Си го пуштив да се присетам од пред година дена на целата прикаска како се одвиваше.
Ова е тој тип на филмови кој се гледа еднаш во две години за да го доживееш како од прва. Актерската екипа по бројност скромна, по глума одлична. Прикаската не ја раскажувам да не растурам филм, но има многу многу за дискутирање. Психичкиот профил на Алекс (Rose Byrn) ми е многу интересен за анализирање. При самиот крај има неколку реда што ја „оправдуваат“ нејзината опсесивност кон Метју (Josh).
Од друга страна филмов има многу различни агли на многу врски. Има двајца во кои едниот е заслепен, а другиот возвраќа и има разбирање. Другата е кај што едниот е опседнат но другиот не конта ништо. Третата е каде едниот пробува нешто да направи а другиот ја искористува неговата добра воља за да се приближи кај човекот со кој е опседнат. И на крај, за погрешните одлуки кои чинат многу многу време, до моментот на нашето емоционално освестување.
Иако Лиза (Кругер) игра секундарна улога во филмот (повеќе би и` доделил директен предмет во филмот - целата енергија се вложува во неа да се најде), интересно е доловувањето на тој вид на женска психа (ugh how sexist of me) кога машкото е затрескано во неа. Повеќето од ние мажите очекуваме кога сме заљубении и споделуваме чувства, всушност очекуваме истите да ни` бидат возвратени. Шемата Метју <=> Алекс би ни` била поблиска и затоа остануваме револтирани кога ќе добиеме одговор сличен на оној на Лиса кога Метју ја замолува да се пресели кај него.
Метју од друга страна делува далеку од решителна личност дури и после толкавата болка нанесена од недоразбирањето ( и повеќе делумното сервирано од Алекс) со Лиза. И обично по машкото повредено его настапува чист разум, но тука некако ми делува дека е испуштен тој момент.
Алекс, надворешно симпатична по фаца, е централниот лик кој настапува некаде при крај на првата третина. Без неа филмот би потраел 5 минути. Значи целата шема е изготвена од неа со мал дел од околностите кои биле пружени. Од една страна ликовите како Алекс будат огромен револт кај гледачите бидејќи „благодарејќи“ на тактиве сценариото може да има црн крај. On the other hand... "Love makes you do crazy things, insane things. Things in a million years you'd never see yourself do. But there you are doing them... can't help it." Никогаш не сум ја оправдувал опсесивноста додека не сум ја почувствувал на своја кожа. Тогаш станува тешко. Многу тешко и секој кој пробал да ми зборува за тоа дека љубовта требало вака, требало онака, додека не ја прележал таа болест наречена „опсесувност“ со доза на „посесивност“, го сметам за лаик/среќлија.
Филмов прв пат го гледав пред 6 години со препорака нешто слично као првите неколку реда: Things don't have to be extraordinary, to be beautiful.
Ми го препорача цурата со која што одев тогаш.