Протести против полициската бруталност

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Па види ако во Југославија кога полицијата тепала па ќе прашала на што се жалиш се живело подобро и се имало и ред и дисциплина се школувале подобро од сега и знаеле повеќе од сега денешни деца таблица на памет незнат е затоа несакат екстерно затоа што тато е пријател со градоначалникот или директорот и професорот ако не ми пише 5 ќе го избркат од работа. Е ова е нешто за кое ти можеш да ми кажеш до каде е отидена работата со претерана слобода? Разгалени и распрдени детишта ај тие ама и родителите (дел од нив) се закануват па несмеш да ми пипнеш дете еј моите незнаеа каде е школото , а не денешниве му свикала професорката и оп родител ќе ти се заканува и што чекаш ти од такви луѓе памет? Ова мора да се дисциплинира штом не бива со зборови ќотек , а ако читаш мои постови ќе разбереш дека сум голем поборник за црната чума на тв екраните наречена турско индиски серии .
Друже, југославија се распадна во 90тите.
Немој те молам тој муабет. 20 години поминаа.
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Даде само пример дечкото,и тоа многу добар пример.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Абе остај тоа секаде има такви,затоа полициската бруталност донекаде е оправдана,ама во такви случаи,додека случајот со Мартин не е таков.
Ама чекај го утепал го осудија така и што сеа пак за истото да збориме ајде да збориме зошто и кој го утепа Борис Трајковски и да протестираме да не ен лажат со пилотска грешка?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Така јет нема што. Се знае зошто служи полицијата, за да го тепа народот. (y)
И тебе кога ке те нападнат одма се браниш и скокаш ако нешто не ти е по чеиф.Не е ова тепање,галење е ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересно е дека партиските морони мислат (мислат лол) дека власта ќе им трае вечно :kafe А кога ќе падне ќе останат како усрани со неплатени кредити, отпуштања, неможност да го регистрираат гољфот тројка, нема пари за деците на факс, седумдневниот одмор со патлиџани во гепек во грчка селендра на три километра од плажа ќе им стане СФ... навикнати на `раскошот` кој го овозможувале 300-те евра за кои си го рентале чмарот, неспособни за било што повеќе од сплеткарење, кодошење, лижење, цицање, лепење плакати... ќе биде интересно.

Друга интересна ствар не знам дали сте приметиле - глупавоста, неписменоста и игнорантноста на оние кои ја бранат власта, од тинејџери до старци, невидена работа, три реченици имаат научено и како во шафл ги повторуваат :rofl

Младина не се воспитува со камшик. И тие деца на протести и тие деца позади барикадите , со шлемови се наши деца. Зошто не се разговара, дебатира и аргументите не се стават на маса. Се прашувам сите 120 пратеници, министри и како сакаш наречи ги, зар никогаш не биле средношколци?
Добро бе луѓе(нелуѓе) зар конфилктите и недоразбирањата во семејството вака ги решавате? Па попуштете пред младоста , и да не се во право, попуштете. Наши деца се и едните и другите. Зошто да спијат по улици, зошто да одат по болници, зошто да се тепаат? Има ли се ова смисла? За да се постигнат поголеми цели , за да се воспита здрава младина понекогаш раширете ги рацете и прегрнете ги. Зошто , кој си ја мери силата со народот? Само ќе ги отурнеме од нас. Зар мислите дека животот ќе ги гали, зар ќе немаат други стресови и разочарувања, зар се ќе им оди глатко?Наши деца се сите, па итие во големиот парламент од нас и за нас седат таму. Само луд човек може да се инати со деца.
И убиството на Мартин е срамен чин за сите. Какви контрапоротести, не се нормални. Кој има право да убие некого и да претепа некој поради било што? Болно за една мала држава.

И припадниците на Секуритате биле нечии деца, и членовите на Штази и на НКВД и на Гестапо и на Ајнзацтрупен, сите тие биле нечии синови (па и ќерки) :D
Навидум тоа води кон заклучок дека тие креатури биле (или се) човечки битија, но тоа е погрешно. Секако, зависи денешната власт ја сметаме за автократија/диктатура и дали психопатите ги сметаме за човечки битија...

http://www.forbes.com/sites/kellyclay/2013/01/05/the-top-10-jobs-that-attract-psychopaths/


download.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Ама чекај го утепал го осудија така и што сеа пак за истото да збориме ајде да збориме зошто и кој го утепа Борис Трајковски и да протестираме да не ен лажат со пилотска грешка?
За тоа може да се отвори цел нов форум не па ли нова тема....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Даде само пример дечкото,и тоа многу добар пример.
Пример кој има други околности иако и таму нема оправдување за физичко малтретирање. Патем пример кој изумрел во доцните седумдесети освен во некое свирипичино каде освен законот на стапот друго не ни било познато.
Ние сега збориме за 21ви век и ера каде се` ти е при дофат на неколку клика. И во такво општество е смешно да применуваш сила на мирни протестанти.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Во нормална држава после сето ова Јанкуловска требаше да си даде оставка и Груевски да најде нејзина замена во најмала рака, иако мислам дека овој пат паѓа оваа влада. Немам симпатии воопшто ни кон другата затоа што никогаш нема да им заборавам дека го отпуштија татко ми пред Нова година и наместо да се радувам со играчки и колетчиња пред елката, јас се чудев дали да ја отворам последната паштета.

НО!

Сакам оваа влада да биде сменета, доста беше за уши носење да гласаат и дали бил наркоман тој што го убиле и колку пари испериле. ДОСТА Е!
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Друже, југославија се распадна во 90тите.
Немој те молам тој муабет. 20 години поминаа.
Аам системот бил подобар а сега бруталност за што абе по запад знаеш полицаец ќе те утепа и нема да го судат ќе речат во самоодбрана било и нема да има протести освен ако не е исцинирано на расна дискриминација е така , а дека треба да се тепа треба ама апсолутно за да ти дојде памет коа со кампањи се збори нешто и се кажува дека не треба не делува абе ич стапот! http://tinypic.com/r/2e51s79/8 е ова е од денес на ова место каде што загина девојчето од Паланка не им доаѓа памет.