Протести против полициската бруталност

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не станува збор за која партија се симиња, а која може да застане на власт, станува збор за борење за правда, за недозволување на мафијашко водење на државата. Станува збор за исплаќање на своите гревови. Не знам што ќе биде во иднина и како би било кога некој друг би застанал на власт, но знам дека сега во овој момент време е овие да си платат за сите срања што ги имаат направено. А направени срања ги има многу...

Не знам само како може некој, доколку ги слуша, муабетите во прислушкувањата (особено 29-та поврзана со Мартин), да остане рамнодушен и да наоѓа оправданија. Ако не ти е гајле за тоа дете, стави се самиот себе или најмилиот твој во истата ситуација. Зборат за неговото убиство како да станува збор за убиство на лебарка. Се случува, јебига, тоа е... Виделе дека не можат да го расчистат срањето направено од сопствените луѓе, па немајќи друга опција истерале на суд и да, убиецот е осуден и ќе си проживее удобни 14 години со гозби и дружење во затвор. Битно е осуден, а на кој начин тоа не е битно. Не е битно дека најпрво се потрудиле да ги заташкаат работите, па отткако тоа не им одело по план, се одвиле работите како што се одвиле. Утре пак некоја иста таква будала може да удри некого малце посилно, па тој да си почине, па да си биде јебига, тоа е тоа. Утре можеш да бидеш ти. И само ќе ја земат метлата, ќе ти ги изметат коските паднати и ќе ти ги фрлат во отпад и никому ништо.

А сето ова е само последната капка. А сите работи пуштени во последните 3 месеци? И сите работи кои допрва ќе ги дознаеме? Трпение, баш ме интересира што следи. Во секој случај, вака повеќе не иде и работите мора да се променат.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Абе остај тоа секаде има такви,затоа полициската бруталност донекаде е оправдана,ама во такви случаи,додека случајот со Мартин не е таков.

Возраст - Средношколец
Став - полициската бруталност донекаде е оправдана

:^)
А во кои тоа случаи е оправдано?

Ама чекај го утепал го осудија така и што сеа пак за истото да збориме ајде да збориме зошто и кој го утепа Борис Трајковски и да протестираме да не ен лажат со пилотска грешка?

Немаш пилот во постот а богами и автопилотот не ти работи, ало, цел државен врв се обиде да заташка садистичко убиство на дете, од пвемиев до министри со денови се договараа како да заташкаат излегуваа соопштенија дека паднал и се отепал и дека немало траги на насилство, ако не се дигнеше јавноста ќе го заташкаа и тоа како што имаат заташкано којзнае колку срања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Друже, југославија се распадна во 90тите.
Немој те молам тој муабет. 20 години поминаа.

Интересно е што Југославија постоела 47 години, барем СРМ како дел од неа, асном-44/референдум-91... а овој период веќе изминуваат 23,5 години од независноста што значи дека РМ веќе има поебано половина од времето од Југославија а најголем дострел на системот е врба од 250К евра при 15 пати побрзо задолжување :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, existence and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Viktor k јас те прашувам пак, дали сето тоа што го наброја е изговор за оваа власт вака брутално да настапува? Мислам, го утепаа детено, бркаа млади деца во читална...
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Во нормална држава после сето ова Јанкуловска требаше да си даде оставка и Груевски да најде нејзина замена во најмала рака, иако мислам дека овој пат паѓа оваа влада. Немам симпатии воопшто ни кон другата затоа што никогаш нема да им заборавам дека го отпуштија татко ми пред Нова година и наместо да се радувам со играчки и колетчиња пред елката, јас се чудев дали да ја отворам последната паштета.

НО!

Сакам оваа влада да биде сменета, доста беше за уши носење да гласаат и дали бил наркоман тој што го убиле и колку пари испериле. ДОСТА Е!
ајде бе важи,чим толку сакаш да ја смениме и тебе ке те ставиме на власт заедно со елката и пакетчиња ке ти дадеме да не јадеш паштета(аргета ли беше)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
ајде бе важи,чим толку сакаш да ја смениме и тебе ке те ставиме на власт заедно со елката и пакетчиња ке ти дадеме да не јадеш паштета(аргета ли беше)
594x334
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Возраст - Средношколец
Став - полициската бруталност донекаде е оправдана

:^)
А во кои тоа случаи е оправдано?



Немаш пилот во постот а богами и автопилотот не ти работи, ало, цел државен врв се обиде да заташка садистичко убиство на дете, од пвемиев до министри со денови се договараа како да заташкаат излегуваа соопштенија дека паднал и се отепал и дека немало траги на насилство, ако не се дигнеше јавноста ќе го заташкаа и тоа како што имаат заташкано којзнае колку срања.
А ти изгледа си се смешал во мојот пост или си преокупиран од фактот што сум средношколец па сега моето мислење е срање така?Полицијата ли нападна прва некни на протест?-Не.Многу е логично дека протестантите ќе бидат протерани сигурно нема цајкан после удар од шипка да рече ееј пази малку лошко еден. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Viktor k јас те прашувам пак, дали сето тоа што го наброја е изговор за оваа власт вака брутално да настапува? Мислам, го утепаа детено, бркаа млади деца во читална...
Е да одеа децава во читална арно и знаш тоа е во наша земја немаш никаков пристап на податоци за асална анализа и да неможе ниту една власт да те мафта е тоа фали. Се друго се приказни како вистина било само тој што е бркан и тој што бркал знае. Плус тој што сакал да ја заташка работата е Урко така каде е спомат во протестите никаде...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А ти изгледа си се смешал во мојот пост или си преокупиран од фактот што сум средношколец па сега моето мислење е срање така?Полицијата ли нападна прва некни на протест?-Не.Многу е логично дека протестантите ќе бидат протерани сигурно нема цајкан после удар од шипка да рече ееј пази малку лошко еден. :rofl

Не дека си средношколец туку дека како млад човек имаш став дека полициската бруталност била оправдана, повеќе ми е старечки став да речеме лик од 80 години кој се ложи на фактот дека служел 2 години аскер во Нови Пазар и го учи внукот дека чичко милицаец е увек во право...

Сине каде одиш секој ден на работа некаде ? Не туку на протести!
Наместо да се бориме за подобри услови за студирање , учење , за развој и на другите региони во државата , за подобар животен стандард ние сме задоволни со затупување од турски серии и фаќање сеир на туѓи разговори. Полицијата и треба да тепа дали со или без причина ич удри само така ќе се дојде до ред и дисциплина во оваа држава.

Така така, само мавај по стока, се собрале таму размазени дечишта ќе протестираат за едно садистичко убиство и прикривање од страна на цел државен врв, пффф па тоа се требе да се поапси и во станица ќотек да им дојде умот...
 
Последна промена од модератор:

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Не дека си средношколец туку дека како млад човек имаш став дека полициската бруталност била оправдана, повеќе ми е старечки став да речеме лик од 80 години кој се ложи на фактот дека служел 2 години аскер во Нови Пазар и го учи внукот дека чичко милицаец е увек во право...
Ова го сфатив како комплимент фала ти братуки,и не кажувај работи кои што не сум ги кажал,не реков дека чи цајкан е секогаш во право.
Инаку насловот според мене нема логика,полициска бруталност...Тоа е дело на поединец цајкан кој очигледно има проблем со испади на нервоза и затоа би било како услов за да бидиш цајкан да ти спроведат еден добар психолошки тест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA