ЕвроБаскет 2015 (Хрватска, Франција, Летонија, Германија)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@The Tramp го виде кој е Спанулис? А и другар му Принтезис добар бил викаат. Ти реков јас како ќе биде ти не веруваше, кога се кршеше резултатот Васил им бапна 2 тројки и ги утепа. Овој другиов го има усовршено флоутерот што мислам дека и да го разбудат од спиење ќе погоди 10/10. Тие се уиграни двајцата, нема заебанции. Не верувај пак. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Леле гледам хајлатјс од Франција - Босна, па тоа било атрактивно за гледање, цепелини летале на сите страни. А Шпанциве па расутр направија со тројките и со контри. Премногу добро играа, мислам дека нема да ја задржат истава игра ама би требало до финале да стигнат. Иначе оваа игра е за медал, многу добро. А и одбраната на Турците не беше нешто слаба па да си речеш ај овие едвај ги чуваа. 104 поени им дадоа Шпанциве. Партали.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па очигледно е дека нема да се повтори 2011 или па некој успех повеке со оваа постава ЗА ЖАЛ !
Има некој страв некоја паника и тука и во Фудбалот ,тоа ти е исто како Артим кога постигна гол од корнер па му требаше 12 секунди да се порадува затоа што ни он не знаесе каде шутна , којзнае каков ветер дувал во моментот па така топката срекно си влезе :)
Слична ситуација со Русија 2011 кога еден од близнаците сам под кош си стоеше си шутна и промаши ,паника и страв имаше кај него и дојде до тоа почетничко промашување...
Така да и оваа година исто ке ги бодриме како и секогаш и да се надеваме на повеке победи , далеку се од избраниците во 2011 да не се лажеме али со труд и добра тактика би имало успех !
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Литванија што направи (facepalm) поштено си го добија на крај. Ептен интересна утакмица беше, во последна четвртина полудеа Белгијциве. На крај им го плеснаа во последна секунда. Мајсторски. Овој Лојески што игра во Олимпијакос играчиште е.
Русија па толку е слаба што и ние би ги победиле. Изгубија од Финска исто како Литванија што изгуби од Белгија.

Ние ако поминеме понатаму (чудо ќе биде тоа ама ај да се надеваме) ќе играме или против Белгија или Литванија. Колку сакам да поминеме и да гледам пак како губиме 20 разлика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Култната Белгија го совлада еден од фаворитите и актуелен вицепрвак - Литванија :zelen
Русија го прими и од Финска:rofl
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
@The Tramp го виде кој е Спанулис? А и другар му Принтезис добар бил викаат. Ти реков јас како ќе биде ти не веруваше, кога се кршеше резултатот Васил им бапна 2 тројки и ги утепа. Овој другиов го има усовршено флоутерот што мислам дека и да го разбудат од спиење ќе погоди 10/10. Тие се уиграни двајцата, нема заебанции. Не верувај пак. :)
Море имаа среќа што не играше Богданович, матер ќе им ..... Хезоња ја заеба на крај со 2 промашени 3ки и спасија гз. Ако овие играат за медал јас не гледам повеќе кошарка. :banghead
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ау Босанциве како победија против Израел. Прво погодија ептен среќна тројка за продолженија и после тоа истиот играч во последна секунда погодува за победа. Израелциве ептен ги потценија, Каспи ги растури ама не беше доволно. Според мене и покрај победава, Босна е втора најслаба репрезентација на првенствово, после нас нормално. :)
Сега почнаа Французиве, ќе биде јако.
Море имаа среќа што не играше Богданович, матер ќе им ..... Хезоња ја заеба на крај со 2 промашени 3ки и спасија гз. Ако овие играат за медал јас не гледам повеќе кошарка. :banghead
Хезоња не заеба ништо, тој е ептен добар играч, можеби и најдобриот млад играч моментално во Европа. Само тој имаше храброст да шутира, што не земаа топка другите? Шарич им ја пренесува топката, тоа е доказ дека немале никаква идеја што да прават.

И гледам пак не веруваш што можат Грците. Демек толку им се слаби играчите па не можат ни за медал да се борат. Ако не си слушнал за нив не значи дека се слаби.
Кажав и пред утакмицата дека тие играчи немаат никаков страв кога е тесна утакмицата, не им се тресат рацете како на други. Нашиве играчи на пример одма ги фаќа паника и се губат, пример Дамјан во 2011 против Русија го фрли во вода бронзениот медал, кога промаши сам под кош. Е такви ситуации и уште милион други ги поминале Грчките играчи посебно Спанулис и Принтезис и никогаш немале ни страв ни ништо. Тоа го можат само големи играччи, исто како Шпанија што ги има Гасол и Родригез, Франција Паркер и Батум, така и Грците кога ќе е тесно ги имаат Спанулис и Принтезис.
Можеби нема да освојат злато, ама шансите за медал им се 90%.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Очекував пораз на Русија, ама се шокирав кога видов дека Литванија загуби од Белгија
Сеуште неможам да верувам..:x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider