Дали национализмот е штетен?

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Сега не замерувај ми на терминологија, јасно е дека ти не се чувствуваш како припадник на одреден народ но јас морам некако да го формулирам прашањето. Затоа што и ти и јас, макар на хартија припаѓаме некаде. На пример, што се пиша на претпоследниот попис? :)
Можеби паралелата со геноцид погрешно ја одбрав, ајде да речеме хипотетички конфликт во кој не се знае кој прв почна, исто така хипотетички ти си заглавен во истиот и мора да заземеш страна или ќе се нишаш на некое дрво. Дали ќе заземеш рандом страна од двете или ќе ја заземеш станата на оние на кои им припаѓаш на хартија?

Значи сосема е неважно дали е можно да се случи, замисли дека си роден во Африка и таму се случува целата ситуација.
Инаку тоа што ти пишувам во прво лице не значи дека тебе нешто те таргетирам, може да биде било кој во истата ситуација, неважно. Дискусијата ми е оваа зошто ми е интересна темата а ти си добар соговорник за истата.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Не знам ни дали имаше попис, а не бев ни присутен тој период ако и имало нешто. Ако има во иднина ќе се пишам во графа `останати`, не знам дали за религии прашуваат или не...

Знам де, сакаш да ставиш граници на замисленото сценарио, ете директно кажи утре да избие војна меѓу хунзи и арнаути на која страна ќе бидам? На онаа во која ме пишале родители на некој попис или на агресорската. На никоја од наведените, на своја страна и на оние кои ми значат нешто. Ако тие бидат загрозени од арнаути ќе се пука по арнаути а ако бидат загрозени од хунзи, ќе се пука по хунзи. Повеќе е веројатно дека би биле загрозени од арнаути но можно е и хунзите да направат зулум, се крадело навелико по куќи напуштени и викендици и од хунзи во 2001, ратно профитерство на велико, настрана присилна мобилизација која за среќа повеќе чинам дека не постои...

(се надевам нема да се навредиш од поимот хунзи, така нагалено си имам имиња за сите нации, барем за оние за кои знам алтернативен назив, буба(шваби), жабари, цинцари, четници, балии и усташи, итн....)

Инаку да, арнаутската масовна идентификација ја сметам за дно на дното, барем во европски рамки, барем според она кое го сметаат за нивни `идентитет`.
Не дека маќедонската е нешто поасална, нијанси се во прашање.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Чифути, татари, цигани и јанези :zelen

Него и јас имам едно прашање, ете утре почнува геноцид, разулавени арнаутски орди потпомогнати од сауди-финансирани муџахедини почнуваат да прават зулуми... дали ќе си дадеш отказ таму во иноземство каде што си заработуваш добро (мислам дека спомена нешто така, ако грешам се извинувам) и ќе го фатиш првиот авион за назад за да се пријавиш во одбрана на својот си народ...?

Не за друго, има едно правило кое се вика универзалност на вредности, многу корисна алатка за да човек раздели вистина од лага.

Пошто така може да се дојде до реалните ситуации. Избива рат, од дијаспора никој нема да дојде, синчиња на политичари, бизмисмени и олигарси ќе си ја здувнат у клета грчка или бугарија, оние кои можат да се спасат ќе се спасат... и ќе остане шака луѓе кои за жал искрено веруваат во припадноста кон нација, тие ќе бидат на прва линија, ќе гинат, ќе се враќаат во лимени сандаци, често во еден сандак ќе има остатоци од неколку души, други ќе се вратат слепи, без рака или нога, без слезина или бубрег, без едно крило на бели дробови, психички оштетени за век и веков... и таквите јунаци, херои и воини кои `нацијата` треба да си слави и да ги згрижи ќе откријат дека се сами на себеси, магично ќе изгубат работни места, магично никој `сонародник` нема да сака да ги вработи, магично ниту една `патриотка` нема да сака да излезе со нив на дејт, магично ќе им се затворат сите врати по институциите на `својата` држава...

И после ќе се вратат синовите на политичарите и богаташите и можеби, евентуално, ако се смилуваат - ќе има дадат некое работно местенце за 10.000 денари месечно...меѓувремено возејќи се во бесни коли од кои ќе излегуваат патриоцки ориентирани женски кои нема да им фрлааат мрсул на `хероите`...руини потопени во алкохол и очај, многумина тешко прилагодливи кон цивилство, во наредните години и децении ќе ги полнат гробиштата млади, кој од своја рака, кој онака, како шо пееше Леонард Коен :kafe

Слично и кај арнаутите, и таму одумре арнауцката квази-солидарност на племенска база, секој ден се убиваат меѓусебе, качаците имаат убиено 20 пати повеќе качаци него хунзи од независноста наваму.

Секако, кабаетот е кај напаѓачот и помала трагедија е смртта на агресор него на дефанзивец.
Оној кој до толку нема памет за да учествува во агресија не заслужува да живее. Затоа нацистите се поголеми г**на од сојузниците, јапанците од кинезите, аргентинците од британците, британците од ирците итн.
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не се навредувам јас не сум Хунз јас сум Навахо Македонец :)

Попис имаше ама не им излезе есапот па затоа го прекинаа и сега ние и Сомалија сме единствените држави без попис. Зошто кај нас прво се утврдува саканиот резултат после формално се прави пописот. Затоа те прашав што се пиша на претпоследниот попис. Следно што ќе прават ќе биде електронски попис затоа што тоа е најлесно да се наштима. Прашуваат за религија, во случај да не прашаат треба човек да ги потсети затоа што еден член на семејството кога ќе се изјасни тие по дифолт знаат да ги напишат другите. Обично попишувачи се партиски дибеци кои се како матична служба, знаат се за секого и можат сите да не попишат без да не прашуваат многу многу. Во Чешка на прашањето за религија 15000 луѓе се пишаа Џедаи :rofl.

На страна тоа. Значи твојот одговор е дека ќе си го браниш домот и семејството, што е коректен одговор но и малку наивен, затоа што тоа ти е често најлесен начин да отидеш јабана сосе цело село. А и зборував за ситуација во која мора да бираш, да речеме дека има две групи на бегалци кои бегаат во два различни правци, дали би заминал со спротивниот табор? Сега признавам дека е малку нефер што јас само прашувам а ти одговараш додека јас не дадов свој поглед на работите. А тоа е во причина дека сум во дилема, како и за многу други работи за кои луѓето зазеле став, црно или бело, а јас си признавам дека до крај не ми се јасни во моментов и морам и понатаму да ги мозгам.

Јас уште поодамна расчистив со национализмот откако преку објективно проучување на примери заклучив дека воглавно раѓа омраза и страдања, некогаш со епски пропорции. Но си мислам дека исто така дека никој од нас не е комплетно лишен од национален идентитет, без разлика дали истиот е стекнат по пат на индоктринација или е плод на некакви природни врски со околината. Праксата покажува дека без разлика дали еден човек е националист или не, во услови на криза секој се држи до „своето јато“. Дали сме така програмирани или сепак постојат работи кои не поврзуваат повеќе отколку што не поврзуваат со останатиот свет? И јазикот, културата, спортски клубови, музички групи, традиции... дали е сето тоа така занемарливо или сепак еден дел од нас се идентификува со работи кои ни се блиски и заеднички?

Јас иако не сум националист, добивам нагон на повраќање од патетичен патриотизам, сепак еден дел од мене се поистоветува со луѓето таму. Зошто мене би ме погодувало што луѓето таму живеат лошо а не ме погодува што луѓето живеат полошо во Африка? Не знам, ама ме погодува. Зошто не кулирам и не си ја гледам работата туку се замарам со тоа што се случува таму? Зошто пишувам на македонски форум кога можам да пишувам каде сакам, а сепак тука сакам?

Имам доста неодговорени прашања. И најинтересни ми се темите во кои се уште си барам одговори, за себе лично.

ЕДИТ: На вториот пост утре ќе ти одговорам, во исто време сме пишувале а сега морам да одам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Во ред, и јас ќе напишам уште еден пост и се одјавувам конечно :zelen
Не верувам дека сум нешто посебно наивен бидејќи мојот став се базира на секојдневни искуства и аматерско бавење со историја :kafe
Знам, не е којзнае што но сепак...добро е да има и понекоја тема на форумов каде што ќе има тл-др постови во добра дискусија.

Праксата покажува дека без разлика дали еден човек е националист или не, во услови на криза секој се држи до „своето јато“. Дали сме така програмирани или сепак постојат работи кои не поврзуваат повеќе отколку што не поврзуваат со останатиот свет? И јазикот, културата, спортски клубови, музички групи, традиции... дали е сето тоа така занемарливо или сепак еден дел од нас се идентификува со работи кои ни се блиски и заеднички?

Да појаснам за разликите.
Јазикот, овој кој го пишуваме е конструкт кој се говори само во официјални прилики. Жител на Вевчани со неговиот дијалект да го убиеш нема да може да се разбере со малешевец на неговиот. Hence литературниот јазик. Исто како што истријанин ќе мора да посегне по литературен хрватски за да се разбере со меџимурјец. И сето тоа е во ред, но ако тој јазик треба да ме дефинира, дали англискиот кој го говорам како да ми е роден и кој сум го користел и професионално и приватно во иноземство значи дека сум американец или скраја да е канаѓанин?
Дали хрватско-србијанскиот кој исто така ми е стицајем околности готово како домашен ме прави четник или усташа?

Културата не постои, не барем како унифициран вид на вредности кон кои гравитира одредена популација. Јадејќи чипс или пица, слушајќи англиска музика, користејќи кинески производи, читајќи немачки писатели, учејќи да денсаш рнр или танго, денешната масовна култура е све само не `национална`. И добро е што е така.

Клубовите се доброволна асоцијација и тоа е сосема друга работа, повеќе локал патриотизам него патриотизам.

Луѓето сакаат, сметаат дека мораат или се така навикнати - да припаѓаат кон голема, масовна, бројна група, тоа е таа трагедија на човекот кој нема свој поглед, свои вредности, свој живот па мора да посегнува по масовна идентифкација, славно минато, историски правди и неправди пред да се најде вплеткан во тешка патологија од која нема излез пошто емоцинално се приврзал кон непостоечкото. А тоа што не постои не може да возврати љубаф лол.

Е сега за наивноста.
Лично, многу повеќе би се ставил на располагање на селска стража, макар само со СКС во раце (паповка де) која до последен човек ќе си го брани својот дом, имот, фамилија, пошто нема каде... него да се ставам на располагање на пастирот-кривонога ретарда-клептоман кој е збратимен со Аљи, на министерот за одбрана екс-учк екс-дезертер од војската која денес Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ :rofl или пак мојот живот и здравје да ги ставам на располагање на ХОРХЕ, врховниот командант на оружените сили, начелникот на генералштабот кој беше еден екс-јна манијак од Вуковар, разни рамковни офицери и подофицери, дебили излезени од војна академија и остала неписмена багра...

Немој да ми кажеш дека ова го сметаш за рационален чекор :kafe

Проблемот е во митоманијата, еден мит е дека држаата на секоја позиција има стручни луѓе кои со самопожртвуваност ќе се постават на браникот на домовината. Нит се стручни, нит пожртвовани нит знаат шо прават.
Како во 2001 кога пуштаа резервисти во софт скин возила, автобуси и лади ниви а бе-те-ерите и хамвите дремеа во касарна, нормално без воздушна подршка, онака.
Пошто на трпе ич не му е важно дали ќе загинеш :)
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Чифути, татари, цигани и јанези :zelen

Него и јас имам едно прашање, ете утре почнува геноцид, разулавени арнаутски орди потпомогнати од сауди-финансирани муџахедини почнуваат да прават зулуми... дали ќе си дадеш отказ таму во иноземство каде што си заработуваш добро (мислам дека спомена нешто така, ако грешам се извинувам) и ќе го фатиш првиот авион за назад за да се пријавиш во одбрана на својот си народ...?

Не за друго, има едно правило кое се вика универзалност на вредности, многу корисна алатка за да човек раздели вистина од лага.

Пошто така може да се дојде до реалните ситуации. Избива рат, од дијаспора никој нема да дојде, синчиња на политичари, бизмисмени и олигарси ќе си ја здувнат у клета грчка или бугарија, оние кои можат да се спасат ќе се спасат... и ќе остане шака луѓе кои за жал искрено веруваат во припадноста кон нација, тие ќе бидат на прва линија, ќе гинат, ќе се враќаат во лимени сандаци, често во еден сандак ќе има остатоци од неколку души, други ќе се вратат слепи, без рака или нога, без слезина или бубрег, без едно крило на бели дробови, психички оштетени за век и веков... и таквите јунаци, херои и воини кои `нацијата` треба да си слави и да ги згрижи ќе откријат дека се сами на себеси, магично ќе изгубат работни места, магично никој `сонародник` нема да сака да ги вработи, магично ниту една `патриотка` нема да сака да излезе со нив на дејт, магично ќе им се затворат сите врати по институциите на `својата` држава...

И после ќе се вратат синовите на политичарите и богаташите и можеби, евентуално, ако се смилуваат - ќе има дадат некое работно местенце за 10.000 денари месечно...меѓувремено возејќи се во бесни коли од кои ќе излегуваат патриоцки ориентирани женски кои нема да им фрлааат мрсул на `хероите`...руини потопени во алкохол и очај, многумина тешко прилагодливи кон цивилство, во наредните години и децении ќе ги полнат гробиштата млади, кој од своја рака, кој онака, како шо пееше Леонард Коен :kafe

Слично и кај арнаутите, и таму одумре арнауцката квази-солидарност на племенска база, секој ден се убиваат меѓусебе, качаците имаат убиено 20 пати повеќе качаци него хунзи од независноста наваму.

Секако, кабаетот е кај напаѓачот и помала трагедија е смртта на агресор него на дефанзивец.
Оној кој до толку нема памет за да учествува во агресија не заслужува да живее. Затоа нацистите се поголеми г**на од сојузниците, јапанците од кинезите, аргентинците од британците, британците од ирците итн.

Пишав дека сум во иноземство. Не пишав дека заработувам добро (а би сакал и тоа да го пишам наскоро :) )

Иначе се согласувам со скоро се што кажа погоре. Не би се вратил од причините што ги наброја. Прашањето ми беше што ако се најдеш (ако се најдам) во таква ситуација во која мора да се избере страна. Затоа и така го поставив. Имав една дискусија пред некое време, кога сме тука, во која се дискутираше за психолошките импликации (трауми) кои ги имаат бранителите по конфликтот од 2001. Прашањето ми беше: зошто овие луѓе толку се жалат од некакви психолошки проблеми, кога на пример дедо ми и стотици илјади партизани во WWII поминале далеку потешко па никогаш не го слушнав да се жали од некаков поствоен стрес итн... Одговорот што ми избега беше повеќе од очигледен: сите овие луѓе веднаш по војната беа ресоцијализирани, добија работа, се чуствуваа наградени и почитувани за она што го правеле итн... за разлика од нив, во 2001 луѓето останаа без работа, без пари, со болнички трошоци, за на крај дури и да им ги бараат назад оние средства што некогаш им ги уплатиле. Со еден збор: понижување. Знаејќи го тоа, само два вида луѓе можат да земат оружје во рака ако дојде до тоа: луѓе кои немаат избор и луѓе кои не успеале да сфатат како работи машината. Епилогот е секогаш ист.

Во секој случај, не зборував за национализам и патриотизам, туку за оној момент во кој ако е неопходно да направиме избор, сите ќе одиме од „наша“.

Во ред, и јас ќе напишам уште еден пост и се одјавувам конечно :zelen
Не верувам дека сум нешто посебно наивен бидејќи мојот став се базира на секојдневни искуства и аматерско бавење со историја :kafe
Знам, не е којзнае што но сепак...добро е да има и понекоја тема на форумов каде што ќе има тл-др постови во добра дискусија.

Да појаснам за разликите.
Јазикот, овој кој го пишуваме е конструкт кој се говори само во официјални прилики. Жител на Вевчани со неговиот дијалект да го убиеш нема да може да се разбере со малешевец на неговиот. Hence литературниот јазик. Исто како што истријанин ќе мора да посегне по литературен хрватски за да се разбере со меџимурјец. И сето тоа е во ред, но ако тој јазик треба да ме дефинира, дали англискиот кој го говорам како да ми е роден и кој сум го користел и професионално и приватно во иноземство значи дека сум американец или скраја да е канаѓанин?
Дали хрватско-србијанскиот кој исто така ми е стицајем околности готово како домашен ме прави четник или усташа?

Културата не постои, не барем како унифициран вид на вредности кон кои гравитира одредена популација. Јадејќи чипс или пица, слушајќи англиска музика, користејќи кинески производи, читајќи немачки писатели, учејќи да денсаш рнр или танго, денешната масовна култура е све само не `национална`. И добро е што е така.

Клубовите се доброволна асоцијација и тоа е сосема друга работа, повеќе локал патриотизам него патриотизам.

Луѓето сакаат, сметаат дека мораат или се така навикнати - да припаѓаат кон голема, масовна, бројна група, тоа е таа трагедија на човекот кој нема свој поглед, свои вредности, свој живот па мора да посегнува по масовна идентифкација, славно минато, историски правди и неправди пред да се најде вплеткан во тешка патологија од која нема излез пошто емоцинално се приврзал кон непостоечкото. А тоа што не постои не може да возврати љубаф лол.

Е сега за наивноста.
Лично, многу повеќе би се ставил на располагање на селска стража, макар само со СКС во раце (паповка де) која до последен човек ќе си го брани својот дом, имот, фамилија, пошто нема каде... него да се ставам на располагање на пастирот-кривонога ретарда-клептоман кој е збратимен со Аљи, на министерот за одбрана екс-учк екс-дезертер од војската која денес Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ :rofl или пак мојот живот и здравје да ги ставам на располагање на ХОРХЕ, врховниот командант на оружените сили, начелникот на генералштабот кој беше еден екс-јна манијак од Вуковар, разни рамковни офицери и подофицери, дебили излезени од војна академија и остала неписмена багра...

Немој да ми кажеш дека ова го сметаш за рационален чекор :kafe

Проблемот е во митоманијата, еден мит е дека држаата на секоја позиција има стручни луѓе кои со самопожртвуваност ќе се постават на браникот на домовината. Нит се стручни, нит пожртвовани нит знаат шо прават.
Како во 2001 кога пуштаа резервисти во софт скин возила, автобуси и лади ниви а бе-те-ерите и хамвите дремеа во касарна, нормално без воздушна подршка, онака.
Пошто на трпе ич не му е важно дали ќе загинеш :)

Мислев на наивност во смисла на шанси за преживување. Во група опстанокот е поизгледен, отколку во селска стража. Иначе Хорхе би бил фантастичен командат како оној Сит-от во Star Wors, нит го гледаш нит го слушаш ама знаеш дека постои :)

Сега за останатите работи: колку и да е различен јазикот помеѓу еден Вевчанец и еден Малешевец, сепак е посличен отколку помеѓу Перо од Вевчани и Питер од Кентаки. Но не е битно како дошло до тоа да зборуваме ист јазик, битно е дека го зборуваме веќе подолго време и тоа создава една заедничка работа помеѓу мене и тебе која на пример, јас и Питер од Кентаки ја немаме. Нему ако му речам „Кај си Питер, куќо стара!“ ни гугл транслејт нема да му помогне да ме разбере. Со него не можеме да разговараме за Трпе од Делчево, а со тебе можеме, иако Трпе нема појма за наас двајца и ние не знаеме како Трпе изгледа. Питер од Кентаки нема појма за бомбите ама јас и ти овде ќе ги разглабаме и ќе се замараме со тоа.

