Потреба за зборење за себе

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Додека ги прегледувам темите на форумов,ми дојде едно прашање на кое навистина ама ниеден одговор не ми дојде приближно точен,можеби треба некој психолог да одговори,но можете и вие да помогнете.Зошто имаме потреба да збориме за себе,што јадеме,што ќе јадеме,како се чувствуваме,на кого мислиме,што купивме,каде бевме,што пиеме,какви гаќи носиме,каков секс сакаме,каков мобилен имаме иииииии др.Каков е тој порив во нас што не тера сето тоа да го исплукаме за нас,кого го интересира што ми се јаде во моментов?Дали намалувањето на вербалната комуникација меѓу луѓето доведува вака на форуми, како во личен дневник да си пишуваме или пак сакаме да знаеме,кажувајќи ги ваквите податоци за нас, како не доживуваат и што мислат за нас другите членови или....???
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123

Лично јас, пишам што јадам што пијам за да ве настрвам :p
Се зафркавам само де, најверојатно го пишуваме тоа ради досада. Некој отворил таква тема па ајде. Исто како и за тоа што ставаме линк од песна што ја слушаме во моментот. Мислиш на некој гајле му е што слушаш? Океј, можеби на твојата симпатија на фејсбук и е гајле, ама тука каде што не се знаеме баш кој кој е ... претпоставувам од досада. Или да изрекламираме некоја песна па да ја слушнете и вие.
За мобилен каков имале... абе фалбаџии, што да ти кажам. Како викат, среќа не е среќа, ако не ја споделиш со некого.
За тоа какви гаќи носеле или каков секс сакале :^) Што знам, можеби некој е дојден на форумов да најде партнер за секс за една ноќ, па си ги кажува сексуалните желби за да види дали има уште некој како него, со исти фетиши и такви работи :zelen
Јас најмногу си постирам во музика, си разменувам мислења во Х-фактор и сличните теми, си пишам во љубовна исповедувачница бидејќи бившата ми замина во Италија па не можам да и зборам нејзе лично (не дека ако беше тука ќе имав храброст да и кажам нешто, али батали) .
Личен дневник е за тоа да си го опишиш денот како ти поминал, да се потсетиш на чувствата, на човек му е потребно да се искаже. Како некои викат слушам слушам слушам туѓи проблеми, а мене никој не ме слуша... епа тој или таа ќе си дојде на форум и ќе си се олесни :)
Бај д веј, ако глеаш така, не само на форуми, ами општо на социјалните мрежи. Чекирањето, слика со палачинки и доле текст Јадиме со срцките најубави, најмедени и најсрцкасти ... ве сакам најмногу срцки мои срцкести и илјада срциња после тоа. Предноста на форум е анонимноста. Иначе сите пишуваме за себе дали на блог, на фејскбу, твитер или форум. А на прашањето зошто?конкретно не можам да одговорам. Можеби поради фактот дека сме сите различни суштества и сите правиме некои работи од различни причини.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Убава тема.
Мислам дека сето тоа зборување за себе има врска со егото.
Ќе зборувам за себе лично во постов(прилика пак да зборам за себе :) )
Ретко се жалам себе си.Избегнувам да кажувам работи кои не ми одат во животот или со други зборови да се претставувам како жртва на судбината или животот.Кога ќе размислам подобро избегнувам и многу да се фалам.Или кога го правам тоа го правам свесна дека ми е потребно да го задоволам сопственото его и јасно ми е тоа, така да тоа
правам со усул и само кај луѓе кои ме знаат добро и кои знаат што ми значи сето тоа,па се радуваат со мене.Понекогаш зборувам за себе да би мотивирала некого.Било некоја ситуација од животот која можеби не била едноставна а во која личноста се наоѓа во моментот па ми се наоѓа како пример..Често пишувам за себе на форумов во личен дневник.Тоа е нешто што го правам баш лично за себе.Едноставно едно катче каде го запишувам она што актуелно ми се врти низ глава,што го сакам,за што сонувам,што го живеам во моментот,што ме мачи итн.
И тоа навистина го правам само за себе.

Ова е форум,луѓето раскажуваат за себе затоа што сакаат да разменат искуства,да претстават дел од својата личност на некој начин анонимно пред останатите.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
I hear voices in my head and they tell me : go and post on crnobelo forum at once ! :frantic

Кој би го знаел иначе, нема врска тоа со виртуелноста, и пред кооперација и кај фризерка и на пазар и пред влез и на кафе, секаде рајата си кажува шо јадела, пиела, купила или што и да е... виртуелното е само екстензија на реалноста.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Виртуелно научиш да игнорираш. Видам ли карти од концерти, клучеви, дијаманти, брилијанти и остали -анти, скролам и решен проблем.
Потешко е кога во живо мораш да климаш со главата дека слушаш и ти е интересно, па она кога прават пауза да изреагираш, да кажеш браво...во тие ситуации не знам што да правам, искрено, па стојам со некој збунето-ретардиран полуосмех.
Не знам...од една страна тоа се гледа ко егоистична карактеристика т.е. самоисполнетост, ама сметам дека повеќе личи на недостиг на (себе)вреднување што се надокнадува преку било каква постигната ситница.
Мада, ако збориме веќе за виртуелно, споделувањето е станато некоја механичка рутина, односно потсвесен натпревар кој направил повеќе и хинтање симпатии кај сме, со надеж дека ќе се појават или макар лајкнат/искоментираат. :giggle

Стално се расправам со другарка што тагнува секоја ситница. Седиме некаде и буквално ме тепа по рака дури не слика, а мене црева ми крчат...па што да стоело под сликата, која била поубава, ефект требало ли, мислиш на Мис ќе оди. Срам да те фати народ кога се врти по блицот... :^)
Човече, палачинка во локално местенце јадеме, не кавијар на плажа на Хаваи...
Или еднаш кога се запна да ме тагне дека сум гледала Ѕвезде Гранда со неа, цитирам: Да видиме што ќе искоментираат и ти дека гледаш.
И потоа ме батали и зјапаше во телефон, подмочнувајќи на вниманието т.е. реметот на моја сметка. Дома сум ти, нема да ти мењам програма и да ти шефувам што да пушташ, нит па ќе ти се тепам за тагот...сум рекла немој, а твое било колку си ми ја испоштувала желбата наспроти твојата. А можам да замислам колку глупаво изгледало сето тоа гледано од страна.
Ама ете, дотолку е навлезено споделувањето небитни моменти во виртуелен свет за трошка внимание.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не ми ја одговоривте енигмата на прашањето што е тоа што ме тера да напишем нешто за себе,ете и сега ме голицка и се прашувам по сто пати дали е тоа да се докажаме пред себе или пред другите?Мислите ли дека кога разговараме во друштво всушност никој никого не го слуша,таман почнувам да кажувам нешто,друг ти се убацува во моабет,трет мења тема и само бла бла,никој ни те чул ни разбрал или па заборавил што си кажал.Овде на форумов можеш до утре ако сакаш ќе си пишуваш и никој нема да те прекине.Желна сум изгледа за некој да ме слуша,само да слуша!?
 
Потреба за внимание.

пс.сега не зборам за себе :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Потреба за внимание.

пс.сега не зборам за себе :)
Ако мислиш дека е потреба за внимание,тогаш можеме да направиме една статистика на кој член му треба најмногу внимание па да му се посвеиме малку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ако мислиш дека е потреба за внимание,тогаш можеме да направиме една статистика на кој член му треба најмногу внимание па да му се посвеиме малку.
Немам намера да ги анализирам членовите на ЦБ,а и не се замарам со тоа на кој му е потребно внимание,а на кој не,секој треба за себе да си знае.Кој се интересира за психата на останатите членови слободно нека прави,што се мене тиче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin, JaMi and Хоуп*

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не ми ја одговоривте енигмата на прашањето што е тоа што ме тера да напишем нешто за себе,ете и сега ме голицка и се прашувам по сто пати дали е тоа да се докажаме пред себе или пред другите?Мислите ли дека кога разговараме во друштво всушност никој никого не го слуша,таман почнувам да кажувам нешто,друг ти се убацува во моабет,трет мења тема и само бла бла,никој ни те чул ни разбрал или па заборавил што си кажал.Овде на форумов можеш до утре ако сакаш ќе си пишуваш и никој нема да те прекине.Желна сум изгледа за некој да ме слуша,само да слуша!?
Па, тие две докажувања се некако поврзани. Со самото тоа што другите ќе посветат внимание на тоа што си го пишал т.е. што си се пофалил, со самото тоа што ќе те пофалат и/или ќе ти честитаат, ќе ти се зголеми и самовреднувањето дека ете, си направил нешто вредно/корисно.
- Еј, ќе се мажам.
- Опаа, честитки!
- Со среќа нека ви е!
- Редно беше, супер пар сте!
- Ааа, па ајде и деца набрзо...
И егото, нормално, се полни. Осеќаш задоволство и исполнетост од себе, а истовремено и ти годи одобрувањето и добрите желби од околината...па богами и некој „пецкав“ коментар на твојот успех го сфаќаш ко знак на љубомора и уште повеќе ти годи пошто дава импресија дека си на прав пат.
Некогаш е потреба да се тргне тежината од гради.
Некогаш е чувство на еуфорија.
Некогаш и чисто за внимание...колку да се дешава нешто.
Триста луѓе, триста причини...ама на секоја годи позитивниот фидбек.

Сослушувањето веќе не го сметам толку за потреба за себеистакнување, туку потреба да се тргне нешто од душа, па можеби притоа и да се добие по некој совет, кој, иако може е клише, делува утешително. Секако, освен во случаи кога намерно се оди во крајности со измислување приказни за да се стекне некаков статус на Великомаченик Исус.