Филмски клуб

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прво се извинувам што не пишав ништо за Taking of Pelham. На кратко, се сеќавам на филмот не во детали, но ми остави впечаток на пристоен стар хејст филм кој ме држеше во неизвесност до самиот крај. Ништо претерано посебно но подобар од римејкот, затоа што доаѓа од она време во кое дури и крими филмовите беа повеќе character driven за разлика од сега во кои повеќето се сведуваат на акција, брканици и пукотници.

Кога сме кај тоа, не дека имам нешто против крими филмови ама овие ваквите како Boondock Saints не се мој тип. Многу пукање, многу галама, Раде Рогожаров повремено одлепуеше без причина, не многу логика, детектив кој ги визуелизира работите од прва џоа Шерлок Холмс, кримииналци што зборуваат 10на јазици и пак го утињаат рускиот како за инает... општа мешаница ме беше филмот, но во главно кај мене проблем е што не можам да се поврзам за филм во кој не ми е гајле за ликовите. Значи буквално нема ни еден лик што ми се допаѓа и ни еден лик што ми пречи, тотално сум индиферентен во врска со тоа кој ќе преживее а кој ќе умре и што е до мене сите можат да кршат глава.

Ова не е некој хејт на филмот, за тоа што е филмот и не е лош, само не е мој тип на филм.

Се` е тоа игра на перцепции, посебно кога се однесува до крими филмови пошто има поджанрови, некои се ложат на филмои со судења, некои со несфатливо глорифицирани сицилјански или руски полуписмени ликови од некои селендри, некои со српски филмови каде што зборот `брате` е непропорционално застапен, некои со грабежи, некои со бекства од затвор...

Дефо не беше Шерлок Холмс него си вршеше коректна инспекторска работа само што во споредба со останатите дебили од полицијата делуваше генијално. Што и не е далеку од реалноста, бројот на истраги сјебани ради дебилни цајкани е огромен.

Овој филм некако ми прирасна при срце а на прв поглед нема ништо со кое теоретски би требало да ме привлече. Така е понекоаш и со женска, си викаш никако не беше мој тип, теоретски, ама се зацапав до уши...

Ликовите се живописни, Фланери е детска фаца, од оние кои тетки и стрини ги штипкаат за обравчиња, Ридус е рандом лик со притаена социопатска црта, за Коноли и Дефо не треба да се трошат зборови, легенди, а италијанот цело време напнат како Раде, небаре како мал го испуштиле во вреќа со амфетамини и се наголтал за цел живот :rofl. Исто како Раде, колку и да е на моменти напорен, секогаш остава простор за да ти биде симпатичен :kafe

Настрана тоа, има и загрижувачка карактеристика филмот, нема ниту еден женски лик, се појави една на почеток ама беше нешто како маж, трансвестизам, мејл бондинг, педери... сигурно продуцентот или режисерот или сценаристот се гееви. Или сите тројца :^) Не е важно на крај, важно напраиле интересен филм за мали пари :)
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Е ај не зезај како не е како Шерлок Холмс? Доаѓа на сцена на злосторот, разгледува една минута, прогнозира два куршуми иако никој не слушнал пукање, наоѓа од каде течела вода и одма ја креира сцената. Ајде тоа, не е ништо посебно, ама пази ја логиката во ваквите крими филмови: наместо да го убијат внатре, тие го врзуваат едниот, и го ваѓаат другиот на улица на сред бел ден за таму да го убијат.