Сега ти негираш дека било што од ова нас не поврзува во некаква имагинарна целина и дека ништо од тоа не постои. Малку ми е екстремен тој став. Според мене национализмот не треба да постои. Но сепак не можам да кажам дека сум Американец, на прашање за националност. Припадност сите чувствуваме и таа е лесно да се негира во мирно време но во време на конфликти и кризи доаѓа до израз.

P.S.
Миле ми текна: не знам дали можеш да се пишеш во „Останати“ без дополнително да наведеш што си. Во секој случај провери дали би имал некои правни компликации во иднина, чисто да не си дадеш гол со пета.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пишав дека сум во иноземство. Не пишав дека заработувам добро (а би сакал и тоа да го пишам наскоро :) )

Иначе се согласувам со скоро се што кажа погоре. Не би се вратил од причините што ги наброја. Прашањето ми беше што ако се најдеш (ако се најдам) во таква ситуација во која мора да се избере страна. Затоа и така го поставив. Имав една дискусија пред некое време, кога сме тука, во која се дискутираше за психолошките импликации (трауми) кои ги имаат бранителите по конфликтот од 2001. Прашањето ми беше: зошто овие луѓе толку се жалат од некакви психолошки проблеми, кога на пример дедо ми и стотици илјади партизани во WWII поминале далеку потешко па никогаш не го слушнав да се жали од некаков поствоен стрес итн... Одговорот што ми избега беше повеќе од очигледен: сите овие луѓе веднаш по војната беа ресоцијализирани, добија работа, се чуствуваа наградени и почитувани за она што го правеле итн... за разлика од нив, во 2001 луѓето останаа без работа, без пари, со болнички трошоци, за на крај дури и да им ги бараат назад оние средства што некогаш им ги уплатиле. Со еден збор: понижување. Знаејќи го тоа, само два вида луѓе можат да земат оружје во рака ако дојде до тоа: луѓе кои немаат избор и луѓе кои не успеале да сфатат како работи машината. Епилогот е секогаш ист.

Во секој случај, не зборував за национализам и патриотизам, туку за оној момент во кој ако е неопходно да направиме избор, сите ќе одиме од „наша“.

Мислев на наивност во смисла на шанси за преживување. Во група опстанокот е поизгледен, отколку во селска стража. Иначе Хорхе би бил фантастичен командат како оној Сит-от во Star Wors, нит го гледаш нит го слушаш ама знаеш дека постои :)

Сега за останатите работи: колку и да е различен јазикот помеѓу еден Вевчанец и еден Малешевец, сепак е посличен отколку помеѓу Перо од Вевчани и Питер од Кентаки. Но не е битно како дошло до тоа да зборуваме ист јазик, битно е дека го зборуваме веќе подолго време и тоа создава една заедничка работа помеѓу мене и тебе која на пример, јас и Питер од Кентаки ја немаме. Нему ако му речам „Кај си Питер, куќо стара!“ ни гугл транслејт нема да му помогне да ме разбере. Со него не можеме да разговараме за Трпе од Делчево, а со тебе можеме, иако Трпе нема појма за наас двајца и ние не знаеме како Трпе изгледа. Питер од Кентаки нема појма за бомбите ама јас и ти овде ќе ги разглабаме и ќе се замараме со тоа.

Сега ти негираш дека било што од ова нас не поврзува во некаква имагинарна целина и дека ништо од тоа не постои. Малку ми е екстремен тој став. Според мене национализмот не треба да постои. Но сепак не можам да кажам дека сум Американец, на прашање за националност. Припадност сите чувствуваме и таа е лесно да се негира во мирно време но во време на конфликти и кризи доаѓа до израз.

P.S.
Миле ми текна: не знам дали можеш да се пишеш во „Останати“ без дополнително да наведеш што си. Во секој случај провери дали би имал некои правни компликации во иднина, чисто да не си дадеш гол со пета.

