Scream (2015)
Конечно нешто да начекам што ми се допаѓа, после тоооолку време, јухууу

Презгодни девојки, mean girls, секс, мистерија ... како што знае нашата модераторка да каже за секоја серија што ми се допаѓа, аматерско срање. Да, ова е типично аматерско срање ама јас го обожавам! Од некои актери доста лоша глума, на пример мајката на главниот лик е вистински аматер, ми се гаде кога ја гледам како се обидува да ја долови ситуацијата а сето тоа го праве тооолку вештачки и неприродно и никако не можеш да сочувствуваш со неа ниту пак да ја сожалуваш едноставно не ја бива. Како во секоја серија мора да има секс помеѓу ученичка и професор (тоа ги дига рејтинзите нели), дечкото на главниот лик мора да биде осомничен и режисерите прават се за да изгледа како тој да е виновникот, некој нон-стоп ја следи малечката, и ѕвони и се заканува ама нели секогаш некој друг ќе се обиде да ја спаси и ќе на*бе... типично онака, ништо посебно, ништо ново ама освежително и релаксирачко.
А што е најважно веќе е подготовка втора сезона! Можам да замислам дека оваа ќе биде новиот хит, кој е убиецот со маската? Кој е следната жртва? Тоа се прашања кои ќе се поставуваат во наредните неколку години
@Tantara ова е мноооогу слична на eye candy, actually и оваа серија е од MTV. Мислам дека овие MTV имаат нај серии у последно време. Дај и шанса.