Серии - Општи дискусии

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Stalker

Отвори ја прикачената датотека 21662

Самото име на серијата кажува за што станува збор. Бет и Џек истражуваат случаеви со прогонители. Not bad, добра трилер драма. Повеќе ми се допаѓаат вакви серии со криминал оттколку CSI и слични на неа.

Трејлер.

Добро почна серијава, ама примети ли дека последниве епизоди не можеа да бидат полоши и поочигледни? Мислам, секоја втора епизода излегува дека негативецот е најдобрата другарка на девојката |-( Како да не можат да смислат ништо друго па ај една те иста прича секад.
Последнава епизода 1х16 што ја гледав, веќе знаев кога ги видов осомничените дека другарката е вмешана.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com

Еееее па ти си тек до пола сезона, имаш уште доста за гледање. Мене ми се допаѓа серијава поради индивидуалните случаи, но приватните животи на ликовите ми се досадни некако.

Немој да се изненадиш ако и понатаму изгледаш уште некоја епизода каде што испаѓа дека негативецот е најдобрата другарка на девојката. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Еееее па ти си тек до пола сезона, имаш уште доста за гледање. Мене ми се допаѓа серијава поради индивидуалните случаи, но приватните животи на ликовите ми се досадни некако.

Немој да се изненадиш ако и понатаму изгледаш уште некоја епизода каде што испаѓа дека негативецот е најдобрата другарка на девојката. :zelen
Како бе до пола сезона, википедија ми кажува дека само уште една епизода ми останала? Сум изгледал 16, а пишува 17 епизоди до сега има серијава.
ПС. Најјако ми е, секад кога барат некој одат во неговата куќа и едната врата (обично таа одзади) е секогаш отворена ако газдата не е дома :zelen
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Како бе до пола сезона, википедија ми кажува дека само уште една епизода ми останала? Сум изгледал 16, а пишува 17 епизоди до сега има серијава.
ПС. Најјако ми е, секад кога барат некој одат во неговата куќа и едната врата (обично таа одзади) е секогаш отворена ако газдата не е дома :zelen

Не знам зошто ама ми се причини дека напиша дека си до 6та епизода.
m0928.gif
Иначе да, толку епизоди има, сега за сега.
И увек кога влагаат у нечија куќа оправдание им е... Слушнавме врискање внатре. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Не знам дали некој ја гледа новава серија 12 Monkeys, али во последната епизода имаше сцени снимени во Македонија. Си гледаш онака искулирано и одеднаш... оп... трча низ чаршија и Водно. (wasntme)
Може скриншот? Ако е стварно низ МК, може и ќе ја ѕирнеме! :D
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Може скриншот? Ако е стварно низ МК, може и ќе ја ѕирнеме! :D

Немам скриншот, но еве тука читни си таму најдоле, претпоследното прашање. А можеш и да ја гледаш серијата, не е лоша. :D
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Немам скриншот, но еве тука читни си таму најдоле, претпоследното прашање. А можеш и да ја гледаш серијата, не е лоша. :D
Да не бидам рекламер, ама Кајгана беа најбрзи и објавија статија. И во мојот крај е снимано, серијава оди дефинитивно на вочлист.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Абе да ве прашам нешто ако зннаете. Што се случуваше во последнава епизода од Неправда?
Овие од канал 5 цело време повторуваат да не се пропушта ама јас пропуштив. :(