Мислам дека многу си недостасуваш сама на себе. Размисли дали и поради што дозволуваш да го изгубиш своето вистинско јас.@malo
Сонував многу реален сон. Се сретнав со еден бивш дечко кој не живее во Македонија и не сум го видела повеќе од 20 години.Се гушкавме се смеевме.зборувавме. Ми вика иста си како порано, цело време те мислев и сега успеав да го победам егото. Те молам немој да си одиш.
Се качивме на дрво, на дрвото имаше лежалка. Му викам а сега како ќе се симнам , ми е страв. Тој вика тука ќе останеме , не се симнуваме, не те пуштам никаде, те чекав цел живот.Цело време се гушкавме и си ги раскажувавме животите за годините кои поминале.
П.С. Во сонот ми беше многу убаво.
Можеби имаш неубав период моментално, емотивна си и можеби некој те повредил. Потребна ти е слобода, одмор од се што те опкружува, но не си спремна да направиш чекор сама. Најверојатно подсвесно бараш утеха и подпора во други луге иако си свесна дека тоа може да биде уште едно заробување.