Попара е филмов, no offence :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Раде Рогожаров бе :rofl

Даниел Фарадеј од LOST
hqdefault.jpg


Лазе Бараков од Мокрино:
971678_477889692299407_911505859_n.jpg


Имав подобра слика за споредба ама не можам да најдам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Зa пoследниoт филм...
Двaјцa брaќa нa нa кoи им е филм дa убивaaт лoши мoмци, убивaaт се штo ќе им се види кaкo пoтенцијaлнo злo. Oд ситни риби дo пoзнaти и мoќни мaфијaши. Без никaкви претхoдни пoдгoтoвки, без пoсебни плaнoви, сaмo сo гoспoд нaпред и бенг бенг и сите пaѓaaт кo крушки. Имa ептен сцени безвезa дa не се пoвтoрувaм сo некoј штo кaжaл пoгoре.
Целo време мислев декa нa крaјoт ќе се деси нештo, некoј пресврт нештo штo мaлце ќе гo oпрaвдa филмoт, aмa не... Брaќaвa невoзмoжнo ни дa се фaтaт, зa дa се убијaт муaбет дa не прaвиме, зa пријaтелoт сo кoсите не сфaтив кaкo беше зaмешaн сo тие гoлемите фaци пa ги знaеше сите, финтaтa сo девет луѓе и шест куршуми... Кoј кaкo зoштo гo испрaтил, oд кaде тoј сo тие штo гo нaрaчaa убиствoтo, кoи се тие и зoштo им беше битнo дa умрaт тие луѓе...
Мнoгу рaбoти не рaзбрaв, мнoгу ми беa нелoгични, дoбрa стрaнa штo имaше нештo смешни мoменти, a и јaс истo зaприметив декa слaбo жени вo филмoт, aмa сo ликoт нa пoлицaецoв се нaпрaвилa некoјa рaмнoтежa кoлку тoлку :D
И тoa, не ми се свиѓaше.
@Io Sono aкo сaкaш филм дa кaжеш...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
@Io Sono aкo сaкaш филм дa кaжеш...
Се мислев да одам со еден многу убав и крајно комплициран филм за кој треба доста анализирање... но мислам дека не е времето уште ќе причекам со тоа додека не се присоберат повеќе луѓе.

Сега со еден филм кој сметам дека е потценет, лесен трилер/драма филм кој ми се допаѓа и за кој сметам дека и украдоа Оскар за најдобра женска улога на Diane Lane: Unfaithful (2002)

Има добри изгледи да ви е изгледан веќе, јас во секој случај планирам да го репризирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Е ај не зезај како не е како Шерлок Холмс? Доаѓа на сцена на злосторот, разгледува една минута, прогнозира два куршуми иако никој не слушнал пукање, наоѓа од каде течела вода и одма ја креира сцената. Ајде тоа, не е ништо посебно, ама пази ја логиката во ваквите крими филмови: наместо да го убијат внатре, тие го врзуваат едниот, и го ваѓаат другиот на улица на сред бел ден за таму да го убијат.

Попара е филмов, no offence :)

Не си го гледал со внимание филмот :)
Тој дебилот инспектор шо беше прв на место злочина спомена излезни рани кај лешевите, кажаа и некој голем калибар така да не мора да се слушне пукање коа имаш лешеви со излезни рани, сигурно не ги каснал зајак :zelen
Шољата и казанчето логично наведуваа на заклучок дека некаде има течење на вода пошто сигурно не ги влечкале со километри туку биле локални. Ако некој извади шоља и казанче нормално дека ќе протече.
А тоа со врзувањето, филмски финти, ги има често...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ја малце каснам со муабетов, ама ме фати некоја мрза, па месецов слабо со филмови. Морам да кажам браво за Хоуп што го избрала Witness for the prosecution. Имам кажано и порано дека некако од почеток ко видам црно-бел филм, не ми се гледа, (Знам дека има одлични црно-бели филмови, ама ја сум од оние што ценат визуелна убавина на филмов, со бои, а во црно-беливе нема вакво нешто.) ама кога прочитав Агата Кристи на почеток, морав да го погледнам.
И овој пат кралицата на suspense трилерчиња, не ме изненади. Одлична приказна. Го држи вниманието од почеток до крај. Добра глума од луѓево, иако повеќето првпат ги гледам. Во топ 10 филмови ми е сигурно. Ќе се погледне и Пелхам, иако го имав во план и новиот да го гледам, ама прво стариот ќе биде. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Io Sono

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Филмчево интересно.
Се работи за една среќно омажена жена и мајка, која сосема случајно ќе запознае млад и згоден дечко со кој ќе почне тајна врска.
Приказната понатаму е навидум обична и очекувана, сопругот дознава и во моменти на нервоза го убива, ама филмчево си е скоцкано ептен, така да треба да се погледне дефинитивно. Има нешто подлабоко, ептен реално и вистинито за неверството, страста и губењето на разумот од двете страни, онаму каде огромната страст ти го поматува разумот да си ја ризикуваш среќата на семејството за неколку пати добар секс, и моментите кога за среќата на семејството си спремен да убиеш....
Дечкото ептен згоден и симпатичен, воопшто не ја окривувам типката што направи грев, кој не би :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Познат ми е филмов, може порано да сум видел на тв дел, a bit of а chick flick ама не е важно... Мејнстрим америчка породица од нешто повисок социјален слој, фино одржан пар кој касно се решил за дете, случајна средба на сопругата на Ричард Гир со некој лепотан на кого му текнало малку да разбие рутина, секс со милфица бајаги постара од него иако истовемено испадна дека има и женска и екс-жена, нешто како маалски ебач, е сеа милфицата почна да гаи емоции разбудени поради фасцинацијата со младиот господин - шверцер на стари книги .
Малку е веројатно дека некој лик кој на располагање има врснички или помлади женски во секое време да и овозможува редовни сексуални сеанси на милфица, ок еднаш-двапати разбирливо али како на филм...
Госпоѓата, веројатно повеќе задоволена од фактот дека сеуште е привлечна за млади пастуви него од самиот секс, брзо се вплетка во долготрајна јебачина која секако ќе резултираше со крах на породицата ако во причата не се замешаше сопругот со плот твист во вид на тврд предмет кој заврши во черепот на швалерот.
После тоа парот пак си легна на брашното, господинот со бремето на убиство а госпоѓата со бреме на предавник, одлучија да го заборават сето тоа како да не се десило и си продолжија со лагодниот живот и одгледувањето на синот.

Ок филмче, онака (оваа изјава е потврда дека не сум праф маш)
Типката ја имам видено во некои постари филмови, а Ричард Гир стандард, просечен глумец, никогаш не е лош но никогаш нешто екстра да одглуми...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and Хоуп*

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
После тоа парот пак си легна на брашното, господинот со бремето на убиство а госпоѓата со бреме на предавник, одлучија да го заборават сето тоа како да не се десило и си продолжија со лагодниот живот и одгледувањето на синот.
Не баш. Филмот има недефиниран крај. На самиот крај колата стои на семафор покрај полициска станица и никогаш не заминува. Она што е интересно е дека предходно бил снимен поинаков крај, во кој Ричард Гир влегува во станицата да се предаде. Подоцна одлучиле да остават на желбите на гледачот, што мене посебно ми се допадна.

Типката е Diane Lane која е дел од една фантастична генерација која започна во филмовите на Francis Ford Coppola како The Outsiders и Rumble Fish. Некои од нив направија големи кариери, некои потонаа во заборав. Дајана е некаде во средината, глумеше во просечни филмови а сега се појавува на стара слава во Супермен.

Типот е Olivier Martinez кој е познат по некои француски филмови ама многу повеќе по врската со Kylie Minogue за која таблоидите замараа со години.

Richard Gere е адвокатот на Edward Norton.

Кога ќе напишеш едно име на латиница потоа треба и сите останати. Не знам зошто.

Филмчето е лесно, не е никаков brainer, но ми се допаѓа како е сето тоа убаво скоцкано и се гледа во еден здив. Нема вишок сцени, нема ништо досадно и сето тоа е убаво легнато на музиката на извесен Jan A.P. Kaczmarek. Најмногу ми се допаѓа да размислувам што после завршната сцена, дали е можно да се закрпи тој живот и да се продолжи понатаму. Најверојатно е дека Ричард влегува во станицата, но би сакал да ги замислам на плажа во Мексико. Не дека заслужиле, ама и Гатузо не заслужи да има фудбалска кариера па ете... Убави работи се случуваат во животот.

Така @Хоуп*?