Прифаќање религија во име на љубов

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако е така тогаш ништо, освен да им се тутне в рака некое евро на забрадените во мантии и веројатно се ќе биде во ред.
Јас како некрстен (колку црноружичасто делува зборчево :zelen) не би прифатил такво нешто...

Уште побизарна ситуација е да речеме пар муслиманка/еврејка и атеист, да го тера да се сунетиса :rofl

Ако едната страна (верничката) не може да прејде преку тоа тогаш не ја бидува работата. Барање на компромиси кои самите не се спремни да ги направат е срање. Обично страната на верникот/верничката би очекувале компромис (да се оди в црква, крштевања) а доколку нив им се побара компромис, тогаш не прифаќаат ништо што доволно зборува...да речеме отстранување на икони, крстови, кандила од ѕидовите на заедничкото живеалиште...

Идиотска ситуација, верна раја пцуе по попови дека се корумпирани арамии а за свадба и почеток на заеднички живот одат на ритуал кај истите тие корумпирани, одвратни мрсни попови кои после свадбата пак ќе ги псујат, тешка дебилана...

Секогаш верниците се вадат на она оправдание: ти не си верник, не ти значи тебе ништо, а јас сум и ми значи да правам во црква, пред бог да си ветиме, бла, бла, бла,... Оди барај компромис за тоа...

На врв на се, крштевање по ново (мислам) дека е 3000 денари, и уште толку за свадба во црква... ете ти 100 евра трошок плус.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Венчавка 6000, крштевка 4000 по новиот ценовник на МПЦ или 160€ за саат време чисто ради компромис.
Црквата според мене не го означува христијанството ,како што владата не ме опишува мене како граѓанин.
Прифаќање религија не е само да се сложи едниот да се венча во црква или да се крсти или да стави шамија на глава или кече, нешто многу подлабоко ќе е.
Атеист може да се венча во црква гајле му е нели секако не му значи тоа ништо освен трошок, е сега другата страна би се топела од среќа, ќе го има задоволството да и угоди на саканата , а во себе нека си свирца за време на чинот веќе кога за него нема значење. Да ќе плати ама знае дека тоа на другата страна и значи и и ја полни душата затоа што таа верува во чинот да бидат благословени пред бога. Нејзината или неговата среќа колку чини? Како да се пресмета?
Собери два викенди по ред да излезеш петок и сабота за двајца , кафана, кафиќ се по ред. За глупости отишле пари па не седиме дома со калкулатор и траскаме глава во ѕид зошто сме излегле...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
21-ви век, во бановинава сеуште е табу тема прифаќање религија.
Љубовта може да биде искрена и без преместување на круни во црква, без потписи во матично.
Демек ако викнам три попа да ми пеат, во бракот се ќе ми цвета?

И да, ги обожавам споредбите "со парите што ќе ги дадеш за излегување во викенд ќе платиш венчавка и попови". Подобро да прошетам со неа, отколку да му дадам пари на некој брадосан.
Тие не сакаат да ти осветат вода ако им речиш немам пари, па не за друго.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Е да 21 век. Да видам муслиман кога ќе се венча во црква (од љубав нали спрема саканата). Таа комбинација се знае како завршува, прими таа ислам и мирна глава (опет од љубав, нали?). Децата ќе бидат муслимани, све за љубав. Па бујрум, која сака ......
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Е да 21 век. Да видам муслиман кога ќе се венча во црква (од љубав нали спрема саканата). Таа комбинација се знае како завршува, прими таа ислам и мирна глава (опет од љубав, нали?). Децата ќе бидат муслимани, све за љубав. Па бујрум, која сака ......
Не бе. Проблемот е што сеуште имате пречки во умот. Поделба по религии. Децата прво ќе бидат луѓе кои сами ќе одберат религија ако ги интересира.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Не бе. Проблемот е што сеуште имате пречки во умот. Поделба по религии. Децата прво ќе бидат луѓе кои сами ќе одберат религија ако ги интересира.
Тоа е ако јас и ти се прашаме. Муслиманот не мисли така. Децата МОРА прво да бидат муслимани после луѓе. Примерите се безбројни.
П.С. немам јас ни пречки ни поделби, атеист сум.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Religijata samo ogranicuva,ti dava oglav i nesvesno te kontrolira i sobira arach na perfiden nachin.A ako na nemu mu znaci da sum muslimamnka,budistka ,protestanka ili kako sakas ke prifatam.No dali navistina ke me gleda taka kako vistinski vernik bash i ne sum sigirna.Covek koj bara da se menuvas znaci ne te pocituva kako licnost.Jas nikogas nema da bidam vo negovi oci tolku dobra muslimanka kako taa sto e od ragjanje.I se sveduva na ona sto i da napravis ako ne te saka -ne te saka.No za mnogu lugje religijata e smernica na nivnite zivoti i druzbi.Bog e eden a nie mu davame razlicni iminja i pretstavi.Bog e vo sekoj covek....
P.S.religija vecna osnova za site vojni, stradanja,nedorazbiranja i razdelbi.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

D2M2m.f

Истакнат Член
4 август 2015
7
0
101
A што би било ако би било обратно да атеистот бара од верникот да се откаже од сите тие нешта за да бидат заедно .Мое мислење секој по свој пат да си оди, ако не се спогодат околу нештата, зашто било кој да се откаже од било што во што верува не верува и тако даље е исто како од самиот себе да се откажува и си губи дел од себе си а ни најголемата љубов не е вредна за такво нешто! Бидејќи ако е "најголема"таа љубов нема да има откажувања или прифаќања на нешта што не ги сакаме и слично.А посебно нема да е проблем дали ќе се венчаат у цркви што ти ја знам тоа за мене веќе како наредби испаѓаат(пр.Ти си атеист ама ако ме сакаш ти мора со мене у црква да се венчаш.РАЗБИРАШ МОРААА!!! )А искрено мора да се умре само сакале ние или не.:D
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не е така едноставно да ги споредиш двете ситуации.

- Кога атеистот би побарал од верникот да се откаже од религијата, тој/таа би барала токму тоа: откажување од еден дел од личноста.

- Кога верникот би побарал церемонија во црква, тој /таа би побарал/а едноставно физички да го мрднеш задникот до црква, а понатаму биди си што сакаш, не мора да се откажеш од ништо.

Бидејќи атеизмот не е религија, атеистите се растеретени од било какви обреди, церемонии и значења. Атеистите присуствуваат и на венчавки и на куќни слави кај роднини и од почит и пријателство и не се замараат дека некоја виша сила ќе им се налути или дека прекршиле некакви принципи. Атеизмот ја овозможува таа слобода.

Врската од друга страна е компромис и немој да мислиш дека ќе најдеш личност која ќе те прифати без никаква промена или отстапка, или дека ти нема да побараш никакви промени или отстапки од неа. Ако не си подготвен на компромиси тогаш ќе си имаш проблеми и еден ден ќе пукне тиквата.

И што е љубовта на крајот, ако не можеш да кажеш во ред, не ми се допаѓа ова, но го направам тоа за тебе?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin