија лесно ќе победи.

Шпанија и Италија имаат исто поени. Кој ќе победи ќе биде на едно од првите две места, според мене. Јас си навивам за Италија ама ако играат Шпанците како вчера тогаш лошо ќе е. Треба само да се натераат да играат побавно и готови се, ако им дозволат контри и чисти шутеви ќе ги отворат. 50-50 се шансите според мене.

Грците лесно до победа. Грузија може нас да ни направи проблеми.

Хрватска ќе не победи нормално, плус тоа што немало да играат клучни играчи кај нас (демек ги имаме), ќе се чувале за утре. Очекувам пораз од 10+ и партија на кариерата на некој од центрите на Хрватска. Сега им е шансата бидејќи немаме центри ние.