Филмски клуб

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Вистина не е фер вака, сите филмови треба да ги изгледаме пошто вака ете што се дешава, овој не го гледал мојот јас не го гледам неговиот и ете ти после мртва тема. Ај бар тука, еднаш да бидеме фер. Еве јас ветувам дека ќе ги гледам сите наредни...
@LittleButterfly кој да го гледаме следен?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Филмскиот клуб не може да опстане доколку:

1. Член сте на клуб, а не го гледате секој предложен филм. Иако не сме премногу членови, секако нашите вкусови се разликуваат и не може секој предложен филм да не привлече да го гледаме и да ни се допадне. Но, поентата се губи доколку бираме кој филм ќе го гледаме. Едноставно не функционира така. Ако некој сака да биде член на клубот, мора да го изгледа секој предложен филм и да даде мислење за истиот, барем една реченица.

2. Ако не сте отворени кон нови филмови. Односно, не можете да знаете дали некој филм нема да ви се допадне доколку не го изгледате. Без разлика дали тој филм е стар или нов, црно-бел или во боја, американски или европски, итн.

3.
Зашто да гледам филм на некој што не го гледал мојот. :)
Иако разбирам зошто мислиш вака, ваквото мислење не е добро за клубот. Не може да однесуваме како деца и да бидеме зајадливи на овој начин. Ако ти не го гледаш мојот филм, нема ни јас да го гледам твојот? Сериозно? И што си направил со тоа? Сите прашања ми се реторички, не мора да бидат одговорени. Повторно, се губи смислата на клубот...

Доцнам со мислење на Spellbound зошто ми беше тежок за гледање. Го гледав викендов, односно го пуштав на 3 пати во рок од 2 дена. Филмот има интерсна приказна поврзана со психологијата и соништата, но по мој вкус, многу споро се одвиваат работите, можеле малку пократок да го направат. Многу ми е смешно оноа кога некој се сеќава нешто што друг му го рекол... I knew dr. Edwards. I knew dr. Edvards. Knew. Knew. KNEW! :D Најмногу од се ми се допадна крајот, како Constance го отплетка замрсениот чвор. Секој кој обожава психолигија и психолишки мистерии, овој филм ќе им се допадне.

П.С. Ова е само првата рунда на филмскиот клуб и секако не може да очекувате се да иде smooth и без проблеми. Не дека сакам да ја сфаќате работава толку сериозно, но сепак размислете. Доколку имате време секоја недела да го изгледате предложениот филм, бидете член. Зошто ако не идеме по тој редослед (предлог за филм - период за гледање на филм - коментирање околу филм), ќе има расправии и нема да успее првичната идеја.

П.С. 2 Би било супер доколку давате линк за download-ирање на филмот кој го предложувате, зошто можеби некој не може да го најде сам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас само првиот филм не го знаев и го симнав и си го изгледав. Другите ги знаев, некои порано сум ги гледал но пак ги гледав, што значи јас не бирав кој филм ќе го гледам а кој не. Не се лутам ама не е фер јас сите предлози да ви ги гледам, а вие мојот филм да не го гледате само затоа што е црнобел или што е од пред пола век.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Spellbound го најдов на Youtube цел филм. Иако мислев дека нема да ми се допадне сепак дури го гледав се чувствував како да читам некоја стара добара книга. Глумењето ми се допадна особено на докторицатa. Музиката исто така :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Spellbound го најдов на Youtube цел филм. Иако мислев дека нема да ми се допадне сепак дури го гледав се чувствував како да читам некоја стара добара книга. Глумењето ми се допадна особено на докторицатa. Музиката исто така :)
Мене и друго ми се допадна кај неа. :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
@LittleButterfly кој да го гледаме следен?
Јас стасав на ред?! Мислам дека има двајца или тројца пред мене ама...
Ок ... мојот предлог е Антихрист (2009) над режисерот Ларс вон Триер...

А за филмот на @Söldner навистина немам зборови...Ме изненади пријатно...Алал да ти е на изборот...
Бев скептична на почетокот, ама останав пријатно изненадена за филм од 1945?!...Навистина добар...
Ми се допадна приказната, онаа скриена која се открива одненадеш со една непромислена реченица..ми се допадна слепата љубов на Бергмен кон човекот кој не го познава а му верува 100 процентно...ми се допадна детективскиот дух кој го имаше Бергман благодарение на нејзината психоаналитичка професија и мотивирана од преголемата љубов кон нејзиниот “пациент“ кој очајно сакаше да го излекува ...
Се’ на се’ одличен за филм од тоа време...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мене се ми се допадна, Пек во една од најдобрите улоги. Погоре има пишано за музиката, и јас мислам дека музиката е супер. За приказната и режијата не зборувам, перфекција. Тие што не го гледавте многу пропуштивте но добро, досадни се црнобелите филмови.

Јас стасав на ред?! Мислам дека има двајца или тројца пред мене ама...
Ок ... мојот предлог е Антихрист (2009) над режисерот Ларс вон Триер...

А за филмот на @Söldner навистина немам зборови...Ме изненади пријатно...Алал да ти е на изборот...
Бев скептична на почетокот, ама останав пријатно изненадена за филм од 1945?!...Навистина добар...
Ми се допадна приказната, онаа скриена која се открива одненадеш со една непромислена реченица..ми се допадна слепата љубов на Бергмен кон човекот кој не го познава а му верува 100 процентно...ми се допадна детективскиот дух кој го имаше Бергман благодарение на нејзината психоаналитичка професија и мотивирана од преголемата љубов кон нејзиниот “пациент“ кој очајно сакаше да го излекува ...
Се’ на се’ одличен за филм од тоа време...
Знам јас што да одберам. :)
Доволно е само да се види кој глуми и толку, се симнува филмот. А и од искуство со такви филмови, знаев дека ќе е супер филм за тие што го гледале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Интересен концепт на филмскиот клуб, морам да признаам. Нешто што не го бев видел досега на друго место, иако делува помалку мртва дискусијата - можеби причина е самата пасивност, односно "немасовност" на форумот. А можеби и премалку простор се остава за дискусија. Мој совет е да ја смените постапката: во недела некој предлага филм кој членовите на клубот ќе може да го гледаат 7 дена, до наредната недела, кога некој друг предлага филм. Во неделата кога ќе се гледа новиот филм, се коментира стариот. Така дискусијата ќе трае цело време, а нема да биде ограничена само на викенд..
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Интересен концепт на филмскиот клуб, морам да признаам. Нешто што не го бев видел досега на друго место, иако делува помалку мртва дискусијата - можеби причина е самата пасивност, односно "немасовност" на форумот. А можеби и премалку простор се остава за дискусија. Мој совет е да ја смените постапката: во недела некој предлага филм кој членовите на клубот ќе може да го гледаат 7 дена, до наредната недела, кога некој друг предлага филм. Во неделата кога ќе се гледа новиот филм, се коментира стариот. Така дискусијата ќе трае цело време, а нема да биде ограничена само на викенд..

Не дека не можеме да пробаме и така, но ние едвај дискутираме во тие 2-3 дена. :zelen Туку, стануваш дел од клубот?

Spellbound го најдов на Youtube цел филм. Иако мислев дека нема да ми се допадне сепак дури го гледав се чувствував како да читам некоја стара добара книга. Глумењето ми се допадна особено на докторицатa. Музиката исто така :)

Мене пак ми се допадна Џон. (wasntme) Висок, слаб, црн...
Уште нешто што секогаш ми е бонус кај ваквите филмови е ентериерот на просториите, облеката, фризурите... Го обожавам тој период во Америка!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Не дека не можеме да пробаме и така, но ние едвај дискутираме во тие 2-3 дена. :zelen Туку, стануваш дел од клубот?
Ако ме примате, секако! :p

А инаку, мојот предлог е баш за да се раздвижи дискусијата - да не се дискутира само 2-3 дена, туку цело време. Мислам дека така може да живне темава.

Исто - во почетното мислење додавајте ги поминатите филмови, па да се потрудиме кога предложуваме нов да бидеме што е можно поразновидни.

Оваа недела е Антихрист на Триер, така?