Виртуелно научиш да игнорираш. Видам ли карти од концерти, клучеви, дијаманти, брилијанти и остали -анти, скролам и решен проблем.
Потешко е кога во живо мораш да климаш со главата дека слушаш и ти е интересно, па она кога прават пауза да изреагираш, да кажеш браво...во тие ситуации не знам што да правам, искрено, па стојам со некој збунето-ретардиран полуосмех.
Не знам...од една страна тоа се гледа ко егоистична карактеристика т.е. самоисполнетост, ама сметам дека повеќе личи на недостиг на (себе)вреднување што се надокнадува преку било каква постигната ситница.
Мада, ако збориме веќе за виртуелно, споделувањето е станато некоја механичка рутина, односно потсвесен натпревар кој направил повеќе и хинтање симпатии кај сме, со надеж дека ќе се појават или макар лајкнат/искоментираат.
Стално се расправам со другарка што тагнува секоја ситница. Седиме некаде и буквално ме тепа по рака дури не слика, а мене црева ми крчат...па што да стоело под сликата, која била поубава, ефект требало ли, мислиш на Мис ќе оди. Срам да те фати народ кога се врти по блицот...
Човече, палачинка во локално местенце јадеме, не кавијар на плажа на Хаваи...
Или еднаш кога се запна да ме тагне дека сум гледала Ѕвезде Гранда со неа, цитирам:
Да видиме што ќе искоментираат и ти дека гледаш.
И потоа ме батали и зјапаше во телефон, подмочнувајќи на вниманието т.е. реметот на моја сметка. Дома сум ти, нема да ти мењам програма и да ти шефувам што да пушташ, нит па ќе ти се тепам за тагот...сум рекла немој, а твое било колку си ми ја испоштувала желбата наспроти твојата. А можам да замислам колку глупаво изгледало сето тоа гледано од страна.
Ама ете, дотолку е навлезено споделувањето небитни моменти во виртуелен свет за трошка внимание.