Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тоа што таму умираат повеќе е до степенот на цивилизација во кои тие земји се наоѓаат. Тоа што тоа не е главна вест во Американските или Француските медиуми не е проблем на тие држави, тие си информираат тоа што им е ним битно. И тоа што можат да го продадат. И мене ми е поважно тоа што се случуваше во Куманово од тоа што се случува во Нигерија, иако позаебани работи се случуваат во Нигерија. Па не се жалиме што нашите телевизии известувале за Куманово а збор не кажале за Боко Харем. И јас и ти можеме да си ставиме Ал Џезеира или Телевизија Конго и да следиме што се случува таму, ама не го правиме тоа. После ни се криви медиумите кои сами избираме да ги следиме.

Иначе индивидуална работа е за што ќе си ја врзе човек главата а за што не. Еве денес јас се засекирав за лавот Сесил за кој прв пат слушнав. Сега и за децата што копаат руда се секирам а немаше да го ставеше тоа во спојлер. Damn you Internet!

Сериозно, имаш Конго-киншаса ТВ на кабел или на сателит?:D

Релативна работа е `степенот на цивилизација`, вчера 200К раја умре во екс-ју војните, правени се злочини кои се незапеметени уште од средниот век а Конгоанската војна е резултат на потребите и навиките на западните општества и оние кои гравитираат кон нив.
1,6 милион ирачани умреа во војната која започна со истурање на томахавки и гпс наведувани бомби а сеуште трае. Пошто секуларниот запад е цивилизиран и не убива со мачети и ножеви, го прави тоа фино, од далеку...

Конго не само што не е главна вест, туку воопшто не е вест, ја нема, не постои. Од друга страна тогаш кога беше срањето со же суи шарли, уште од фрижидер шо не излегуваа фаците на жртвите. Фино е тоа дека во Франција тоа би била ударна вест и така да си останеше. Ама беше ударна вест и тука и насекаде. Апсолутно немаше овдешен медиум кој не тупеше надолго и нашироко за шарли.
Медиумите го креираат интересот, тоа е одамна познато.
Многу нормално дека куманово ќе биде ударна вест тука а нема да биде Боко Харам. Ама куманово не беше вест во Буенос Аирес или Монтреал, си остана локална како што е ред.

Не разбирам потребата од сарказам во поглед на милиони умрени луѓе/деца ама било како...ич да не се секираш за децата од Конго, тие само умираат за некој да има поефтина мобиљка што мора да се признае е прворазреден цивилизациски дострел.
А кога мечката ќе заигра пред портите на високоцивилизираниот и библиски Хунзистан, тогаш ќе кукаме зошто никој не не рецка два посто...
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Ако те интересира Конго ќе најдеш канал и ќе следиш што се случува. Ти си запнал медиумите да те информираат за тоа што ти сметаш дека е важно. Тие информираат за тоа што е важно во нивните земји и за јавноста од која заработуваат. Ти ги перцепираш нивните вести како да се наменети за тебе, за мене, за сите нас. И тука ти настанува збрката, тие вести се за нивните земји а ти ги примаш затоа што те интересира па чепкаш по интернет или затоа што македонското копи/пасте новинарство ти ги сервира секој ден, во пакет со Кардашијанс.

Нема тука хипокризија, секој си известува за она што сака, тоа што ББС е попопуларен од телевизија Конго е проблем на Конго. Исто како што е наш проблем што никој не известил за Куманово. Од сабајлето се пукаше до вечерта ни една наша телевизија не направи саглам изврстување што некој би го реемитувал. Да не треба од СНН да дојдат да ни ја завршат работата?

И да не се лажеме, за западниот свет и ние и Конго сме задња рупа, зошто на некој би го интересирало пукање во држава за која не слушнал дека постои. Се пука низ цел свет секојдневно.

Друга работа, злочините во СФРЈ не се незапамтени од средновековието, истите се случија за време на WW2, види Јасеновац. Но за СФРЈ се известуваше, беше топ тема, за разлика од оваа наша држава која некој треба да ја погоди со нуклеарка за да дојде на вести.
 
Да да, радио Киншаса ќе го фатам само антената да ја качам на плафон :D
Не она што јас сметам дека е важно туку она што Е ВАЖНО.
Ако смрт на 6,5 милиони е неважна ситница и не може никогаш да биде прајм тајм термин тоа не е хипокризија туку сериозна социопатија. Ете ти си правиш шеги на сметка на смрт на деца, шта више речи?!
Не е само Конго и не се само војни во прашање, `интересот` кај публиката се креира и одржува во живот од страна на медиумите, ништо ново уште од времето на Едвард Бернејс и сличните...

Тоа во право си со Јасеновац, на секои неколку генерации тука имаш гарантирана војна и истребување, тоа е таа цивилизираност...
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Тоа што е важно е субјективна работа. Цела Африка страда од војни, болести, жед и глад и тоа не е од вчера. Блискиот исток е црна дупка на земјава и уште долго тоа ќе биде. Тоа се стари вести. Можеби мислиш дека секој ден вестите треба со нив да започнуваат и дека тоа ќе промени нешто? Во ред, тоа си е легитимно мислење. Но медиумите не функционираат така,немаат грижа на совест, не ги подредуваат вестите по степенот на хуманитарна катастрофа. Секаде јавноста си има свои приоритети, за нас поважно е Куманово или Скопје 2014 или бомбите, за некој е поважен Доналд Трамп и стоматологот од Минесота и така натаму... повторно, наша работа е што избираме да гледаме и читаме.

Ти ако не си хипокрит и искрено си засекиран за Конго како што велиш, еве отвори некои сајтови за донации, донирај нешто, оди таму волонтирај... да не глумиме мајка Тереза овде.

За балканот никаде не реков дека е цивилизиран, секако сме понапред од Африканците или каде год владее религијата на мирот, но далеку сме зад западната цивилизација.
 
Понапред сте од Малезија, Емирати, Бахреин - тие немаат барок...ама палми имаат и за извоз.
Не сум `засекиран` затоа што не може некој да се секира или да е емоционално ангажиран за раја која не ја познава, биолошки е однапред програмирано, ако некој се секира за сите срања на светот тогаш ќе заврши во лудница. Но од друга страна еволуцијата ни има подарено и емпатија према припадници на сопствениот вид, ако те интересираат такви ствари можеш да причиташ по нет зошто и како.
Едноставно не можам да ја перцепирам смртта на милиони како небитна.

Мене ми е јасно дека сум делумен хипокрит и не бегам од тој факт, посебно ако се земе предвид дека за да физички опстанеш и имаш каква таква шанса за работа, социјализација, врска воопшто во денешно време мора да имаш и телефон и нет.
Како поединец не можам ништо да променам, најмалку кога на луѓе им е комична смртта на милиони, можам само своите навики и потреби да ги корегирам до некој степен, и мобилниот и лап-топот се купени на старо а произведени во далечната 2005 и се дури функционираат се сосема доволни. Моментот кога ќе купувам смартфони секоја година пошто имале пола пиксел појака камера и пола ГБ појак рам за да читам нет стории за забари кои убиле лав или за да `твитнам` некоја досетка помеѓу сликањето на плочки од ВЦ, тогаш ќе знам дека ми отишла топката по удолница... но сето тоа е разлика во перцепции...
 
Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Малезија е на далечен исток не е во дупката.
Емпатија имам доволно, тоа што ти од еден коментар направи слон е твоја перцепција. Не бери гајле :)