Прво се извинувам што не пишав ништо за Taking of Pelham. На кратко, се сеќавам на филмот не во детали, но ми остави впечаток на пристоен стар хејст филм кој ме држеше во неизвесност до самиот крај. Ништо претерано посебно но подобар од римејкот, затоа што доаѓа од она време во кое дури и крими филмовите беа повеќе character driven за разлика од сега во кои повеќето се сведуваат на акција, брканици и пукотници.
Кога сме кај тоа, не дека имам нешто против крими филмови ама овие ваквите како Boondock Saints не се мој тип. Многу пукање, многу галама, Раде Рогожаров повремено одлепуеше без причина, не многу логика, детектив кој ги визуелизира работите од прва џоа Шерлок Холмс, кримииналци што зборуваат 10на јазици и пак го утињаат рускиот како за инает... општа мешаница ме беше филмот, но во главно кај мене проблем е што не можам да се поврзам за филм во кој не ми е гајле за ликовите. Значи буквално нема ни еден лик што ми се допаѓа и ни еден лик што ми пречи, тотално сум индиферентен во врска со тоа кој ќе преживее а кој ќе умре и што е до мене сите можат да кршат глава.
Ова не е некој хејт на филмот, за тоа што е филмот и не е лош, само не е мој тип на филм.
Се` е тоа игра на перцепции, посебно кога се однесува до крими филмови пошто има поджанрови, некои се ложат на филмои со судења, некои со несфатливо глорифицирани сицилјански или руски полуписмени ликови од некои селендри, некои со српски филмови каде што зборот `брате` е непропорционално застапен, некои со грабежи, некои со бекства од затвор...
Дефо не беше Шерлок Холмс него си вршеше коректна инспекторска работа само што во споредба со останатите дебили од полицијата делуваше генијално. Што и не е далеку од реалноста, бројот на истраги сјебани ради дебилни цајкани е огромен.
Овој филм некако ми прирасна при срце а на прв поглед нема ништо со кое теоретски би требало да ме привлече. Така е понекоаш и со женска, си викаш никако не беше мој тип, теоретски, ама се зацапав до уши...
Ликовите се живописни, Фланери е детска фаца, од оние кои тетки и стрини ги штипкаат за обравчиња, Ридус е рандом лик со притаена социопатска црта, за Коноли и Дефо не треба да се трошат зборови, легенди, а италијанот цело време напнат како Раде, небаре како мал го испуштиле во вреќа со амфетамини и се наголтал за цел живот . Исто како Раде, колку и да е на моменти напорен, секогаш остава простор за да ти биде симпатичен
Настрана тоа, има и загрижувачка карактеристика филмот, нема ниту еден женски лик, се појави една на почеток ама беше нешто како маж, трансвестизам, мејл бондинг, педери... сигурно продуцентот или режисерот или сценаристот се гееви. Или сите тројца Не е важно на крај, важно напраиле интересен филм за мали пари