Филмски клуб

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Позната ми беше песната ама заборавив да проверам, супер музика иначе. Ми се допадна.

Кој не го гледал филмот ќе му дадам информации во пп да ми уплати 100 евра како казна. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
@Saladin ?
Твој ред е да предложиш филм...

И јас се извинувам што не најдов време да го изгледам, се ми останува навечер време, а страв ми беше некако да го гледам сама... Ете да се искупам ќе го изгледам и ќе пишам во темата за рецензии деновиве : ))

Или, може следната недела (до петок) или времето што ќе биде за да се изгледа следниот филм да може да се коментира уште за претходниот? Таман да не седи така цела недела темава?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@Saladin ?
Твој ред е да предложиш филм...

И јас се извинувам што не најдов време да го изгледам, се ми останува навечер време, а страв ми беше некако да го гледам сама... Ете да се искупам ќе го изгледам и ќе пишам во темата за рецензии деновиве : ))

Или, може следната недела (до петок) или времето што ќе биде за да се изгледа следниот филм да може да се коментира уште за претходниот? Таман да не седи така цела недела темава?
Може може, јас се согласувам. А иначе не беше баш страшен онака мене на моменти ќе ме исплашеше некоја сцена ама добро, јас сум плашлив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Се ближи студениот период, имајте срце и стоплете се со вашата „лепша“ половина или ако сте сами ( :D) под ќебенце и изгледајте го Wicker park.
Ваљда повеќето веќе еднаш го имате изгледано, но сепак да бидеме фер за оние кои не го, пишете рецензија од петок натака. Спојлерите се клучни, затоа избегнав секаков трејлер да споделам.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Во моментов го гледам филмот и ветува ептен,па да се пријавам и јас коа ќе дојде мојот ред и јас да предложам филм :unsure
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Такоџе и ја го имам гледано во раното детство, на мали нозе. :D Се сеќавам сум го гледал, али сцена не ми текнуе од него. Може ќе го прегледам, ако ми остане троа гиги за трошење :D
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Овој е од тие филмови кои не се гледаат еднаш,се гледа и втор пат и трет пат за да ја доживееш приказната.Петок,сабота и недела повеќе коментари,ова само како муабет го кажав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Saladin

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Филмов го гледав пред некои 5-6 години и сосема сум го заборавила...Така да сега кога го гледав не ми беше некое потсетување, туку како да го гледав по прв пат...
Ми текна дека го имам гледано кога ја видов последната сцена...типката наведната на аеродром, а типот ја бара...
Многу интересна драма или трилер и со необичен пресврт...цело време во ум си викав море кучка го остави типот онака без око да и’ трепне, а така глумеше заинтересирана и заљубена...
И така ја осудував се’ додека не се појави другата “Лиса“ и некои работа почнаа да стануваат јасни...
Секогаш се разнежнувам кога гледам љубовна приказна која толку реално е доловена...особено ме трогнува машкото патење во сите тие приказни...
А за опседнатоста на Алекс (која морам да напоменам е премногу симпатична), немам зборови и никогаш нема да ги сфатам тие типови на луѓе, без разлика дали се работи за маж или жена, кои свесно расипуваат врска или брак, а притоа не добиваат апсолутно ништо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider