Филмски клуб

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јас мислев и мислев што да предложам и некако набрзина ми дојде понеделников и се решив за еден филм кој најдолго го имам во листата за гледање и се нешто го среќавам низ нетов. Не знам колку ќе ви го погодам, ама ете да пробаме. Не сум го изгледала ни јас, одамна сакам и ете ми шанса.
The Experiment (2001) или поточно Das Experiment.
Ете и еден германски, да прошараме малце, а и за среќа на некои од дечките тука, па да видиме ете и ние да се увериме што сакале да ни кажат со фамозната "гледајте деца немачки филмови" :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and MissChievous

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
@Knife
Е зошто не е симпатична Алекс?
Правиме муабет дека е онака физички убава, специфична убавина има, барем според мене...
Улогата која ја глуми нема врска со нејзината убавина...нормално дека самата улога ја прави одбивна и антипатична.
Not my type. Не е она крива, али не ме привлекува.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Филм не е лош. Иако е направен според вистинско истражување кое се има случено во '71 во Америка, приказната како приказна ми беше океј, но ништо повеќе. Не можев да се отарасам од чувството дека многу работи ми беа клише. Знам дека е направен според вистинска приказна, но ликовите пред се, ми беа тотално типизирани. Еден лик кој постојано се спротиставува од екипата затвореници, додека наспроти него има еден лик од чуварите кој не трпи бунтување. Потоа, имаме еден лик од затворениците кој е најслаб и имаме еден лик од чуварите кој сочувствува со затворениците и не му се допаѓаат постапките на чуварите. Некои реакции ми беа тотално клише, речиси како да го имам гледано филмот. Не очекував таков крај и не ми се допадна. Едноставно претераа со крајот за кој не сум најсигурна дека се има случено во реалната приказна. Како и да е, ми се допадна како е снимен, одредени кадри, бојата на сликата, веројатно леќата. Бонус работа е што е снимен поголем дел од филмот на едно место, односно "затворот". И морам да ја пофалам глумата, особено на затвореникот 77.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Лабава екранизација на настаните во еден од најпознатите психо-социјални експерименти евер, Стенфорд затворскиот експеримент во 1971.
Кинематографски/фотографски одличен ако се има во предвид дека дејството се случува во многу ограничен и монотон простор - направиле сериозно добра ствар за да се долови ситуација и атмосфера. Крајот е изменет прилично поради додворување на публиката и потребите на бокс офисот, дали е ок тоа не сум сигурен, но и покрај тоа никој не може да гарантира дека и во реалноста на Стенфорд не би се случил масакр како овој на филмот доколку експериментот продолжел.

Добар филм, секако далеку е од генијален или нешто такво но со оглед на темата и немало простор за уау фактор. Но и покрај тоа извадиле максимум, ја пренеле мачната и гадна атмосфера на гледачот успешно.
Друг немачки филм со психо-социјален експеримет е Die Welle, на кого му се допадна филмов може да го гледа и овој (исто добар филм)

Глумата стандард добра, немачка школа, главна улога Мориц Блајбтрау кој го има многу по немачки филмови уште од ран лола ран а инаку не е нешто познат надвор од немачко говорно подрачје, мислам дека играше во оној новиот филм за Асанж и во одличниот филм пред две три години за Фракцијата на црвената армија/Бадер-Мајнхоф екстремната револуционерна група која била страв и ужас во `70-те, мислам дека го играше Андреас Бадер.

Браво за @Хоуп* и нејзиниот избор на немачки филм :zelen сега може повеќе ќе ја цени немачката кинематографија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Хоуп*

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
И јас ќе речам браво за изборот Хоуп...иако мислев дека нема да ми се допадне воопшто...
Убаво е доловен психолошки...состојбата на секој поединец, кој како се носи со таков вид на стрес, измешан со страв, стравопочит кон авторитет, послушност итн.
Развојот на настаните иако беше очекуван, очекував да се случи некаде после 12-13 ден, а не толку рано...
Интересно е што се потврдува она “Дај му на човек власт, ќе го видиш каков е навистина“...Така и во случајов, му дадоа по еден пендрек и одма дојде вистинскиот нарав во прв план, секој до еден си се покажа онака дип даун...
Интересно е што оние кои ги одбраа за чувари беа психички повеќе за затвореници зашто сите до еден се пичкици у душа ама начекале момент со пендрек, па не знаат што побрзо да направат за да се покажат дека се главни...
Очајни, ситни души...
А во секој случај затворениците се психички постабилни...
Ми се допадна искрено, добар европски филм..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Стигнав и јас на ред од понеделник. Аааааа :cool:
Ќе пишам утре за филмов, сега ме мрзи, мрзлив сум. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Германскиот јазик ми е еден од трите омилени, така да филмов ми е баш онака погоден. Си седиш, си гледаш добар филм, си го слушаш омилениот јазик, уживанција. За филмот сакав да пишувам ама погоре веќе се кажале, секогаш последен останувам. :(
Одличен филм, браво за @Хоуп* , иако да признаам ме изненади со изборот, мислев друго ќе ни предложи, ама добро, си изненадува она. :)
Како и да е gute Film, Ich genoss. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Зошто бе луѓе што ви е што ве изненадив толку, што очекувавте толку лошо од мене? :D