Па има на претходните страни таков предлог, ама слабо се коментира. Уствари како да се коментира кога само 3-4 си ги гледаме филмовите.Интересен концепт на филмскиот клуб, морам да признаам. Нешто што не го бев видел досега на друго место, иако делува помалку мртва дискусијата - можеби причина е самата пасивност, односно "немасовност" на форумот. А можеби и премалку простор се остава за дискусија. Мој совет е да ја смените постапката: во недела некој предлага филм кој членовите на клубот ќе може да го гледаат 7 дена, до наредната недела, кога некој друг предлага филм. Во неделата кога ќе се гледа новиот филм, се коментира стариот. Така дискусијата ќе трае цело време, а нема да биде ограничена само на викенд..