Филмскиот клуб не може да опстане доколку:
1. Член сте на клуб, а не го гледате секој предложен филм. Иако не сме премногу членови, секако нашите вкусови се разликуваат и не може секој предложен филм да не привлече да го гледаме и да ни се допадне. Но, поентата се губи доколку бираме кој филм ќе го гледаме. Едноставно не функционира така. Ако некој сака да биде член на клубот, мора да го изгледа секој предложен филм и да даде мислење за истиот, барем една реченица.
2. Ако не сте отворени кон нови филмови. Односно, не можете да знаете дали некој филм нема да ви се допадне доколку не го изгледате. Без разлика дали тој филм е стар или нов, црно-бел или во боја, американски или европски, итн.
3.
Зашто да гледам филм на некој што не го гледал мојот.
Иако разбирам зошто мислиш вака, ваквото мислење не е добро за клубот. Не може да однесуваме како деца и да бидеме зајадливи на овој начин. Ако ти не го гледаш мојот филм, нема ни јас да го гледам твојот? Сериозно? И што си направил со тоа? Сите прашања ми се реторички, не мора да бидат одговорени. Повторно, се губи смислата на клубот...
Доцнам со мислење на Spellbound зошто ми беше тежок за гледање. Го гледав викендов, односно го пуштав на 3 пати во рок од 2 дена. Филмот има интерсна приказна поврзана со психологијата и соништата, но по мој вкус, многу споро се одвиваат работите, можеле малку пократок да го направат. Многу ми е смешно оноа кога некој се сеќава нешто што друг му го рекол... I knew dr. Edwards. I knew dr. Edvards. Knew. Knew. KNEW!
Најмногу од се ми се допадна крајот, како Constance го отплетка замрсениот чвор. Секој кој обожава психолигија и психолишки мистерии, овој филм ќе им се допадне.
П.С. Ова е само првата рунда на филмскиот клуб и секако не може да очекувате се да иде smooth и без проблеми. Не дека сакам да ја сфаќате работава толку сериозно, но сепак размислете. Доколку имате време секоја недела да го изгледате предложениот филм, бидете член. Зошто ако не идеме по тој редослед (предлог за филм - период за гледање на филм - коментирање околу филм), ќе има расправии и нема да успее првичната идеја.
П.С. 2 Би било супер доколку давате линк за download-ирање на филмот кој го предложувате, зошто можеби некој не може да го најде сам.