1. Не се расправам, ниту те убедувам само ти кажувам како изгледа твојта селски идила која што единствено добро е одгледување растенија и чистиот воздух ептен детска приказна. Ама не се живее само од тоа.Не ми е јасно зошто се расправаш со мене и зошто ме убедуваш дека Скопје е подобра опција од село. За мене тоа не е така, за тебе нека е, напиши си ти за себе ко што си напишав јас за мене, ама те молам не ме убедувај и немој да ме обвинуваш дека лажам бидејки не ме познаваш и тоа не можеш да го знаеш.
Јас не живеам во Скопје затоа што јас така сакам, туку затоа што некои околности допринесоа за тоа и немам намера да ти ги објаснувам, но не се финансиите бидејки сум невработена (и покрај тоа што сум во Скопје). Заработувам така што преку интернет го продавам накитот кој го изработувам, а тоа можам и во село да го правам, само што таму животот би ми бил многу по ефтин. Се познава дека немаш некое животно искуство, или си многу млада за да разбереш некои работи, но ете понекогаш животот приредува и такви представи, ако не можеш да ги разбереш нема потреба ниту да ги коментираш. Знаењето и интересите на моите деца воопшто не зависат од Скопје како град, ниту од можностите кои тој ги нуди. Обработувањето земја и не е толку тешко ко што ти се чини, посебно ако произведуваш храна исклучиво за себе, а не за бизнис и ако знаеш точно колку ти е доволно и што точно ти треба. Јас и денес го трошам истото време на други работи и не сум цел ден слободна да ги подучувам децата, така да тие не би изгубиле ништо додека јас одгледувам зеленчук и овошје.
А за она последново... тие муабети се малку детски. Нема човек кој што во пубертет не му го рекол истото на родителот, ако не го изговорил, барем го помислил. Но како што човекот созрева, така разбира дека секој сам си е одговорен за себе, дека тугите одлуки не влијаат многу. Ако нив им смета тоа што се во село ке се бунат, ке го искажуваат своети незадоволство, па во тој случај заради нив можеби и ке сменам нешто, но додека се мали тоа нема да им пречи од причина што таму би имале многу повеке слобода одколку тука, а моите деца ја сакаат слободата и јас сакам да им ја дозволам колку што можам повеке.
Ми се чини дека ти немаш вистинска представа за тоа како изгледа село и како може да се живее таму.
2. Ова со црвеново докажува дека лажеш, финансиите се проблем и на тебе, мене и на сите у оваа држава. И кога се нема ништо друга храната и воздухот се оди на она ти немаш искуство, ти ништо не си видела, да јас освен по алсфалтот во Менхетен никаде на друго место не одам. Кажи така сакаш живот на село зш ке живееш во заедница, друг ке ги подмирува сметките по се изгледа ти ни сега не го правиш тоа а не дека за качување по дрва треба невидена способност. Како бе не ти можности, ете се рекламираш тука на форумот дека ке имаш тезга на саем а во село каде на сред мегдан ќе ја поставиш на бабите кои се спремат да одат на собор ( собор како слава на селото така го викаме кај нас ) ке го продаваш а да ти ке одиш во село налик како оние во Словенија да си ги видела бар ке знаеше како нормално изгледа едно село а не како кај нас.
3. Детска работа за мене за тебе е воспитување и тоа е тоа, тука не коментирам секој со свој памет.
4. Да ти имаш него ај кажи колку пати имаш копано пипер и патлиџан додека беше на село или ти тогаш мала беше па се мама и тато работеа јас само јадење им носев не заебавај не продавај селски идили туку плати некоја сметка за струја.