хумор МОДЕРНИ МАКЕДОНСКИ КЛЕТВИ
ДА ДАДЕ ГОСПОД :
ИЗВРШИТЕЛ НА ВРАТА ДА ТИ ТРОПНЕ А ТИ ДОМА ДА СИ
ЕКИПА ОД ЕВН НА БАНДЕРА ДА ТИ СЕ КАЧИ И ЖИЦА ДА ТИ СЕЧЕ ЗАРАДИ ТРИ НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ
СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА ДА ТЕ ФАТИ НА БРЗО ВОЗЕЊЕ ПРИ ТОА ДА НЕ СИ ВРЗАН СО СИГУРНОСНИОТ ПОЈАС И АВТОМОБИЛОТ НЕРЕГИСТРИРАН ОД ЛАНИ
СО СЕ ВОЗИЛО НА БИТ-ПАЗАР ДА БИДЕШ КОГА ИМА ПРОТЕСТИ
ПЕТ ГОДИНИ У ДРЖАВНА ДА ВОЛОНТИРАШ И ПОСЛЕ ДА ПРИМАТ ДРУГА НА РАБОТА ПО РАМКОВЕН
ПАРТИЈАТА НА ИЗБОРИ ДА ТИ ЗАГУБИ
ТАА ДА САКА А ТИ КОНДОМИ ДА НЕМАШ
НА ШАЛТЕР У МВР ЗА СЛИКАЊЕ ДА ОКАПЕШ ЧЕКАЈЌИ
У ГРЦИЈА НА ВИКЕНДДА ПОЈДЕШ ТРЕВАТА ОД СЕЛО У ЏЕБ ДА ТИ ЈА НАЈДАТ
ДА ЗАБОРАВИШ ВО ЗАВОД ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ДА СЕ ПРИЈАВИШ ПА СИНИТЕ КАРТОНИ ДА ТИ ГИ УКИНАТ
ВО ЦРНА ГОРА НА ПЕЧАЛБА ДА ОДИШ ПЕТ МЕСЕЦИ ЦИГЛИ ДА НОСИШ И НА КРАЈ ДА НЕ ТИ ПЛАТАТ
КРЕДИТ У БАНКА ДА НЕ ТИ ДАДАТ А И АКО ТИ ДАДАТ ИСТА МАКА КЕ ТЕ СНАЈДЕ
ДА ДАДЕ ГОСПОД СВЕКРВА ТИ ДА Е ЖИВА И ЗДРАВА УШТЕ СТО ГОДИНИ БЕЗ ПРАЗНИЦИ
НА РАБОТА ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ДА ПОЈДЕШ СО МАИЦАТА СО ЛАВЧЕТО А ТАМУ НОВИОТ ДИРЕКТОР ПО РАМКОВЕН НАЗНАЧЕН
Да даде господ министер на труд и социјала на кафе да ти дојде зш куќата ноќеска ти изгорела..