Simba - he went Vegan before it was cool.Kaj се веганите да се јават на темата ?Како тоа животни се убиваат ? Срам да им е на луѓето !
Коа веќе збориме за утепани лавови и вегетарјанство.
Simba - he went Vegan before it was cool.Kaj се веганите да се јават на темата ?Како тоа животни се убиваат ? Срам да им е на луѓето !
Тоа што таму умираат повеќе е до степенот на цивилизација во кои тие земји се наоѓаат. Тоа што тоа не е главна вест во Американските или Француските медиуми не е проблем на тие држави, тие си информираат тоа што им е ним битно. И тоа што можат да го продадат. И мене ми е поважно тоа што се случуваше во Куманово од тоа што се случува во Нигерија, иако позаебани работи се случуваат во Нигерија. Па не се жалиме што нашите телевизии известувале за Куманово а збор не кажале за Боко Харем. И јас и ти можеме да си ставиме Ал Џезеира или Телевизија Конго и да следиме што се случува таму, ама не го правиме тоа. После ни се криви медиумите кои сами избираме да ги следиме.
Иначе индивидуална работа е за што ќе си ја врзе човек главата а за што не. Еве денес јас се засекирав за лавот Сесил за кој прв пат слушнав. Сега и за децата што копаат руда се секирам а немаше да го ставеше тоа во спојлер. Damn you Internet!
Кој си ти жити се?СДК дека многу ми е мило што се вратив на ово форум пак !!!
Пред некоја година имав акаунт овде али на тој акаунт заборавив и како бев потпишан.. И сега пак се зачленив..Кој си ти жити се?
Ако те интересира Конго ќе најдеш канал и ќе следиш што се случува. Ти си запнал медиумите да те информираат за тоа што ти сметаш дека е важно. Тие информираат за тоа што е важно во нивните земји и за јавноста од која заработуваат. Ти ги перцепираш нивните вести како да се наменети за тебе, за мене, за сите нас. И тука ти настанува збрката, тие вести се за нивните земји а ти ги примаш затоа што те интересира па чепкаш по интернет или затоа што македонското копи/пасте новинарство ти ги сервира секој ден, во пакет со Кардашијанс.
Нема тука хипокризија, секој си известува за она што сака, тоа што ББС е попопуларен од телевизија Конго е проблем на Конго. Исто како што е наш проблем што никој не известил за Куманово. Од сабајлето се пукаше до вечерта ни една наша телевизија не направи саглам изврстување што некој би го реемитувал. Да не треба од СНН да дојдат да ни ја завршат работата?
И да не се лажеме, за западниот свет и ние и Конго сме задња рупа, зошто на некој би го интересирало пукање во држава за која не слушнал дека постои. Се пука низ цел свет секојдневно.
Друга работа, злочините во СФРЈ не се незапамтени од средновековието, истите се случија за време на WW2, види Јасеновац. Но за СФРЈ се известуваше, беше топ тема, за разлика од оваа наша држава која некој треба да ја погоди со нуклеарка за да дојде на вести.
Тоа што е важно е субјективна работа. Цела Африка страда од војни, болести, жед и глад и тоа не е од вчера. Блискиот исток е црна дупка на земјава и уште долго тоа ќе биде. Тоа се стари вести. Можеби мислиш дека секој ден вестите треба со нив да започнуваат и дека тоа ќе промени нешто? Во ред, тоа си е легитимно мислење. Но медиумите не функционираат така,немаат грижа на совест, не ги подредуваат вестите по степенот на хуманитарна катастрофа. Секаде јавноста си има свои приоритети, за нас поважно е Куманово или Скопје 2014 или бомбите, за некој е поважен Доналд Трамп и стоматологот од Минесота и така натаму... повторно, наша работа е што избираме да гледаме и читаме.
Ти ако не си хипокрит и искрено си засекиран за Конго како што велиш, еве отвори некои сајтови за донации, донирај нешто, оди таму волонтирај... да не глумиме мајка Тереза овде.
За балканот никаде не реков дека е цивилизиран, секако сме понапред од Африканците или каде год владее религијата на мирот, но далеку сме зад западната цивилизација.