И за рандом фан е ок. Не е ок за неутрален гледач. Разбирливо, неутралниот гледач сака забава, многу голови, пресврти... И шампион со 0-0 не се станува. Значи мора да се игра на победа. И сега се се сведува на оние директни дуели како што и ти рече, во кои треба да се одигра на резултат. И тука неутралните гледачи можат да се обесат ако сакаат што се однесува до Мурињо. Тој ќе си одигра како што му одговара на клубот. Никој не дава награди за убава игра. Во спортот е важен резултатот. Оттука, секој што е неутрален гледач или противник на Мурињо може да го мрази и да негодува.
Кога сме кај убавината, како што постои совршен напад така постои и совршена одбрана. Мнозинството гледачи преферираат напад. Најпопуларните фудбалери се напаѓачи кои даваат голови. Никој не дава златна топка на дефанзивец кој одиграл перфектна сезона. Тоа се си е ок. Но јас на пример, како што знам да уживам во добар напаѓачки фудбал знам да уживам и во добра одбрана и контранапади. Јас не сум пребирлив, иначе ќе гледав само Холандска втора лига со пуканки во раце. Но јас гледам калчо и кога Италија е во форма и оди до финале на СП и ЕП уживам во нивниот начин на игра. Ме исполнува. Има глава и опашка, знаат луѓето што сакаат. Еден тим кој дише заедно, како тимовите на Жозе. Тој би бил идеален селектор на Италија еден ден. Имаше еден натпревар Италија - Холандија 0-0 на ЕП во кој Италија играше 60 минути со играч помалку. Супер натпревар, уживав во секоја минута.
На страна вкусовите: во спортот го користиш најсилното оружје, треба да знаеш како да одиграш со она што го имаш на раасполагање. Тука му нема рамен на Мурињо. Со Порто освои ЛШ и предходно ЛЕ. Со Порто, тим со половина играч (Деко). Никој и никој собрани, Нуњо Гомеш во нападот и слични од тој ранг... го елиминираше Манчестер ако се сеќавам добро. Со Интер ги помина прваците на Русија, Англија, Шпанија и Германија. Со Интер, кој не можеше едно коло во нокаут фаза да помине со Манчини. Една заедничка работа имаа Порто, Челзи и Интер под Мурињо: тимови кои дишат како еден. Се движат како еден, секој има задача, секој знае што и како треба да прави, сите се мотивирани до максимум. Се сеќавам на двомечот со Челзи кога пред натпреварот англиските медиуми го исмејуваа тимот на Мурињо а по натпреварот читав англиски колумни со текстови кои одеа вака: „Тимот на Жозе изгледаше како џин на теренот кој се појавуваше од секој агол...“
Мурињо е добар во создавање машинерија. Неговите екипи знаат да делуваат непробојно, тој знае како да ги постави работите за се да изгледа совршено.
@existence, токму од овие причини јас знаев дека тој нема да успее во Реал. Таму бараат „убав фудбал“. За Мурињо да победува него му е пред се потребна силна дефанзивна линија и организација, додека во Реал менаџментот и навивачите го одредиле стилот на игра уште од поодамна и тоа е тоа. Дефанзивци не им требаат, Серхио Рамос им е целата дефанзивна линија. Жозе играше отворено и прими 5 комада од Барса. Тоа се случува кога се надигруваш со противникот а немаш играчи за таква игра.
Мајсторијата на тренерот не е да игра отворено и да даде гол повеќе туку да го извади најдоброто од тимот што го има и да постави тактика која им одговара на играчите што ги има. И тој тоа го прави.
Затоа, можам да разберам да не ви се допаѓа играта на Мурињо, тоа е сосема во ред, но треба барем да се има респект кон човек што победувал со сите екипи во кои што играл, без разлика што често пати бил со полош играчки кадар.
Интересна дискусијава. Барем за мене, пошто и тоа е прашање на вкус, мене може ми е интересно а вие сакате да си пукате во колено кога ме читате