Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога сме веќе кај слонови, Томас Едисон со цел да докаже дека наизменичната струја е опасна (пошто фурал еднонасочна) и дека Тесла е забеган - купил слон, му приклучил електроди и му пуштил сериозна ампеража, го дрмал слонот пола саат, бајаги време му требало на слонот да умре во тешки маки - и сето тоа пред публика и новинари кои ги собрал за да се `уверат` во опасноста на наизменичната струја :rofl
Нидлес ту сеј, џабе слонот си умрел...
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не ми е тоа целта. Ич не сакам кога се прават галами за едно, а се молчи за друго и ми се превраќаат цревата кога гледам дека се случува такво нешто. Ако се цмиздри за Сесил, нека се цмиздри и за елените кои се ловат за трофеи, за китовите, за носорозите итн итн. Сесил не е ништо поважен од рандом мачка по улица и тоа што бил два пати на телевизија ама ич не го прави повеќе важен, а цмиздрење по нет поради некојситаму лав за мене е глумење лудило.
Сфатив што ти е поентата уште предходниот пат.

Веста за Сесил е интересна вест од повеќе аспекти затоа и бидна вест. Самата вест ќе придонесе да се популаризираат слични вести и да се отворат некои теми, иако тоа нема да промени многу.

Но ете ти мислиш дека лавот е небитен, не требало тоа да биде вест, други работи се побитни. Ок, секогаш има нешто побитно.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Парното во Скопје ПОЕВТИНО
smileys-happy-028345.gif
за 0,19%. Ако сте плаќале по 3000 ден. сега ќе заштедите нецели 6 ден. Владата мисли на народот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*, Redhead and Io Sono

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Цитирам македонско новинарство:
Просечната сметка за греење на стан од 60 метри квадратни изнесува околу 2.000 денари месечно доколку сметката се плаќа на 12 еднакви рати или 4.000 денари ако се плаќа на шест рати.

Со актуелното намалување парното е најекономично за граѓаните, бидејќи досегашното искуство кај домаќинствата што се греат на електрична енергија покажува дека за просечна зима потребно е да се одвојат од 25.000 до 30.000 денари или од 4.000 до 5.000 денари месечно, при што домот не е целосно загреан оти се греат една или две простории.
Пази сеа логика, цената на парното греење си ја делат на 6 или на 12 рати ама цената на струјното греење само на 6 рати. Споредено според нивниот ценовник му доаѓа вака:
Парно: 12 х 2 000 = 24 000 ден. (иако не верувам да е толку туку 2500-3000 месечна рата што би го направила парното 30-36 000)
Струја: 30 000 ден.

Со парното си ограничен навечер да спиеш на ладно, на струја пушташ кога што ти одговара. Со парното јас годинава мрзнев и преку ден затоа што ја намалија моќноста за околу 20%, кога се греев на струја немав такви проблеми затоа што си регулирав колку ќе ми биде топло во собата. Моите искуства со струјно греење и не се баш така како што ги прикажуваат. За стан од 60тина квадрати плативме само еден месец сметка од 10000, другите по 4000 просек е арно ама тука не спаѓа само греењето. Ако извадам просек од летно време по 2000 за струја излегува дека сме платиле 4 месеци додатни 2000 и еден месец додатни 8000 што прави вкупно околу 16 000 за греење на струја. Еве нека се и 20 000, ама за тие пари јас регулирам кога и колку ќе пуштам греење.
Да споредам со дрва, за стан од 60-тина квадрати требаат 10-12 кубици дрва зависно колкав простор се грее (кај мене дома си поминуваме и со 5-6 кубици ама друга прича е тоа пошто јас сум дома околу месец дена вкупно). Тоа се 20-25 000 годишно

Јас не знам кој ги учи ова новинарите да прават вакви „експертски“ анализи ама понекогаш може и да се воздржат од изигравање експерти по се`.