Работата е во границите и во собирачите на данок и затоа малешевецот и вевчанецот евентуално би нашле тема на разговор. Само гаден дијалект е тоа вевчанскиот, жими се...
Малешевецот може да се разбере и со татар од другата страна на границата сосема добро а кумановец со четник. Ако некој се обиде да дефинира некаква култура и ако биде искрен пред се може нешто да дефинира во начинот или погледот на живот. А тој е балкански, да не се лажеме, разликите се занемарливи каде и да се погледне и затоа може да се зборува за балканска култура ако веќе за нешто може да се зборува. Сакндинавска, медитеранска, островска итн. никако за `национални` култури макар да глобализацијата ги убива тие илузии сосема добро.

Откако ќе помине иницијалното `кај си бе куќо стара` можно е да сфатиш дека ама баш ништо немаш заедничко со Трпе, за пет минути можно е ликот да ти здосади а за пола саат да ти дојде да го удавиш...од друга страна може со Питер ќе имаш повеќе заеднички теми, освен ако не е трејлер треш некаков :zelen

Не мора да значи дека опстанокот лежи во големи групи, зависи од околностите. Не се локалниве криминогени отпадоци од абортус на кои би требало да им се довери животот некој исклучок, историјата е полна со морони кои жртвувале милиони луѓе поради својата некомпетентност како легендарниот фелдмаршал Даглас Хејг кој жртвувал 52.000 луѓе во еден ден...тогаш опстанокот бил директно поврзан со бегање од големи групи мажи во униформи :kafe
Вуковар?
Како и да земеш, селска стража дава многу поголеми шанси за опстанок отколку воена единица под команда на партиски или рамковен офицер раководен од пастирот или хорхе. Е сега твојата држава никогаш нема да легализира оружје пошто се грижи оружје дома да имаат само качаците, рекетарите и кримосите под команда на твојот сонародник, Мијалкоф.

Намерно пишувам твојот сонародник за да го приметиш апсурдот. Дека си во заедничка група со Мијалкоф :cool:
Идентификацијата кон една нација е невозможна без идентификација со делата на сите припадници на истата. Ако се гордееш со 4.место кошарка, треба жестоко да се срамиш и каеш за оној серијашот, типот шо уби шест менувачи на девизи во охрид со чекан...или оној велешанецот кој со години си ги силуваше малечките ќерки...или...... многу се примери. Гледаш како нема смисла сето тоа.
Тука е патологијата на таа идентификација, раја сака да се идентификува со работи кои ги смета за позитивни а оние лошите...не постојат, тоа се јудео-масонски измислици, нека одат под тепих, ќе се заборават, сорос е криф итн...

А за тоа со ВВ-2...само делумно си во право, со делот каде што партизаните добија општествено признание и помош.
А за траумите...не сакаш да знаеш. Јас знам поради низа трагедии од двете страни на семејството. Не е нешто посебно ама факт е дека имало и мочање во кревет и паника ако некој затвори врата и ќотек за деците, последици од распаднатите нерви. Партизанската споменица 1941 не помогнала воопшто. Неговите деца (еден од нив татко ми) сеуште имаат прокси трауми од ќотеците, срањата низ кои поминувале поради последиците од ратот врз дедо ми.
Мочањето во постела на возрасни мажи била една од најстрого чуваните тајни на таа генерација, табу, срам кој мора да остане скриен.

Постои еден мит дека порано имало мажишта на кои око не им трепнувало од глетка на црева држени во раце од страна на нивни другар, истркалана глава со шлем или споротрулечки леш кој не може да се закопа пошто е на ничија земја.
Порано не постоел фенси назив како PTSD имало поими како shell shock & battle fatigue и слични но сите војни носеле тешки трауми. Разликата е што тоа повеќе не е табу, ултимативниот срам за еден маж, да признае дека војната го сјебала во умот.

