Прифаќање религија во име на љубов

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ситуацијата е оваа: дечко и девојка се во врска подолго време и решаваат да стапат во брак. Едниот од нив е христијанин, а другиот не е крстен и е атеист. Верникот сака да се венча во црква и бара од атеистот да се крсти за да може да го направат тоа. Атеистот не сака, не е воошто религиозен и не сака на сила да прифати некоја религија. Знам, крштевањето не мора да значи прифаќање на религијата. Доколку не си религиозен, не би требало да ти промени ништо еден ритуал и парче хартија. Но сепак, прашање е на принципи. На верникот му е екстремно многу важно да направи свадба во црква и бара од атеистот да стане христијанин иако тој не сака, во спротивно свадбата ќе се откаже.

Кој е тој што треба да направи компромис во оваа ситуација?
Дали доколку сте верник би барале од партнерот да се крсти иако тој не сака, само за да може да направите свадба во црква?
Дали доколку сте атеист, би се жртвувале против ваша воља да бидете крстени и официјално да припаѓате во некоја религија?
Дали би стоеле цврсто на својот став и би дозволиле оваа ситуација да ве раздели засекогаш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jovanKH2O

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
Религијата предизвикува разделување помеѓу народот дефинитивно. А ова доколку е вистинска љубов ќе најдат компромис кој и на двете страни ќе одговара. Но доколку јас сум во оваа ситуација дефинитивно би стоела на својот став и не би попуштила за венчавка во црква.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Се` додека се има секуларен state of mind, разликите ќе може да се стават по страна. Додека религијата ти дигира буквално се`, па дури и начин на размислување, резон итн. нема шанса да мрднеш од конзерватизмот што самата ти го налага.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Религијата предизвикува разделување помеѓу народот дефинитивно. А ова доколку е вистинска љубов ќе најдат компромис кој и на двете страни ќе одговара. Но доколку јас сум во оваа ситуација дефинитивно би стоела на својот став и не би попуштила за венчавка во црква.
Права љубов спојува религии!! Една колешка моја,православна се заљуби во муслиман...тоа е невидена љубов од која имаат три деца.Жално беше нивното патешествие кое го минаа додека не си ставија печат на бракот.Врз нив беа фрлани и дрвја и камења,осудувани и од дома бркани но ги издржаа сите олуи па дури и на работа од нас,(сега ми е и срам да си признам)од сопствените колешки кои не ја подржавме туку сите се обидувавме да ја разубедиме.
Каде има ПРАВА љубов ке се најде договор без негодувања и убедувања....
Треба да си прав верник и да ги почитуваш сите 10 божји заповеди па тек тогаш да разберам дека несака да смени вера или не прифака друга во име на љубов ама повеќе изиграваат верници него ли што се во душа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Moon:3 and Marijaaa

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Книвче не те прави верник ама книвче не е ни доказ за љубов. Ако до толку дојде работата некогаш веројатно би прифатил да се венчам со рисјанка.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ситуацијата е оваа: дечко и девојка се во врска подолго време и решаваат да стапат во брак. Едниот од нив е христијанин, а другиот не е крстен и е атеист. Верникот сака да се венча во црква и бара од атеистот да се крсти за да може да го направат тоа. Атеистот не сака, не е воошто религиозен и не сака на сила да прифати некоја религија. Знам, крштевањето не мора да значи прифаќање на религијата. Доколку не си религиозен, не би требало да ти промени ништо еден ритуал и парче хартија. Но сепак, прашање е на принципи. На верникот му е екстремно многу важно да направи свадба во црква и бара од атеистот да стане христијанин иако тој не сака, во спротивно свадбата ќе се откаже.

Кој е тој што треба да направи компромис во оваа ситуација?
Дали доколку сте верник би барале од партнерот да се крсти иако тој не сака, само за да може да направите свадба во црква?
Дали доколку сте атеист, би се жртвувале против ваша воља да бидете крстени и официјално да припаѓате во некоја религија?
Дали би стоеле цврсто на својот став и би дозволиле оваа ситуација да ве раздели засекогаш?

За црква ајде и некако, не чини да се крши филм кога веќе се стигнало до свадба, ама крштевање е веќе глупаво и навредливо.
Не знам дали МПЦ има правило да мора венчаваните да бидат крстени или не...
После друга ситуација е ако се роди челад, едната страна ќе биде за кршевање, другата не...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
За свадба во црква, мора да се крстен. Тоа е целиот проблем.
Баш тука стои целиот проблем. Детето нека биде крстено/некрстено, мене не ми менува богзнае што, сепак оставам ако жена ми сака, иако е заедничко богатство, мене ништо не ми мења да биде крстено. Да не бев крстен ни јас и одново да мораше да се прави процесија во црква, тогаш би било проблем, бидејќи во денешно време as much as I am tolerant на сите религии, не сакам нити една да ми биде лично мене припишана на чело и се трудам сите адети да ги ставам на световен пиедестал а не на духовен. Да ме крштеваат е веќе друг статут во општеството (иако минорен проблем) па сепак не би прифатил религиско овековечување. Посебно ме иритира кога има свадба од масовен карактер (многу гости) каде попот чати во црква додека младенците се гледаат.
Кога би подразмислил малку, детето би го оставил во статус кво до одредена возраст на свесност, па ако сака, ете нека повели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: scarstone and MissChievous

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За свадба во црква, мора да се крстен. Тоа е целиот проблем.

Ако е така тогаш ништо, освен да им се тутне в рака некое евро на забрадените во мантии и веројатно се ќе биде во ред.
Јас како некрстен (колку црноружичасто делува зборчево :zelen) не би прифатил такво нешто...

Уште побизарна ситуација е да речеме пар муслиманка/еврејка и атеист, да го тера да се сунетиса :rofl

Ако едната страна (верничката) не може да прејде преку тоа тогаш не ја бидува работата. Барање на компромиси кои самите не се спремни да ги направат е срање. Обично страната на верникот/верничката би очекувале компромис (да се оди в црква, крштевања) а доколку нив им се побара компромис, тогаш не прифаќаат ништо што доволно зборува...да речеме отстранување на икони, крстови, кандила од ѕидовите на заедничкото живеалиште...

Идиотска ситуација, верна раја пцуе по попови дека се корумпирани арамии а за свадба и почеток на заеднички живот одат на ритуал кај истите тие корумпирани, одвратни мрсни попови кои после свадбата пак ќе ги псујат, тешка дебилана...