Се нервирам што на телевизија не се зборува за протестите, само онака го спомнуваат, како да е нешто небитно. Да не е фејсбук немаше ни да знам што се случува. Предпоставувам дека мајка ми на пример, нема појма за настаните.
Самото тоа што сакаат, колку што е можно повеќе, да сокријат од јавноста е доволен показател дека нешто не е во ред. јас не сум политички определена и никогаш нема да бидам, ниту поради плата, ниту поради сигурност... поради ништо. Мене не ме интересира кој бил на власт, кој дал наредба, кој бил на должност, а кој не бил... еден млад човечки живот е насилно одземен и убиецот мора да си сноси одговорност, а уште поголема одговорност мора да сносат оние кои дозволиле да се случи такво нешто. Не ми е јасно, јас не се разбирам многу, но постојат ли некои психолошки тестови, проверки... сите ли полицајци се онака пуштени да ја работат таа работа? А ние што го сочинуваме народот сме уште поголеми кретени, ем го знаеме сето она што треба да се знае и пак им доверуваме се што имаме, сигурноста, иднината, децата...
Слушајки ја ,,бомбата'' се згрозив!
Како да зборуваа за партија табланет, па смислуваа стратегии, онака колку да се рече... важно е да се излезе од играта како победник, ич не е важно што дете умрело... ,,пф... наркомман бил тој, спомнете го и тоа, имал нарушено здравје''
После долго, долго време почувствував нешто налик на омраза, ми се гади едноставно.
Во врска со протестите... Не треба да бидат мирни, затоа што на тој начин баш на оние против кои протестираме им се олеснува. Ако некој веќе решил да протестира и е искрен и одлучен во својата намера, тој сигурно е свесен за сите можни последици, дека може да биде повреден или приведен... Ако некој одлчил да протестира, треба да протестира, а не да гушка и бакнува полицајци, тука едноставно се губи целата логика. Не велам јас да се протестира насилно -не, туку да се протестира јасно и гласно, а не со умилкување и страв. Ако веке некој оди да протестира, ке си го разреши тоа во својата глава.
Читам на фб, ке се бакнувале пред влада, ке се соблакале голи, оро ке играле... со такви бламирања ништо не се постигнува.
И искрено ми смета тоа што насекаде читам дека сдсм го организирале протестот. Народот ако почувствува потреба да оди на протест, ке оди, независно од тоа кој го организира (барем се надевам дека е така).