Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
На линкот што го постирав во врска со светиот ангел чувар, има материјали и книги.
Пролистав,некои линкови не се во функција!
За книгата "Книга на Законот" напишано е:
Постои битие наречено Аиваз, бестелесна интелигенција, кој ја напиша Книгата на Законот, користејќи ја мојата рака и уши. Умствено тој е сигурно посупериорен од мене во знаење и моќ, зашто уште оттогаш тој владееше со мене и ме поучуваше“

Да продолжиме со конверзација треба да се има искусено вакво нешто за да се има барем колку-толку некоја престава што всушност се случува кога човек остварува спој-соединување во една ваква форма.
Бидејќи не постои човечки збор со кој може да се опише или именува тоа кон кое се соединува човек..(ќе го наречам светлина,чиста светлина)
Допирот со таа светлина е директно со човековот сумсур(нешто над "јас сум") при што отпочнува оној разговор кој преставува,разговор со самиот себе,осветлен од чистата светлина.
Зборовите,мислите и се она што ќе произлезе од тој рзговор го надминуваат времето и просторот!
Светлината не познава термини како Исус,Марија,Муслимани,Будисти,тоа се човечки термини познати за оној кој живее на земјата.
Што ми е поентата,за остварувањето на тоа соединување многу е битно да се отфрли секоја лушпа,прашина и се што е наталожено од општо познатиот свет,тоа му наликува како да се делка камен,до дијамантска состојба ,за да кога се осветли се добие заслепувачка светлина која ќе биде препознаена од народот.
Морам да забележам дека Алистер не отфрлил баш с'е,резлутатот од тоа затварање во временски ограничен простор и ословени термини познати за одредени еони,Исус,муслимани,будисти...Наместо преку осветлувањето да отпочне нов еон(с'e ново да создае),тој го стегнал со заби стариот еон.:(
Постојат и длабоки и безвременски цитати,но истите го губат значењето кога се затворени во иста кутија од стариот еон!
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Оваа твоја констатација ќе беше валидна доколку се работеше за догми, доколку толкувањата и резултатите на Кроули се сметаа за апсолутна вистина и доколку секој друг обид за дознавање на вистината беше однапред прогласуван за ерес. За волја на вистината, токму спротивното е случај, еве што кажал Кроли во врска со ова:

I admit that my visions can never mean to other men as much as they do to me. I do not regret this. All I ask is that my results should convince seekers after truth that there is beyond doubt something worth while seeking, attainable by methods more or less like mine. I do not want to father a flock, to be the fetish of fools and fanatics, or the founder of a faith whose followers are content to echo my opinions. I want each man to cut his own way through the jungle.
The Confessions of Aleister Crowley, Ch. 66

П.С. Предходно веќе напоменав, дека симболиката и терминологијата е еден вид на "фреквенција", ако твоето Разбирање не е на таа "фреквенција", залудно ќе трошиш вееме и енергија.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Морам да забележам дека Алистер не отфрлил баш с'е,резлутатот од тоа затварање во временски ограничен простор и ословени термини познати за одредени еони,Исус,муслимани,будисти...Наместо преку осветлувањето да отпочне нов еон(с'e ново да создае),тој го стегнал со заби стариот еон.:(
Постојат и длабоки и безвременски цитати,но истите го губат значењето кога се затворени во иста кутија од стариот еон!
Работат сите линкови од погоре...

Да прашам: Како знаеш што отфрлил Кроули, а што не? Каде прочита за „временскиот ограничен простор“?
Не знам како се дрзнуваш да зборуваш за Кроули дури и разгледан како човек, кога немаш ништо прочитано од него за да можеш да критикуваш што кажал и како. Од каде овие твои идеи, кој знае... Од мојот блог сигурно нели :)

Погрешно во врска со стариот еон и Кроули. Ако го анализираш делото на Кроули и она што го понудил како философ од една страна, како Магус од друга, би требало да ја најдеш врската на новиот еон со стариот. Во „Книгата на Законот“ се дадени промените. Не се е отфрлено од старото. Само она што е лага во однос на човекот! Но за да се разбере што е и како е - некој треба да потроши малку енергија и да простудира.
А и Кроули велат дека со едната нога бил во стариот еон во врска со некои работи ;) Ама тоа го знаеш нели?
Ништо не знаеш всушност за Кроули, туку ајде, нека биде.
Треба да се прави разлика од Кроули како човек, како Магус, како нешто сосема трето... различни работи се тоа, но тоа е друга тема сосема непотребна за дискутирање тука.

Да погледне сега каде е неговиот Ред, каде е Законот и кој се го применува - тој ќе падне на газ од работата што е започаната и сеуште расте!

И, друго во врска со твојот проблем што гледаш проблем во „временската рамка“, само мал цитат :
„Но твоето свето место ќе биде негибнато низ вековите: иако со оган и меч ќе биде спалено и разурнато, сепак таму невидлива куќа стои, и ќе стои сѐ до падот на Големиот Еквинокс; кога Хрумакис ќе се воздигне и тој со двојниот стап ќе го преземе мојот трон и место.
Друг пророк ќе се воздигне, и ќе донесе свежа треска од небесата; друга жена ќе ја разбуди страста и обожувањето на Змијата; друга душа на Бога и на Ѕверот ќе се смешаат во свештеникот на глобусот; друга жртва ќе ја извалка гробницата; друг крал ќе владее; и благослов нема веќе да се излева Кон Сокологлавиот мистичен Господ!“
--- Книга на Законот, III:34

Како што светлината не прави скокови, така и Законот не прави скокови! :)
Не може без „Книгата на Законот“ и она што е дадено во нејзе да се дрдори за Телема, посебно не без практична примена на работите дадени во Законот! Мора да ја разберете и практично применувате. Таа важи и за вашето внатрешно, но и за вашето надворешно!

Во „Еквинокс на Боговите“ читаме дека овој Закон и порано бил пренесен на луѓето, но тоа само донесе ренесанса и age of reason за да се успори умртвувањето на човештвото од страна на старо-еонските магиски формули.

@Abraxas ама му се пуштивме еј :) Тој нам пророкот бил ваков онаков, а ни „Книгата на Законот“ не ја прочитал! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Оваа твоја констатација ќе беше валидна доколку се работеше за догми, доколку толкувањата и резултатите на Кроули се сметаа за апсолутна вистина и доколку секој друг обид за дознавање на вистината беше однапред прогласуван за ерес. За волја на вистината, токму спротивното е случај, еве што кажал Кроли во врска со ова:

I admit that my visions can never mean to other men as much as they do to me. I do not regret this. All I ask is that my results should convince seekers after truth that there is beyond doubt something worth while seeking, attainable by methods more or less like mine. I do not want to father a flock, to be the fetish of fools and fanatics, or the founder of a faith whose followers are content to echo my opinions. I want each man to cut his own way through the jungle.
The Confessions of Aleister Crowley, Ch. 66

П.С. Предходно веќе напоменав, дека симболиката и терминологијата е еден вид на "фреквенција", ако твоето Разбирање не е на таа "фреквенција", залудно ќе трошиш вееме и енергија.
Немал визии!но,ако некој верува во тие "фрекфенција" залудно е било што.
Работат сите линкови од погоре...
Од Линк ,пробај да го отвориш!

Да прашам: Како знаеш што отфрлил Кроули, а што не? Каде прочита за „временскиот ограничен простор“?
Не знам како се дрзнуваш да зборуваш за Кроули дури и разгледан како човек, кога немаш ништо прочитано од него за да можеш да критикуваш што кажал и како. Од каде овие твои идеи, кој знае... Од мојот блог сигурно нели :)
Кога во таков тип на книга се именува нешто кое е општо познато само во одреден временски период,а не постоело во други ,цитатие се временски ограничени.
Безвременски текстови се оние кој не даваат одреден правец,туку даваат длабока смисла на човековото постоење, дури да се прочитаат и после 3000год,кога не би постоеле помови како Исус,муслимани.будисти.

Погрешно во врска со стариот еон и Кроули. Ако го анализираш делото на Кроули и она што го понудил како философ од една страна, како Магус од друга, би требало да ја најдеш врската на новиот еон со стариот. Во „Книгата на Законот“ се дадени промените. Не се е отфрлено од старото. Само она што е лага во однос на човекот! Но за да се разбере што е и како е - некој треба да потроши малку енергија и да простудира.
А и Кроули велат дека со едната нога бил во стариот еон во врска со некои работи ;) Ама тоа го знаеш нели?
Ништо не знаеш всушност за Кроули, туку ајде, нека биде.
Треба да се прави разлика од Кроули како човек, како Магус, како нешто сосема трето... различни работи се тоа, но тоа е друга тема сосема непотребна за дискутирање тука.

Да погледне сега каде е неговиот Ред, каде е Законот и кој се го применува - тој ќе падне на газ од работата што е започаната и сеуште расте!

И, друго во врска со твојот проблем што гледаш проблем во „временската рамка“, само мал цитат :
„Но твоето свето место ќе биде негибнато низ вековите: иако со оган и меч ќе биде спалено и разурнато, сепак таму невидлива куќа стои, и ќе стои сѐ до падот на Големиот Еквинокс; кога Хрумакис ќе се воздигне и тој со двојниот стап ќе го преземе мојот трон и место.
Друг пророк ќе се воздигне, и ќе донесе свежа треска од небесата; друга жена ќе ја разбуди страста и обожувањето на Змијата; друга душа на Бога и на Ѕверот ќе се смешаат во свештеникот на глобусот; друга жртва ќе ја извалка гробницата; друг крал ќе владее; и благослов нема веќе да се излева Кон Сокологлавиот мистичен Господ!“
--- Книга на Законот, III:34

Како што светлината не прави скокови, така и Законот не прави скокови! :)
Не може без „Книгата на Законот“ и она што е дадено во нејзе да се дрдори за Телема, посебно не без практична примена на работите дадени во Законот! Мора да ја разберете и практично применувате. Таа важи и за вашето внатрешно, но и за вашето надворешно!

Во „Еквинокс на Боговите“ читаме дека овој Закон и порано бил пренесен на луѓето, но тоа само донесе ренесанса и age of reason за да се успори умртвувањето на човештвото од страна на старо-еонските магиски формули.

@Abraxas ама му се пуштивме еј :) Тој нам пророкот бил ваков онаков, а ни „Книгата на Законот“ не ја прочитал! :)

Уште во самиот вовед сакал да ја замаскира лагата со следниот текст.
Цитирам
Меѓутоа,писарот на овој диктат,во тоа време не беше во согласност со оваа "интелегенција".Всушност,Аиваз му диктираше на непријателски насторениот писар,на човек кој беше принуден да пишува наспроти неговата волја. .....завршен цитат.

Вашиот пророк нема доживеано смрт,во таа состојба на раговор со битие кој тој си го именувал ,настаните на духовно ниво се еднакви со моментот од вкусувањето на смртта,времето стои,а со тоа и било каква борба со некаков непријател нема,повеќе наликува на взаемна игра во која нема никој над и никој под.Немаш идентификација за самиот себе,па отука не можеш да се бориш,борбата ако воопшто може така да се нарече е потрага по својот идентитет при што се случува оној раговор со кој осознавајќи го универзумот се препознаш себеси,извираќи од тебе зборови кој немаат временски ограничен кафез.

Што се однесува за она дека ќе дојде наред пророк,....де жа ву.тоа го има и во христијанството..тоа секогаш е случај кога се дава закон според кој треба да живеат луѓето, прифаќајќи го законот како своја филозофија на живеење постануваат јајца над кој лежи законот,додека не се изведат,тоа е еден вид рептилско размножување (змијата дава мудрост,нели)
По сето тоа што го прочитав,можам да кажам дека вашиот пророк направил фалсификат.Создал книга ,ја препишал или создал од повеќе делови дополнуваќи ја со своите фрустции со моментално постојните поими на религии и верувања, и ја сервирал со свои коментари.
Останува само да легнете испод "Законот е за сите" додека не го надминете после многу еони и еони,кога ќе ги снема поимите Исус,муслимани,будисти.:)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Немал визии!но,ако некој верува во тие "фрекфенција" залудно е било што.
Незнам кај виде и кај прочита дека некој требал да верува во фреквенции.....кога цело време се потенцира токму спротивното! Мислиш дека со инает нешто ќе постигнеш? Пробај, увери се колку залудно ќе ти биде тоа. Ти сакаш да спориш за нешто за кое немаш знаење, спориш симболика што не ја разбираш. Ако се навратам доволно назад на темава, можам да ти постирам како носиш заклучок дека љубовта била силна емоција и затоа Законот бил опасен....за после да дознаеш токму од нас, дека љубовта во овој случај не е емоција, нема врска со сентименталност!
Цело време, сиве овие години се трудиш да докажеш како телемета е опасна, погрешна, непотребна и што уште не, а се што знаеш е од нас! Незнам дали си свесен, но ова е опсесија....незнам какви фрустрљции или комплекси се причина за ова, но првиот чекор за да се реши некој проблем е да се признае пред себе си дека тој проблем постои.
 
Веруваш во тоа што го напишал твојот пророк,кое го именував како фрекфенција во наводници,бидејќи ако си имал искусено слично доживување ќе си ги уочел разликите.
Посочи постови за што точно збориш.
Притоа држи се за конментарот,а не за оној кој коментира.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Веруваш во тоа што го напишал твојот пророк,кое го именував како фрекфенција во наводници,бидејќи ако си имал искусено слично доживување ќе си ги уочел разликите.
Посочи постови за што точно збориш.
Притоа држи се за конментарот,а не за оној кој коментира.
Не верувам! Убаво објаснив, повеќе од доволно, дека верувањето не е суштината на телемата, туку телемата треба да биде тригер што ќе го активира механизмот на Разбирањето! Затоа и ти го постирав цитатот на Кроули, каде самиот кажува дека ниту сака ниту очекува некој слепо да верува во неговите зборови, ниту да биде причина поради која ќе го следат фанатици и лудаци. Ако не се пронаоѓаш во телемата, тогаш одминија, што е поентата да спориш нешто кое не го разбираш? Што мислиш дека ќе постигнеш?
 
Немал визии пророкот,све е измислено ,филувано да се направи концепт за пат кон себеосознавање.Зато прашав,дали некој друг имал разговор со измислено пријателче.
Насамарен си во лавиринт на зборови,математики,текстови,истражувања и учења,а заборави да се посомневаш во законот.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Немал визии пророкот,све е измислено ,филувано да се направи концепт за пат кон себеосознавање.Зато прашав,дали некој друг имал разговор со измислено пријателче.
Насамарен си во лавиринт на зборови,математики,текстови,истражувања и учења,а заборави да се посомневаш во законот.
А ти од каде знаеш кој имал, кој немал и што имал? Не сум јас насамарен, без гајле, јас не сум телемит и иницијант затоа што сум решил да верувам во нечија визија, сведоштво или искуство! По незнам кој пат кажувам дека телемата треба да биде тригер што ќе го активира Разбирањето, а не текст или симбол што без приговор мора слепо да се прифати и да се верува во него!
Еве што стои во The Equinox Vol.I No.2
V. РАЗУМОТ

  1. Бидејќи вистината е над-разумна, секоја разумна изјава е погрешна.
  2. Оттука студентот треба да се спротивставува на секое тврдење кое се презентира пред него.
  3. Штом разумните идеи се избркани од умот на ваков начин, се отвора простор за восприемање на духовната вистина.
Би требало да се нагласи дека ова не ја поништува целисходноста на расудувањето на неговото рамниште.

VI. СПИРИТУАЛНИОТ СЕНЗОРИУМ

  1. Човекот како ограничено суштество е неспособен да го сфати неограниченото. Комуникацијата со неограничено суштество (вистинско или лажно) не го менува овој факт.
  2. Оттука студентот нека и се спротивстави на секоја визија и одбие да ужива во неа; првин поради тоа што секако е можна друга визија, од сосем спротивна природа; второ, бидејќи иако е Бог, тој е сепак човек на една безначајна планета.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ДА,ДА се резбира,ти беше пред неколку страни дедо мраз,нели?
Штом си ставил закон на грбот,џабе е се.