Овде имаш од првиот рат, ликови кои се тресат неконтролирано, језиви сцени, тотално уништени луѓе...
http://forum.crnobelo.com/threads/На-денешен-ден.428/page-9#post-297189

Тука е документарецот на Џон Хјустон од 1946 за траумите од вториот рат, снимен главно по лудници, подоцна забранет пошто табуто сеуште било јако.

Е сега нема снимки од триесетгодишната војна или од кримскиот рат ама поентата е таа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Идентификацијата кон една нација е невозможна без идентификација со делата на сите припадници на истата. Ако се гордееш со 4.место кошарка, треба жестоко да се срамиш и каеш за оној серијашот, типот шо уби шест менувачи на девизи во охрид со чекан...или оној велешанецот кој со години си ги силуваше малечките ќерки...или...... многу се примери. Гледаш како нема смисла сето тоа.
Тука е патологијата на таа идентификација, раја сака да се идентификува со работи кои ги смета за позитивни а оние лошите...не постојат, тоа се јудео-масонски измислици, нека одат под тепих, ќе се заборават, сорос е криф итн...
Возможна е. За различни работи зборуваме: ти зборуваш за национализам/патриотизам, јас за идентитет и чувство на припадност. Второто не мора да е неопходно поврзано со овие болести. Второто значи само дека постои чувство, повеќе или помалку изразено, дека си дел од една група луѓе кои имаат заеднички работи, како јазик, традиции итн... Или како да се изразам поинаку: чувство дека потекнуваш, влечеш корен од некаде.

При тоа, ако ти ја глорифицираш таа припадност и сметаш дека треба да си горд со тоа, дека си подобар од другите и дека треба да си среќен што баш таму те фрлил штркот, тогаш си националист, патриот а многу веројатно и идиот.

Да не дојде до забуна, под идентитет не мислам верглање 2000 години низ историја, докажување на почетоци и посебност... туку само констатација на она што е денес. Затоа што овие го измасакрираа минатото и го оставија народот збунет и спобркан. Денес кога читам на youtube во коментари како нашава младина, па и повозрасни луѓе, се објаснуваат со другиве балканци за историја, ме убива туѓиот срам...
 
Тука се индивидуалните разлики, тебе ти требаат корења поради различни причини, мене не особено, ок знам до прадедо горе долу а повеќе од тоа не сум се заинтересирал воопшто. Што ќе најдам ако копам понатаму, закрепостени селани и робови, јадови и гревови...

Разликата е во тоа што пошто постојат две врсти на групирање, едното не е доброволно и зависи од место на раѓање и дали во близина се мотал поп, оџа или рабин а другото е доброволна, свесна одлука.
Има и трето кое до некаде држи вода, природно се манифестира поради социо-економските услови и автоматската припадност по класи, но тоа е (барем теоретски) променливо.

Првото, нацијата/етникумот/државата/религијата се базира на митоманија, лаги, превари и патологија. Мора да постојат за да се запази кохезија на стадото кое плаќа намети иначе нема да ја бидува работата. Мора да постои и `надворешен напријател` за истата цел. Самиот факт што лица кои немаат апсолутно ништо заедничко се доживуваат како членови на иста група е загрижувачка. Ајде во Мкд има малку раја ама замисли Индија, 1,25 милијарди (facepalm)
Идентификацијата со било која од наведените замислени ентитети стои во многу дефиниции за партиотизам...

Второто е свесна одлука за припадност во одредена група, без лаж и превара. Светот би бил многу фино местенце доколку првиот вид на идентификација не би постоел или би се свел на минимум...(party)
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Добро, 1.25 милијарди луѓе кои имаат барем една заедничка работа: мрдаат со главата додека зборуваат :)

Тука е разликата помеѓу нашите ставови, јас мислам дека сепак има нешто заедничко (кое може да биде и вештачки створено, сеедно) кое ги поврзува луѓето и создава посебност. Работи кои една група луѓе ги прави поразлични од друга група луѓе. Лудилото е кога се глорифицира она што си го стекнал со раѓање, по чиста случајност. Не можеш да негираш дека имаш заеднички работи, а секако ништо не те попречува да бидеш индивидуалец и да размислуваш со своја глава.