Не ми кажа дали нема да ти треба?
Јас се кладам дека повеќе од половина што излеговте на протест излеговте само за да губите часови. Математика немало да ви треба, бог да чува. Тоа се учи од основно, не е биологија па ајде научи ја лелцијата, напиши нешто и толку. За математика треба вежбање, концентрација, и најмногу заинтересираност. А не вие врска си немате како да решите задача затоа што во основно не ви било гајле за математика, и сега ајде да протестираме затоа што нас ни е тешко. Па нормално дека ќе ви биде кога не сте учеле и не сте вежбале дома, одете сега научете да ве видам. А тоа дека нема да ви е потребна математика е глупост, да не ви е случајно биологија и географија повеќе потребно од математика.
Уствари што зборувам бе, и професорите се за никаде. Сите комплет сте за никаде, вие зашто не сте учеле и немате никакво познавање а сега се буните, и професорите зашто се лудаци невидени и не предаваат убаво. Па можам да кажам дека и родителите се криви, седи сине не се мачи ќе видиме ќе средиме оценка, гледај другите да ти се добри. Кога некој ќе го каже ова....
Кога последен пат си израчунал котангенс жити се
`Извади ми квадратен корен од непознатава дури ги товарам компириве па да се раздолжиме`
Во реалниот живот математика е потребна само во поглед на собирање, одземање, делење и множење и ништо повеќе. Дури и за тие операции постојат дигитрони, мобилни, компјутери.
Теретот на докажување е кај оној кој го носи законот, како таа матура ќе го подобри образованието.
Децата немаат потреба да знаат функции и биноми. Тоа е екстремно непотребно и злоупотреба на времето на децата, злочин. Исто како што е учење на срања од Ристо Крле или главен град на Науру. Или барем 99% од наставните програми.
Постои еден мал, безначаен процент кои треба да знаат и за таквите би било добро да има нешто како prep school за да можат деците кои ќе продолжат на математик-бејсд факс да научат тоа што им треба и да не се замараат со Ристо Крле.