X Factor Adria (втора сезона)

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Прашуваш зошто во Велика Британија има обложувалници а на Балканов зошто не Затоа што таму има кој да се обложува тука секој нема пари и не е расположен за тоа:D
Инаку и јас ги прочитав коментарите, тоа е кога девојчиња од десет години се фанови
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
во британскиот Х-фактор Дермот го води целото шоу, а кај нас многу голема им е таа задача на нашиве, морат многу текст да памтат, па затоа не три, ами четири водители (и тие биле малку, ама снемало новац) .. и после ќе нема добри сценски настапи, епа ќе нема кога сите пари одат за водители.
А да, во случај да се прашувате кој е четвртиот водител - Николина Пишек е точниот одговор.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
во британскиот Х-фактор Дермот го води целото шоу, а кај нас многу голема им е таа задача на нашиве, морат многу текст да памтат, па затоа не три, ами четири водители (и тие биле малку, ама снемало новац) .. и после ќе нема добри сценски настапи, епа ќе нема кога сите пари одат за водители.
А да, во случај да се прашувате кој е четвртиот водител - Николина Пишек е точниот одговор.
Таа е добра ќе има што да се гледа:D
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Понекогаш стварно се прашувам какви луѓе гледат Х фактор Адриа. На прашањето на фб страната, која песна сакате да ја пее вашиот фаворит, топ одговорите се: Masterpiece - Jessie J
All of me - John Legend
Chandelier- Sia
Halo - Beyonce
As long as you love me -Justin Bieber
Uptown funk - Bruno Mars
Steal my girl - One Direction
Bang Bang - Jessie J
All of me, Halo се веќе ептен досадни, дајте нешто ново .. Uptown frank и bang bang веќе доволно беа пеени на другите Х Фактори, дајте нешто ново, нешто оригинално, One Direction? освен ако не направат некоја подобра бавна верзија (како шо Matt напрај со hit me baby one more time)
И каква е таа тема judges' choice? толку значи неорганизирано и без теми, само на нашиве простори може -.-
Добро е барем на википедија има пишано group performance, значи сепак има надеж дека ќе пеат нешто групно
Околу песните, јас би сакал да слушнам нешто од HIM, нешто постаро како на пример Strong Enough, Crystal Waters, Been around the world, нешто од Abba можеби или од Tom Odell немам начекано ништо на Х-Фактор, а добри песнички има типот...
абе шо се лажиме, у прашање се Масимо, Тончи и Алек. Ако можеше Тончи да им даде да пеат Crazy In Love (милион пати пеено на Х-фактор) и тоа у една од најважните фази, можам да замислам што ќе им даде у лајв шоус. Наместо да им даде некоја песна на која можат да остават луѓето свој белег, он им дава песни пеени по милион пати кои ќе бидат за највеќе два месеца заборавени.
Тотално разочаран :/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Тоа е кога не сака менторот да се замара да помине полесно сака и им дава песни кои се познати добри за слушање и кои може да ги испее секој пеач.
Како што рече ти погоре, добро е да пеат песни од Abba а не едни исти познати песни но ништо не ме изненадува, оваа сезона е пример за намерно досадно шоу
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Давид пее моментално да видиме што спремил

Едит, песнава не требал да ја одбере. Песната е добра но некако на неговиот глас не прилега според мене а се гледа дека е опуштен на сцена.
Коментарите заслужно се добри но што му е со устата?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Давид пее моментално да видиме што спремил

Едит, песнава не требал да ја одбере. Песната е добра но некако на неговиот глас не прилега според мене а се гледа дека е опуштен на сцена.
Коментарите заслужно се добри но што му е со устата?
Ботокс изгледа има ставено.Мене не ми се допадна.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Се повеќе си покажувам себеси дека нашево Х Фактор е срање и не треба да го глеам.
Од кај па сеа плус три враќат? Мислам, мило ми е што Highway are back! али у британскиот х фактор обично кога има 16 натпреварувачи уште во првиот лајв шоу жирито мора да исфрле по еден член од секоја група. Што е сеа ова кај нас нови правила? Сајмон се нервира му го упропастија шоуто.
Дали ќе излеват сеа по двајца секоја недела? Ако е така, не ми се допаѓа.
И да, кога мислев на груп перформанс мислев на нешто вакво
а не на подавање микрофон, што вели другар ми, од ваму излези од наму...
Единица за камерманот! Не знае да снима. Да се отпушти веднаш! :zelen
Кога сме кај отпуштувањето, да се отпушти и човекот кој им ја средува страната на википедија. Кај касне, остава и некои делови недовршени, и тие знамињата да се тргнат што е можно побрзо. Предрасуди! И после не било важно кој од каде е а секој пат го потенцират тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
@Makedonec Ваууууу, песни од евровизија тема на следниот лајв...

што очекувам да пеат Анџелините :zelen

што уствари ќе им даде Тончи да пеат (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker and Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Хехе најверојатно ќе биде така но јас очекувам да пеат нешто на англиски затоа што сепак ова е иск фактор не sвездите на гранд
Гледаш некој се маскира и ја изведе песната на Украина од 2007 година:-P