И тоа колку несреќно изгубија Германците. Ја гледав на нет, и Србија имаше 3 предност и Германциве им лупнаа тројка, Шафарцик мислам се викаше тој. После тоа примија кош на секунда до крај, немаа доволно време уствари имаа доволно време за шут ама немаа време да се намести тој што требаше да шутира. Последната четвртина посебно последните 5 минути ги одиграа многу доббро, ви реков јас не треба да се потценуваат толку вие не.
Србите како нас, само тројки шутираат само што разликата меѓу нив и нас е тоа што кај нив само тие што треба да шутираат тројки шутираат, затоа и толку се прецизни а не како кај нас кој стигне шутира, па дури и шутерите кај нас не се прецизни така да исто ни се фаќа.
Најнервозното нешто за гледање е тоа кога немаат никаква идеја во напад туку само тројки шутирај, какви се тие кошаркари што само тројки шутираат. Ја победиле Холандија, чудо големо, велесилата. Оди победи ја Шпанија да те видам.
Немачка не е толку слаба ама ипак зависи од Дирк, порано имаа многу симпатична екипа, беа трети еднаш на СП и втори на ЕП (имале и освоено ЕП порано )
Холандија како аматери ми делуваат, присобрано нешто...
Имаше еден центар Де Јонг или така нешто, нешто помалку лош од другите, фаца и конституција - Валанчунас за сиромашни