Впечатоци од членови

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Цела тема ја и прочитав и јас на никого не сум оставил впечаток, зар е можно :eek:
Туку не е битно тоа, да пишам за некои членови а? Е ај ако не. :)

@Outrider луд човек, ама не како оние во лудница. Жими се, уживам додека го читам и секогаш се смеам, а и да признаам секое мислење му е на место, само што тој го пишува на некој посебен начин што и кога е сериозно мислењето те тера да се смееш. Не е некој кој ако му пишеш пп ќе ти врати "Мрш бе", Аутрајдер е посебен, нема како него. Малку геј звучи ама што ми е гајле.

@LittleButterfly ех, е ај да признаам, да не кријам. Секое сабајле се пуштам со надеж дека пишала нешто. Слично како и Аутрајдер, само што кај Пеперуткава нема толку хумор во мислењата но ако, мене ми се допаѓаат. И плус филмови гледа. :)

@Хоуп* беше првата што ми пиша пп :sram откако игравме не ми текнува што беше, само знам дека Хоуп е супер женска. Кога треба сериозно, сериозна е, кога не треба таа пак е, се зезам. Фалат членови како неа, фали и Хоуп, знам порано колку пишуваше и со мерак си читав, а сега :(

@Electra да ти е мерак да ја читаш. Кога ќе почне со тие нејзините мислења од еден километар, си земам за јадење и си читам, ама мислењата и се стварно добри. Нешто што не ми се допаѓа е тоа што е строга и ми има избришано многу мислења, се друго е супер. :)

@MissChievous, ако го рачунаме казнениот поен, тогаш Мисс е првата што ми пиша :rolleyes:
Искрено кажано, порано а и сега сеуште сакам да и ги читам тие сериозни мислења и филмски рецензии (иако ми се инаети со сликите). Но затоа кога ќе ја прашаш нешто мислам дека не ти одговара ради реда, тоа ми се допаѓа. Тоа што е построга и од Електра ми смета, но нема врска, продолжи така Мисс. :)

П.С. Ве тагнав за да знаете каде да ставите лајк. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Втор дел. Помалку ме мрзи затоа. :)

Се моли @Saladin да не биде сериозен. Добро уствари можеби јас не сфаќам кога се зафркава ама ми делува на некој сериозен тип кој е секогаш тука да помогне. Се е тоа супер и сакам да го читам, ама не знам, премногу ми е сериозен. Тоа што си има познавања од сите теми си има, тоа дека не ми избришал ниедно мислење точно е, браво Саладине прав другар си. :)

@diva orhideja :rofl :D :eek: :cool: :eek :p
Ете ја орхидејата на кратко. Некогаш интересни мислења пишува, признавам. Ама некогаш ми оди на нерви и ми доаѓа да ја истепам. :)

@JaMi псс, прва е да ме опомене а последна да ме пофали. :(
Ама ако, длабоко во себе знам дека сака да ми става лајкови. Супер си Јами. :)

@Makedonec нов член, влезе на голема врата, почна да прави весници ова она, стана модератор дури. Но, има нешто што ме нервира, дали дека е дете или дека пишува во нов ред и почнува со мала буква како да се наоѓа на фб не знам ама сега за сега лош е првиот впечаток. Знам дека и тој мисли исто за мене така да си се сложуваме во ова.

@Luckky ех порано кога си пишувавме за Агата Кристи и книгите ее. После ја снема па пак дојде, што е супер. Знам сега ќе излезе дека за сите позитивно пишав ама тоа е, не можам ни за Лаки ни за некој друг да најдам негативно, добро освен за самиот себе. :)
Кај Лаки исто како кај Електра, ми се допаѓа кога ќе се распише и те остава цел саат да читаш. Лајк уште не ми ставила, ај можеби сега. :)

@Mjölnir па каде беше ти бе. Го нема и наеднаш бап ете интересен член. А и паметен штом почна да гледа филмови и што не дружи во спортските теми. Браво ѓаволу. :)

Трет дел нема! :)
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
@Altaïr Кога би имало јавен конкурс со обавезен тест на интелигенција за модератори,мислам дека никогаш не би те избрале,но те вади твојот детски шарм,не се навредуваш,не се дурлиш,едноставно слатко детињасто моделаторче си.Ај и да те прашам што со шест смајли ме опиша,дај стави уште некое, 6-ка ми е малер број.(wave)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@Altaïr Кога би имало јавен конкурс со обавезен тест на интелигенција за модератори,мислам дека никогаш не би те избрале,но те вади твојот детски шарм,не се навредуваш,не се дурлиш,едноставно слатко детињасто моделаторче си.Ај и да те прашам што со шест смајли ме опиша,дај стави уште некое, 6-ка ми е малер број.(wave)
Сакаш да кажеш дека сум глуп?
Што знам иначе, така ми дојде со 6 смајлиња.
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
@existence интелигентен член, во минатото дури ми реши неколку задачи за Математика кои не ми беа јасни. :D
Фала ти друже уште еднаш.

@Outrider интересен член, посебно бидејќи е фан на Мојс (тролање левел 9000 :D ). Само никако да дознаам, а да не го прашам директно за кого навива, веројатно за Арсенал?

@Sarah е првата членка/модераторка која ми пиша инбокс и колку толку разврзавме муабет. Фино девојче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
@Altaïr
Човече на кое ако му се налутиш, ќе ти биде криво. Го запознав пред две години (прво тука се разбира) додека игравме не лути се човече, па онака срамежливо си ќутеше додека јас и Алексис дрдоревме без осет, и послушно си носеше магариња на аватар неколку недели по ред откако ќе изгубеше. : )) Толку добра и неискварена душа, а толку очајно сака да даде до знаење дека е лош и безчуствителен дечко. Не знам зошто е тоа така и стварно ми е криво што и во повеќето случаеви остави и таков впечаток, а јас знам дека се работи за добар пријател, искрен човек и потребен форумски лик. Немам никакви други замерки, дури и сум го засакала некако како помало форумско братче : )) Тука ми е за муабети за филмови, за спорт, за нервирање во темата за Милан, еден ден да ми кажува колку ги сакал и колкав фан им бил, а друг ден да ми се дере зошто местеле утакмици : ))
Можеби не се снајде баш како модератор, ама како член и те како остави трага, посебно во деловите низ форумот кои јас ги следам. Се надевам нема да исчезне за некои ситни недоразбирања, како што било случај и со многу членови пред него и ќе не почасти со уште многу добри рецензии и дојави за местени утакмици во Италија :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Saladin

Милан следна Х, 1:1 конечен. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Како мене никој не ме пофали или исхејта...

Што се однесува до мене како позитивен впечаток ми има оставено @Electra a whole new level of humor...

Можеби и овој плачково (ептен плачи за Ливерпул, а в недела ко че ни го начукаа пак нема да биди задоволен) @Altaïr да кажам збор два дека е кул чоече и покрај сите тешкотии во животот нека не го тераат да делува агресивно и да остава таков впечаток.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Altaïr

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Saladin -интересен лик што одма паѓа во очи, но како повеќе го читам ми станува помалце интересен : ) Паметен и доста начитан дечко и заприметив (е ај да не) дека доста добро го владее англискиот јазик : ) А да! И имам впечаток дека е малце заљубен во Маrijа : ))

После година дена го читам мислевењево хаха ме изнасмеа Хоуп
Не знам како тој впечаток, вистинит или не, фала што ме насмеа :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Хоуп*