Филмски клуб

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не го имам гледано Хари Потер така да не знам ништо за глумецот, барем во филмот сосема ок холивуд актерски стандарди кои стануваат подобри секоја година.
Пајтонескниот момент со роговите беше ок идеа, бидејќи само лошите луѓе ги гледаа роговите и се осеќаа слободни да му кажуваат гадни тајни освен тој гадот - наводно најдобар другар кој носеше амајлија и кој сакаше да му ја преземи девојката само што наместо тоа ја отепа.

Родителите изглегуваат предавници а братот кодош-џанак не најде за потребно да ги обавести властите за реалната прича туку го остави брата си да пати. Имаше и освета но малку прекасно сето тоа...Цајканите-pederista беа комичен додаток во филмот.

Симпатична љубавна прича, малку пре-совесна одлука на женската да раскине поради болеста нејзина но тоа е како на филм, треба све да се спакуваа во два саати. Натприродните елементи непотребни но во денешно време изгледа се битни за бокс офисот. Not bad :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Леле сцената со цајканите кога се залапаа, онака пред тоа малку уплашен и наеднаш тоа го гледам, сум се изнасмеал.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Немам некакви импресии од Horns, можеби ни глумата не е на завидно ниво.
Приказната на филмот е добро смислена но лошо обработена, да немаше фантастика во филмот ќе беше драма со елементи на трилер, можеби малку подобро од направеното.
Анимациите се просечни, се гледа дека не е вложен голем труд а исто така не располага со висок буџет...3-4 глумци и по некој статист.
Позитивна критика за костимографијата, ми се допадна стилот на облекување на глумците.
Да направеа театарска претстава со сценариото ќе добиеше многу поголем рејтинг во театрите, одколку филм во филмската продукција.
Значи кога станува збор за филм од жарн: драма + трилер, очекувам тежок вовед, голем заплет и неизвесност, напнатост, емоции до самиот крај...овој филм не располага со такви елементи.
Моја одценка 3/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Филмот има интересна приказна, што ако беше направена како трилер со малце повеќе детали би испаднал многу добар филм. На моменти смешен ми беше особено на крајот борбата, но дели интересна метафора , за роговите и крилјата, ѓаволот и љубовта, бесот, лутината, итн.
Ми се допаднаа две цитати да ги наречам или quotes:
Ig Perrish : "I'm going to love you for the rest of my life."
Merrin Williams: "Just love me for the rest of mine." ,
и
Perrish: "No one is born evil but sometimes when you go through hell, the only way out is to walk deeper into the fire."
Како фантазија може би бил мн добра книгичка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Како фантазија може би бил мн добра книгичка.

Првенствено е книга. Сега ми се причита некако...

Филмот ми беше многу подобар од колку што ми делуваше според трејлерот. Според мој вкус, степенот на фантазија на самиот крај беше малце превисок, но гледано глобално одговара на целата приказна. Ми се допадна глумата на Даниел, а да бидам искрена и на сите останати глумци, мислам дека секој си го одглуми својот лик одлично. Имаше неколку комични моменти, како сцената со новинарите кога започнаа да се тепаат и сцената со цајканите, така да, тоа е уште еден плус за филмот. Најмногу ми се допадна сцената кога брат му Тери ја зема сета дрога и земјата го "проголта". Многу ми се допаѓаат такви местенца ко во филмов, град опколен со шуми, планини и езеро. Музиката особено, а и атмосферата многу ме потсеќаше на првиот дел од Twilight. Се на се, добро филмче. Малце крими, малце драма, многу малце комедија и многу повеќе фантазија.

П.С. Ли - лошиот лик имаше многу добар стил. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip