Толкување на сонови

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сум имала долга коса,уште подолга од што ми е,потоа сум ја скратила скроз,и на крај се гледав во огледало и плачев зошто ми фалеа цели прамени и редови,од челото па до вратот позади јас бев без коса.Има значење нешто сонов,@malo ?
Убаво е. Стануваш свесна за она кое ти тежи и го тргаш од себе. Можеби е добар период за простување, барање прошка од некого, искрени разговори со оние кои ти значат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Дали знае некој од вас што значи сонов........
Сонувам како стојам во дворот на едни комшии, и гледам друга комшика како од нивниот двор собира трева, во рацете насобрала поголема количина и како тргнала накај нас за да ја однесе тревата на нашите зајчиња (во секојдневниот живот јас дома чувам 2 бели зајчиња-од украсните, што не растат).
Потоа, како одеднаш се наоѓам кај некоја куќа со пластични олуци и како ги одмрзнувам олуците и го бутам мразот, и како последниот олук кога се отпушти со вода ми ги наполни нозете до колена и наеднаш се свртев и видов една голема четвртаста кошница, а над неа уште една помала округла платнена кошница. Во големата кошница како во еден ќош се стуткале 2 бели зајачиња, а на другиот ќош уште едно бело зајче, и сите три биле исплашени
(иначе ние дома чуваме само 2 бели зајачиња), а во кошницата над нив некаква птица што колка во округлата кошница над нив што беше. Јас тргам накај нив со цел да ги спасам зајчињата да не ги повреди и нив иако сум целата мокра од водата од олукот. Во тој момент наеднаш птицата одлетува со кеса со алишта фатени на клунот (значи во кошницата над зајчињата каде што колкала птицата имало кеса со алишта, но во сонот тоа не можев да го видам се додека птицата не одлета со се кесата алишта).
:^)
 
Колку години имаш?
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
@malo јас сонував како сум видела покрај шумскиот пат на кој сум одела дрвен крст како лежи..од десната страна покрај патот..
Како би го протолкувана тоа?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Зошто? Каква врска има сонот со моите години?
Па има врска, некои соништа се предизвикани од моменталните потреби и желби, а возраста тука игра голема улога. Не можам да ти кажам дека твојот организам е подготвен за родителство ако имаш 13 години, тогаш би значело нешто друго, но поврзано со промените на твоето тело, сексуалноста или семејството. (ова беше само пример, не ти толкував)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@malo јас сонував како сум видела покрај шумскиот пат на кој сум одела дрвен крст како лежи..од десната страна покрај патот..
Како би го протолкувана тоа?
Искрено незнам. Крстот како крст не ми значи ништо. Ако имало нешто друго во сонот дообјасни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Сум имала долга коса,уште подолга од што ми е,потоа сум ја скратила скроз,и на крај се гледав во огледало и плачев зошто ми фалеа цели прамени и редови,од челото па до вратот позади јас бев без коса.Има значење нешто сонов,@malo ?
Како што ми имаат кажувано,кратење на коса е скратување на некоја мака,а плачење е радост...

@malo јас сонував како сум видела покрај шумскиот пат на кој сум одела дрвен крст како лежи..од десната страна покрај патот..
Како би го протолкувана тоа?
Има некое значење според мене и тоа од големо. (Од религиозен аспект) :)
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and violetmoon

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Па има врска, некои соништа се предизвикани од моменталните потреби и желби, а возраста тука игра голема улога. Не можам да ти кажам дека твојот организам е подготвен за родителство ако имаш 13 години, тогаш би значело нешто друго, но поврзано со промените на твоето тело, сексуалноста или семејството. (ова беше само пример, не ти толкував)
Сонов не го сонував јас, туку жена од околу 45-47год., но кога ми го раскажа се одлучив да го пишам на форумов за дали некој би го знаел неговото значење.
Доколку знаеш, би ми било мило да ми го протолкуваш.
Фала ти однапред. :)
 
Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Сонував како колата во која што сме јас и брат ми има сообраќајка, и како сите други успеваме да се спасиме освен он, но јас неможам никако да го прифатам тоа и како го кревам во раце за да трчам накај болница и како одеднаш брат ми ми прозборува и сфакјам дека иако тоа му се последните сили и е во многу критична состојба сепак не е мртов (:| и почнувам да трчам да барам некоја помош додека другите со нас веќе се одкажаа од него и надежта да се спаси....и така се разбудив....целата препотена од претрпениот страв :) и не знам што се деси со брат ми....иначе во сонот сите плачеа, особено јас....

Што би значело ова? :(